Новите играчи ќе беа Кајт и Маскерано, среќен ќе беше со нив ? Пиши пропало инвестици, поготово ванаби звонарот од Нотер Дам, Кајт, добро е што не му беа исполнети желбите на Рафа, зашто истите ќе коштаа 40 милиони евра бидејќи Ливерпул не попуштаа со своите барања.
Башка, Интер освоија Се што можеше да се освои до 22ри Мај 2010, до почеток на сезона имаше само 3 месеци а не 5 години па играчите така наеднаш да остарат, после тие 3 месеци се случи следново, секој натпревар повреден играч ( наводно Рафа не бил крив за тоа, сеа вториов дел од сезонава стигна онаа спротивна потврда ), нарушена атмосфера у тим по 5 кола, Киево против Интер изгледаше ко Барселона и тн и тн, значи после 3 месеци од освојувањето на она ебано СЕ, Интер станаа тим кој се бореше за влез у Лига Европа ...
Убаво му рече на Рафа 1 од асистентите на Мурињо, играчите не се портокали па да се цедат, постојат соодветни подготовки кои во тие моменти не беа карактеристични за Интер, од старт на сезона па низ сезоната, а ова се однесуваше на сите оние изјави во кои Рафа се правдаше дека не е он крив за повредите, туку дека играчите биле исцедени, потрошени и слично ( чудно како Барселона, која лани стигна до полуфинале и имаше меч помалку од Интер, и чии 7 првотимци стигнаа до финале на СП го немаа овој проблем )...
За Рафа не требаше да се носат 2-3 нови играчи, требаше да се донесе цел нов втор тим, 11 играчи кои ќе бидат адекватни замени за оној прв тим, те ради повредите ( во еден дел од сезоната беа повредени 12 играчи, 80% од нив првотимци ) те ради тоа што голем дел од првотимците кои беа дел од Интер и лани едноставно не го поднесуваа Рафа ( поготово Снајдер и Милито ).
Како и да ја вртите, све тргна удоле кога Мурињо сепак се реши да го напушти тимот ( у пакет со продолжувањето на договорот на Капело со Англија ), нешто за кое и Морати и фановите до последен момент веруваа дека нема да се случи.