Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Досега кога ги читав твоите постови многу ги ценев, но вечерва ти како да не си го гледал натпреварот, највероватно твоите коментари се само од гледање статистика, сигурно натпреварот не си го гледал как што треба. Да го критикуваш вечерва Снајдер...нетеразбирам, само можам да ти кажам ти си гледал Канал 5.
Па за критика е Снајдер. Пандев далеку подобро изигра денес . Не беше тој Снајдер кој го знаеме ние . Кажи ми што конкретно стори Снајдер за да не го критикуваме ?
 
Од тоа што го видов поради комбинираниот Гоќе изигра супер само уште фалеше гол да постигне.Добар резултат кој мислам дека значи пласман понатаму.
Иначе задоволни сте од комбинираниот?
 
Досега кога ги читав твоите постови многу ги ценев, но вечерва ти како да не си го гледал натпреварот, највероватно твоите коментари се само од гледање статистика, сигурно натпреварот не си го гледал как што треба. Да го критикуваш вечерва Снајдер...нетеразбирам, само можам да ти кажам ти си гледал Канал 5.
Думан, стварно не знам дали го имаш гледано натпреварот. Статистика не-статистика... Син е во право. Снајдер ја имаше најлошата партија во Интер. Немаше ниту едно добро додавање, сите топки ги изгуби, и немаше ништо за што би заслужил добра оцена....
 
Доста цврсто играше ЦСКА, па дури мислам дека и оваа минимална победа може лесно да се анулира. Посакувам успех.
 
Абе видете зашто избегавам да ги критикувам Пандев,Снајдер,Милито,Ето,,,дека еве на пример вечерва Милито го немаше нигде ,на моменти ко килав беше на терен али еден потег и гол...снајдер не беше мегу подобрите поединци вечерва но беше доста опасен и според мене има добра оценка...епа неможе секој ден да игра ко вампир човекот.
 
Думан, стварно не знам дали го имаш гледано натпреварот. Статистика не-статистика... Син е во право. Снајдер ја имаше најлошата партија во Интер. Немаше ниту едно добро додавање, сите топки ги изгуби, и немаше ништо за што би заслужил добра оцена....


У право сте со Syn...

Сепак, една асистенција ќе биде забележана...
 
Досега кога ги читав твоите постови многу ги ценев, но вечерва ти како да не си го гледал натпреварот, највероватно твоите коментари се само од гледање статистика, сигурно натпреварот не си го гледал как што треба. Да го критикуваш вечерва Снајдер...нетеразбирам, само можам да ти кажам ти си гледал Канал 5.
Ајде бе Думан, просветли ме ... утнува 2 зицера од кои 1 е убер шанса на меч со кој Интер у моментов ке беа во полуфинале, во прво се утепа од грешење при основни пасови, тоа за тебе е добар натпревар од креатор на игра и играч кој обично не греши во пас играта и има супер прецизен шут ( технички добро поткован ) ?
 
Добро де, олабавете малку, па не е ни лесно да протуриш пас кога играат во две линии од по 4 играчи на растојание од 5 метри... а после 1-0 играат исто! Денес Санјдер немаше комплетна контрола ама пак затоа сите правеа шанси, штета само што реализацијата не беше на ниво.

Тежок натпревар беше, исцрпувачки, иако можеби на хартија не изгледа така...
 
Според мене Пандев беше меѓу најдобрите на теренот,он ги имаше најдобрите шанси на мечот и требаше да постигне гол ама немаше среќа:toe:,во една го помина и голманот али од гол линија спасија русите :toe:
 
Станкович беше најдобар денес трчаше насекаде беше.Пандев добар беше само треба да е малку побрз кога е пред голот.
А Балотели бил на бацирака пред натпреварот можно е да го повикат со Болоња.
 
Балотели не е за овој 4-2-3-1 систем, ако игра крило тимот губи на динамичност, Балотели е само за напаѓач односно во моментов алтернатива на Милито.
Мислам дека премногу е очигледна разликата кога Ето и Пандев играат бочно, и кога Ето и Балотели или Балотели и Пандев тераат таму.

Викендов ако во случај Балотели игра, нека игра на место на Милито, на место на Пандев да стартува еден од Арна/Кварезма и тоа да е нападот, а и Снајди може да одмори.
Ето комотно нека го тера, ко мал и онака 2 до 3 пати неделно ловел зебри и лавови, навикнат е на вакво темпо со мечеви.
 
Факт е дека денес Снајдер не блескаше, ама не може да очекуваме од фудбалерите на ниту еден меч во сезоната да немаат лош ден, не е нормално. Цезар ја забрља со Рома, Ето до пред натпреварот со Челзи не беше баш во форма подолго време, Пандев после првите 4-5 натпревари како да стагнираше, дури денес беше подобар.

Најубаво би било сите да се безгрешни, да играат супер, но тоа едноставно не е возможно. Обично критикувам некој фудбалер ако прави повеќе грешки во натпревари во низа или долго време стагнира. Тогаш си ги заслужуваат критиките.

Да се надеваме дека ова издание на Снајдер нема да го видиме и викендов...
 
Поздрав од Велес, ние си се собравме дваестина луѓе, нема да коментирам што видовме на Канал 5. Резултатот е добар ако се земе во предвид заморот кај играчите и бункерот на ЦСКА, а лош ако се земе во предвид дека игравме дома и дека не искористивме неколку стопроцентни шанси.

Како и да е, се виде дека гореа за многу повеќе, а тоа што не го направија денес сигурно ќе го надокнадат следната недела.
Forza Inter!
 
Балотели не е за овој 4-2-3-1 систем, ако игра крило тимот губи на динамичност, Балотели е само за напаѓач односно во моментов алтернатива на Милито.
Мислам дека премногу е очигледна разликата кога Ето и Пандев играат бочно, и кога Ето и Балотели или Балотели и Пандев тераат таму.

Викендов ако во случај Балотели игра, нека игра на место на Милито, на место на Пандев да стартува еден од Арна/Кварезма и тоа да е нападот, а и Снајди може да одмори.
Ето комотно нека го тера, ко мал и онака 2 до 3 пати неделно ловел зебри и лавови, навикнат е на вакво темпо со мечеви.

Syn, Ето е казнет оваа утакмица ми се чини:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom