Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Реков уште минатата недела дека со одбраната на Вердер годинава, очекувам барем 2 - 3 гола на Интер. Ето потврди дека е во одлична форма сезонава, а и дека сепак ова му е најдобра позиција на теренот, а не лево како што игра кога е Милито во игра.

На Јубе мора да им лупне барем 1 гол, а проблемите во одбраната не доаѓаат во најдобро време, но сепак Киву природно е централен дефанзивец, а Сантон има покажано дека е кадарен за замена на лева бековска позиција.
 
a kako sto se desi so Lucio, ne ja gledav 2ro pol. na fudbal bev...
 
Него една работа и пак грешка на Цезар која овој пат не ги кошташе скапо а не ја начекав тука, ок, за излегувањето на почеток сите ке признаеме дека беше пацерај невиден, али налед тоа, Алмеида е нешто налик на Адри на времето кога изведуваше слободни, ебење од удар има а овој става 3ца у жив ѕид, грешка која ја направи и со Тео Јансен кога играа со Твенте ...
Па мајку му стара, свесен ли е овој дека играчиве се добри изведувачи на слободни, гарант тоа им е сугерирано пред меч, се гледаат и тие сегменти кај противниците и истите се анализираат, во случајов, изведувачи на слободни.
Мене ми падна чудно што не го спомна ова порано :)
Ако не се лажам 2 пат вака се случува, и тоа 2 пат Лусио беше со играч, дали Цезар нема веќе толкава доверба не знам, али за разлика од првиот пат ова дефинитивно беше грешка на Цезар.
За живиот ѕид не забележав.
Ова забораив горе да го додадам, удрете внимание на Оби за четвртиот гол ...
Ме послуша дебелиот и не згреши што го стави.
Заборавив да го искоментирам и јас ова, првин убаво блокираше а потоа и ја одзема топката за контра.
И има невидена дијагонала, мислам на Ето му даде една таква топка, а иста таква топка му има дадено и на Алибек кога го даде голот против Милан Примавера од 20 метри.
Подобар од Мунтари и Марига е моментално, треба повеќе шанса да му се дава додека не се врати Мота.
 
Сега може Билан да ти даваат 50 000 + Ибракадабра за Ето :pos: Оваа сезона мислам дека ќе стигнеме најмалце до осминфинале а највеќе до финале и секако :pehar:
 
Ау, која игра вчера еј...

Браво за момците, во шампионски стил, со родениот шампион Ето ofc. Одлична игра на тимот, посебно Бијабијани ми беше доста добар, се надевам дека ќе биде се подобар и подобар затоа што ќе има големо значење како резерва во овој тим. Кутињо очигледно сеуште има трема иако имаше вчера некои добри движења и дриблинзи, сепак загуби многу топки, али мене ми е битно што се трудеше и ги бркаше играчиве на Вердер. Се на се презадоволен сум од играта вчера, уште повеќе од резултатот и освоените три бода.

п.с. Пак плеснавме немачки тим x)))
 
Искрено се израдував коа пред утакмица у тунел ги видов Бијабијани и Кутињо, според мене дечките изиграа одлично, паметен потег на Рафа беше што на гломазнава одбрана на чело со Мертесакер удри со брзината на дечкиве. Едино имам мала примедба на моментот кога Кутињо, а посебно Бијабијани ќе загубат некоја топка на половина поради тоа што не се заградиле баш најјако. Ми се свиѓа Бразилчево што е пргаво, а му земат топка у дриблинг или така нешто одма пробува да повлече, удри, врати, направи тактички фаул ... не дава да се развие акцијата на противникот. Има одличен преглед на игра, не држи топка безпотребно, додека Бијабијани е пекол брз, се сеќавам лани по таа десна страна како го прелетуваше Киву или Занети не знам кој точно. Во секој случај паметен потег на Рафа за овие двајца.
За Оби немам некакво посебно мислење ради тоа што одигра малку, но акцијата за четвртиот гол на Интер (3ти на Ето) почна баш од него.
За Кордоба имам само пофалби, лани кга влагаше како замена правеше глупости али поседниве две утакмици што ги игра од старт му се стварно врв, одличен е, супер игра со Лусио - пошто обично кикснува кога му оставаат повисок играч у воздушен дуел.
Стадиончево изгледаше тажно, одамна викам дека тие планови за нов стадион мора да се реализираат побрзо, а ги има задњи 10години сигурно. Ни фали едно наше стадионче од 60тина илјади, што ќе биде крцато стално. Не сум знаел за овој проблем со картиве, а секогаш се прашував зошто е посетеноста во Лига на Шампиони толку послаба од онаа која ја има Милан.
 
И ми текна вчера на крај, штета што во студио не беше идиотот Илчо од Македонија Ѓорче, што збореше после натпреварот со Твенте дека Интер сезонава нема да биде во топ 3 во Серија А, па да видиме што ќе искоментираше.
 
Точно, кое теле еј!!! Не ми се верува дека овој е фудбалски тренер, има размисувања ко дете од 13 години! Дечково изглеа е фан на Милан апла! Мислам нека си биде он фан на кој сака ама кога ќе излезе на ТВ нека не биде пристрасен и да тресе глупости! Исто ко ја пример да искочам на ТВ и да кажам Ман ју ќе испаднат од Премиер Лига годинава (со тоа се граничи ова немало да фатат ни 3 место)!!! Јес да Интер е со истите играчи од ланската сезона горе доле и концепцијата им е до негде позната али сварно е кретенски да речеш не ма да фатат ни 3 место!!!
ПС: Очекувам да бидат 1 во Италија без конкуренција!!!
Поздрав
 
Мерак ми се прави кога ги гледам Кутињо,Биабиани,Оби,Сантон и т.н....така треба,нека пушта малце и млади деца,па и да изгубиме,преку попреку.:)
 
Одлично што ги остави Биабиани и Кутињо 90 минути на терен, Сантон му беше повеќе принудна измена, а и Деки требаше порано да го повлече за да игра Оби. Во секој случај нема никакви замерки и мене ми се праи кејф што младиве играат у ЛШ. Ајде сеа и на црно-беливе да им напикаме 3 комада у прво, па да пуштиме децата пак да се истрчаат.
 
Ме послуша дебелиот и не згреши што го стави.
Заборавив да го искоментирам и јас ова, првин убаво блокираше а потоа и ја одзема топката за контра.
И има невидена дијагонала, мислам на Ето му даде една таква топка, а иста таква топка му има дадено и на Алибек кога го даде голот против Милан Примавера од 20 метри.
Подобар од Мунтари и Марига е моментално, треба повеќе шанса да му се дава додека не се врати Мота.

Ај сега и ти. :) Не претерувај.

Само десет минути изиграл, ова му се први минути за Интер и подобар од Марига и Мунтари. Како така за десет минути оцени дека е подобар и од двајцата? :) Можеби Алибек ако го стави и изигра добро пет минути ќе биде подобар од Милито? :)

--- надополнето ---

Морати: ова е само почеток

--- надополнето ---

Добри вести: Цезар и Лусио се во ред!
 
Ај сега и ти. :) Не претерувај.

Само десет минути изиграл, ова му се први минути за Интер и подобар од Марига и Мунтари. Како така за десет минути оцени дека е подобар и од двајцата? :) Можеби Алибек ако го стави и изигра добро пет минути ќе биде подобар од Милито? :)
Не претерувам, Мунтари не би сакал да го коментирам зашто е очаен на секоја позиција, не може да изигра некој полошо од него. Да додадам дека Мунтар и зборот напредок се скарани па не гледам логика зашто он да игра освен ако Бенитез не сака да го продаде во Јануари.
Марига е можеби подобар во дефанзива, али за пасови и повлекување на топка е =0.

Не дека се суди по 5 одиграни минути, али дечкото стварно има потенцијал, и лани на подготвителните натпревари беше добар.

п.с. Ситуацијата со Милито е различна, он за разлика од Мунтари беше одличен минатата сезона.
 
Момци како што ги пратев играчите за со Јуве би сакал да искочиме вака:

---------------------Цезар-------------------------
-----------------------------------------------------
----Маикон----Лусио---Кордоба----Киву----
--------------------------------------------------
-------Станкович------Камбијасо---------
-----------------------------------------------
----------------Снајдер--------------------
------------------------------------------------
------Бијамбијани-------Пандев---------
-------------------------------------------------
---------------------Ето-----------------------

Значо Пандев на местото на Коутињо,сеуште е млад треба уште муви да лапа.Ето на местото на Милито,а Бијамбијани останува на десната позиција сите видовме каква зверка е вчера :toe:
 
Во никој случај нема да биди Биабијани на местото на Милито, евентуално ако не се опорави од повредата Милито може ќе заигра Биабијани...ама мислам дека нема да биди во стартниот состав, барем не на овој дуел со Јуве.
Сепак Вердер т.е тој тим на Вердер не е мерило за играта на Биабијани...мизерна одбрана имаа, кој фудбалер да беше таква игра ќе прикажеше.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom