Ама чекај сеа, Интер во кој вид на клубови го рангираш ? Гиганти или треторазредни тимови ?
Интер важеше за тим кој упропастува играчи, реално малце гледај на работите, имаа очајна трансфер политика, очајни избори, очајни одлуки и слично. Роберто Карлос е 1 пример, Силвестре е друг, Пирло е трет, сите тројца станаа стандард првотимци во тимови кои ОСВОЈУВАА ЛШ и освојуваа Светски Првенства. Затоа, доволни ти се овие 3 примери, за 2ца од нив може слободно да се каже дека беа најдобри на своите позиции.
Кога Јунајтед згрешиле вака пацерски, или Милан, или Јувентус на времето ? Интер поради тоа патеше, го дадоа Карлос, потоа и Силвестре, се мачеа лево ? Се мачеа ...
Го дадоа Пирло, се мачеа со некреативен среден ред ? Се мачеа ...
Затоа, глупаво е да се има сега ваков став за овој моментален Интер, а и реков, Бијабијани не дека блеска, ама каде е Снајдер у муабетов ? Пандев ? Милито ? Маикон ?
Интер на времето патеа е баш поради ваквиот однос кој ти го презентираш у постовите, сега, со оваа нова политика на тимот тие грешки нема да се повторуваат, ја на Бијабијани би му дал шанса и оваа сезона а и наредната, зашто уз правилен прогрес и напредок може да биде од големо значење за овој тим, и што е најбитно, нема да прави проблем за неговиот статус во тимот, односно, комотно ке може да се ротира.