Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Од каде ова па сега? Нели во среда ќе се одржи состанокот?
Ништо ништо, ке треба некој '' анонимус '' да додава декор на Скудета на свое конто и да си билда CV со Интер. :tv:http://www.goal.com/en/news/9/engla...-england-fa-confirms-fabio-capello-has-signed
Ништо од Капело братучедки...
За ББС, Претседателот на Англиската Фудбалска Федерација изјавил дека Капело останува Селектор на Англија независно од исходот на СП во Јужна Африка.Морати не трба да брза. Англија ќе испадне како и обично, со првата од овие репрезентации со која ќе падне: Бразил, Аргентина, Португалија, Шпанија, Холандија. Тоа е фикс! Покрај нив, тука е Италија која може да им одигра на нерешено и да ги плесне во продолжение, Германија која е секогаш незгодна на светскиве и некој организиран аутсајдер како Египет. Шансите да оди Англија далеку во нокаут фаза, освен со некоја луда ждрепка, според мене се многу мали. После тоа и ФА (не овој нашиов) ќе размислува поинаку.
За ББС, Претседателот на Англиската Фудбалска Федерација изјавил дека Капело останува Селектор на Англија независно од исходот на СП во Јужна Африка.
Па сигурно нема да излезе со услов, ако е ваков и ваков пласманот, он останува, ако не, си оди ...
Воопшто, ретки се таквите испади во јавноста, иначе, недајбоже за нив не излезат од група, сигурно ке остане, јеа рајт, ко што и Донадони остана по ЕП иако слични беа најавите.
Во ред, точно е дека нема да биде добро за Капело,Федерацијата и воопшто за цела Англија ако репрезентацијата им испадне уште во групи нормално дека ќе се фрли сомнеж врз работата на Капело,но реално е дека и да го отпуштат Капело на листата слободни тренери нема тренер кој е барем до половина од она што е Капело и двапати ќе размислат дали ќе му дадат отказ.Добро Кико, изјави се тие, знаеш како е. Во Англија после секој неуспех медиумите здружно се нафрлаат на некого, па да ги видиме како ќе размислуваат во ФА под притисок, и тоа жесток. Некогаш наоѓаат некој судија и го фрлаат пикот на него иако човекот ништо посебно не им згрешил, како со Португалија, ама ако изгубат чиста, тоагаш ќе е друга приказна.