Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Која јака одбрана ја гледаш бе ?
Јас реков да ми набројат утакмица во минатото за одбрана против која изиграл, одбрана која е на ниво.. Не Силвестре и незнам кој таму..
Ете почни ти оти гледам нешто те мачи..
Ги имаш Манчестер, Ливерпул, Челзи, Интер..
Јас да сум ќутел..
Барем за факти зборувам.. А не ти ко прле пред магаре рипаш на Силвестре човече..:tapp:
Па ова денес од Меси го видов со Штутгарт..

И бидејќи гледам многу си плиток или нешто изиграваш овде..
Реков не изиграл никогаш против силна и цврста одбрана, не го изиграл ова од денес..
Али тоа не значи дека никогаш нема да изигра..
Да ти ја доловам поентата..
Уште имаш да збориш нешто против Меси?? Играч што на 1/4 финален натпревар дава 4 гола? И ти најде да плукаш на него и да збориш како Арсенал имале тиква одбрана и сл. Па нашиве 3ца напаѓачи немаат 4 гола се на се до сега...
Па ок, имаат, никој не вика дека Силвестре е добар (напротив), ама па да земеш да збориш контра најдобар фудбалер веќе 2ра година по ред, стварно треба да си глуп ко точак
 
@Ibracadabra

2007 година хет-трик против Реал.

Лани, 1 гол на Ноу Камп против Реал и 2 гола на Бернабе нормално исто против Реал.

Хет-трик против екипи како Валенсија, Атлетико Мадрид...

Голови во 1/8 финале од ЛШ, последен ( Лион ), голови во 1/4 финале (Баерн М.), гол во финале ( Манчестер ).

По два гола на екипи како Севиља, Штудгарт и уште многу многу други слични екипи.

Вечерва виде 4 гола против Арсенал...

Против Интер има одиграно само еден меч.
Тоа што не постигнал гол против Интер или против Ливерпул пред 3 години не го прави тоа што ти сакаш да го докажеш тука.

Моментално Меси може да игра против секоја одбрана на планетава, да одигра одлично и да постигне гол, сакал ти тоа го признаеш или не.

Впрочем ќе видиш во 1/2 за што ти праам муабет, само да е здрав и жив.
Но и кога нема да постигне гол, ќе намести за некој друг, ќе отвори еден огромен простор за другите играчи. Типот има 10 асистенции до сега и 35 гола во новата сезона.
Едноставно е сестран играч, класа над другите во моментов.

И еден Кристијано Роналдо кој има одиграно 5 утакмици против Барса нема постигнато гол, али тоа не го прави да не е еден од најдобрите на планетава.

Ако Меси не е играч за големи утакмици ондак незнам кој е ???
 
Меси не праи финта за да ги помине:toe:,он ти иде или лево или десно затоа може да се сопре а за разлика од К.Роналдо ке те напраи мајмун со неговите финти :toe:Се гледа дека Меси ја користи брзината максимално и ги поминува многу лесно,Сантон ке беше идеално решение али нема да игра:toe:,па според мене би го чувал Занети кој барем е искусен и најважно е дека и двајцата се Аргентинци:toe:
 
aj една молба тупете го штрумфот на друго место не тука.

Златна вечер, после 6 години пауза пак сме во полуфиналето, газиме на три фронта, не дупат со суспензии, не мачат повреди, наместо да се порадуваат малце, они тука мора да дојдат и да шират смрдлива реа на песимизам.
 
Еј да, сериозно, не го тупете веќе за Меси, нема смисла ...
 
Тој човек утре оди на операција и не игра до крај на сезонава...

Таму ќе мора Киву или Кордоба зошто ако игра Занети лев бек, Меси ќе го минува како брз воз...

А шо мислеш...... зашо му ја отвараа главата на Киву.......!!!!

Му вградија специјален чип за Месси!poser

Уште сега велам :

Пандев ке ја реши Барса.....
Месии во џебот на Киву....
Ибра под мишка на Лусио....

ИНТЕР ВО ФИНАЛЕ!:smir:
 
Меси не праи финта за да ги помине:toe:,он ти иде или лево или десно затоа може да се сопре а за разлика од К.Роналдо ке те напраи мајмун со неговите финти :toe:Се гледа дека Меси ја користи брзината максимално и ги поминува многу лесно,Сантон ке беше идеално решение али нема да игра:toe:,па според мене би го чувал Занети кој барем е искусен и најважно е дека и двајцата се Аргентинци:toe:

Што е важното тука што се Аргентинци ако може да образложиш малце ???
 
Ах море
Уште имаш да збориш нешто против Меси?? Играч што на 1/4 финален натпревар дава 4 гола? И ти најде да плукаш на него и да збориш како Арсенал имале тиква одбрана и сл. Па нашиве 3ца напаѓачи немаат 4 гола се на се до сега...
Па ок, имаат, никој не вика дека Силвестре е добар (напротив), ама па да земеш да збориш контра најдобар фудбалер веќе 2ра година по ред, стварно треба да си глуп ко точак

Да не чекаше 15 поста за твојот во кој ништо не кажа да биде прв на странава да се избламираш пред поголем борј на луѓе?
Слушај сеа
1. Никаде не реков дека Меси нема врска!
2. Никаде не реков дека Меси, феноменот, не знае да игра фудбал.
3. Му велев на Син, дека не изиграл против ниедна јака одбрана во минатото!
Тоа не значи дека утре нема да изигра против Интер..
Не значи дека не е најдобар..
Не значи дека нема Барселона да биде шампион во ЛШ..
Против кој цел свет контрирам бе глупак?
Најди му реков на Син една утакмица во МИНАТОТО.. Ебате незнаеш да читаш.. Па уште реплицираш..
Или мислиш дека ако еднаш појде со групава да гледаш фудбал заедно ќе те поддржат против мене?
Му реков на Син, а тој не можеше да најде во минатото утакмица..
Ајде сега ти сезнајко најди една.. И со факт натерај ме да не ти реплицирам..
Или мислиш дека ако го сакам Златан треба како тебе да мислам?
Па знаеш ли ти што е минато време?

Немој само Валенсија и Атлетико како некој погоре да ми ги спомнуваш..
 
Меси не праи финта за да ги помине:toe:,он ти иде или лево или десно затоа може да се сопре а за разлика од К.Роналдо ке те напраи мајмун со неговите финти :toe:Се гледа дека Меси ја користи брзината максимално и ги поминува многу лесно,Сантон ке беше идеално решение али нема да игра:toe:,па според мене би го чувал Занети кој барем е искусен и најважно е дека и двајцата се Аргентинци:toe:


Да, да... многу е важно ова... :pos2::pos2:

Виде ли денес што измена направи у 10та минута Русинов... Стаи црнец кој игра на десна позиција т.е. таму кај што брани Занети... Се е јасно...

Занети е најслаба карика у одбраната (кога игра таму), тоа е факт...
Докажано сезонава на повеќе пати. Не може да чува брзи играчи, години се у прашање...

Да се опраи Киву, ја него би сакал да го видам на таа лева позиција... Јес да со Болоња го летаа по малце што глеав на хајлајтс...
Не може да се оди на варијанта да се запре еден играч т.е. Меси, Барса е многу повеќе од тоа.

Финале пред финале ќе гледаме..

Кога се игра првата утакмица, знам у Милано е, ама дата? Можно е да се оди натака ако извадат некоја понуда агенцииве...
 
Па Занети го знае многу добро Меси со него играше на квалификациите затоа е важно:toe:,ке видите дека ке го чува добро
 
Тој човек утре оди на операција и не игра до крај на сезонава...

Таму ќе мора Киву или Кордоба зошто ако игра Занети лев бек, Меси ќе го минува како брз воз...

Голем фан сум на Меси ама можеби поголем на Занети и не би се согласил со тебе. Занети е искусен играч кој сеуште нема изгубено брзина и верувам дека ако постои некој во Интер шо може да го чува тоа е токму Занети. Треба да сте среќни шо имате таков играч, во некои сегменти од играта многу сличен на нашиот Xavi...не губи топка скоро никогаш...

Верувам дека ќе има фер и достоинствено навивање од двете страни, многу веројатно со по некоја провокација на форумиве, како и да е честитки уше еднаш и нека победи подобриот т.е :pos2: да не почнам
 
Ибракадабра, измената беше принудна, Березутски беше изваден поради повреда, бар така мислам :)
 
Голем фан сум на Меси ама можеби поголем на Занети и не би се согласил со тебе. Занети е искусен играч кој сеуште нема изгубено брзина и верувам дека ако постои некој во Интер шо може да го чува тоа е токму Занети. Треба да сте среќни шо имате таков играч, во некои сегменти од играта многу сличен на нашиот Xavi...не губи топка скоро никогаш...

Верувам дека ќе има фер и достоинствено навивање од двете страни, многу веројатно со по некоја провокација на форумиве, како и да е честитки уше еднаш и нека победи подобриот т.е :pos2: да не почнам

Не си го гледал минативе натпревари кога играше лев бек... Страв да те фати секогаш кога си има работа со некој помлад и побрз... години се веќе... Мора да игра во средина нема теорија да игра назад...
 
Не се плашете од Меси бе туку од Ињеста и Чави:toe:,тој Чави незнае да згреши пас неможе Меси цела одбрана да ја помине:toe:
 
За Меси, само Киву како лев бек, до него веднаш Лусио, а пред нив како лево крило Занети, друго подобро чаре нема :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom