Балотели не е за овој 4-2-3-1 систем, ако игра крило тимот губи на динамичност, Балотели е само за напаѓач односно во моментов алтернатива на Милито.
Мислам дека премногу е очигледна разликата кога Ето и Пандев играат бочно, и кога Ето и Балотели или Балотели и Пандев тераат таму.
Викендов ако во случај Балотели игра, нека игра на место на Милито, на место на Пандев да стартува еден од Арна/Кварезма и тоа да е нападот, а и Снајди може да одмори.
Ето комотно нека го тера, ко мал и онака 2 до 3 пати неделно ловел зебри и лавови, навикнат е на вакво темпо со мечеви.