Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Капело го продолжил договорот со ФА до 2012, во новиот договор ја исклучиле клаузулата која му дозволува да си замине.
Капело не доаѓа во Интер.
 
Од каде ова па сега? Нели во среда ќе се одржи состанокот?
 
Капело денеска потпишал нов договор со Англија :toe:
 
И Мурињо го продолжи договорот за плус една година па си замина, има милион исти вакви случаеви, можно е Ф.А. (не аеродромецот) ова да го прави поради шпекулациите, па затоа е и онаа клаузула, за да ќарат и тие нешто од раскинот на договорот. Да немаше заинтересирани екипи, друга ќе беше приказната.
 
Од каде ова па сега? Нели во среда ќе се одржи состанокот?

Денес е среда :)
Интересот на Интер само му помгна на Фабио да си обезбеди поцврст договор со FA.
Значи ништо од Target nr.1
 
Чекав да ви каже Капело дека не доаѓа па да пишам:wink:,знаев дека овој тренер нема да дојде кај нас!!!Абе и Мирсад Јонуз ако сака нека дојде ние пак ке освоиме,само нека се остварат моите трансфери(Хамшик,Мавуба,Афелај) Нас ни треба само средина за да бидеме комплетни,бидјки во одбрана и напад имаме супер играчи:toe:
 
Морати не трба да брза. Англија ќе испадне како и обично, со првата од овие репрезентации со која ќе падне: Бразил, Аргентина, Португалија, Шпанија, Холандија. Тоа е фикс! Покрај нив, тука е Италија која може да им одигра на нерешено и да ги плесне во продолжение, Германија која е секогаш незгодна на светскиве и некој организиран аутсајдер како Египет. Шансите да оди Англија далеку во нокаут фаза, освен со некоја луда ждрепка, според мене се многу мали. После тоа и ФА (не овој нашиов) ќе размислува поинаку.
 
Муабетот е, зашто Интер чека да заврши СП. :)
Како и да е, демантот беше очигледен уште пред неколку дена кога Капело ги отфрли шпекулациите и потврди дека истото може да влијае дестркутивно за тимот. До крајот на СП факт е дека немаше шанса да се официјализира неговото доаѓање, по истото, да.
Ако Интер и понатака не брза, односно, ако чекаат сеуште крај на СП, ондак на ваков или онаков начин они ке направат обид да го ангажираат со плаќање на оштета до англиската федерација, иначе, друго објаснување за тоа ( чекање крај на СП ) нема.

Факт е дека и крава да дојде да го води овој тим, наредна сезона освојува титула, но потребен е човек кој ке ја продолжи таа традиција и во иднина, односно кога ке изветрее оваа ера на Мурињо.
 
Морати не трба да брза. Англија ќе испадне како и обично, со првата од овие репрезентации со која ќе падне: Бразил, Аргентина, Португалија, Шпанија, Холандија. Тоа е фикс! Покрај нив, тука е Италија која може да им одигра на нерешено и да ги плесне во продолжение, Германија која е секогаш незгодна на светскиве и некој организиран аутсајдер како Египет. Шансите да оди Англија далеку во нокаут фаза, освен со некоја луда ждрепка, според мене се многу мали. После тоа и ФА (не овој нашиов) ќе размислува поинаку.
За ББС, Претседателот на Англиската Фудбалска Федерација изјавил дека Капело останува Селектор на Англија независно од исходот на СП во Јужна Африка.
 
Па сигурно нема да излезе со услов, ако е ваков и ваков пласманот, он останува, ако не, си оди ...
Воопшто, ретки се таквите испади во јавноста, иначе, недајбоже за нив не излезат од група, сигурно ке остане, јеа рајт, ко што и Донадони остана по ЕП иако слични беа најавите.
 
За ББС, Претседателот на Англиската Фудбалска Федерација изјавил дека Капело останува Селектор на Англија независно од исходот на СП во Јужна Африка.

Добро Кико, изјави се тие, знаеш како е. Во Англија после секој неуспех медиумите здружно се нафрлаат на некого, па да ги видиме како ќе размислуваат во ФА под притисок, и тоа жесток. Некогаш наоѓаат некој судија и го фрлаат пикот на него иако човекот ништо посебно не им згрешил, како со Португалија, ама ако изгубат чиста, тоагаш ќе е друга приказна.

Енивеј:
Милито огорчен, но се ќе биде во ред
 
Па сигурно нема да излезе со услов, ако е ваков и ваков пласманот, он останува, ако не, си оди ...
Воопшто, ретки се таквите испади во јавноста, иначе, недајбоже за нив не излезат од група, сигурно ке остане, јеа рајт, ко што и Донадони остана по ЕП иако слични беа најавите.

Добро Кико, изјави се тие, знаеш како е. Во Англија после секој неуспех медиумите здружно се нафрлаат на некого, па да ги видиме како ќе размислуваат во ФА под притисок, и тоа жесток. Некогаш наоѓаат некој судија и го фрлаат пикот на него иако човекот ништо посебно не им згрешил, како со Португалија, ама ако изгубат чиста, тоагаш ќе е друга приказна.
Во ред, точно е дека нема да биде добро за Капело,Федерацијата и воопшто за цела Англија ако репрезентацијата им испадне уште во групи нормално дека ќе се фрли сомнеж врз работата на Капело,но реално е дека и да го отпуштат Капело на листата слободни тренери нема тренер кој е барем до половина од она што е Капело и двапати ќе размислат дали ќе му дадат отказ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom