Ексклузивно....... гледајте го Интер секоја сабота/недела на Телма во шоуто
Survivor!!!!!
Вака ја доживувам оваа сезона на Интер во Сериа А.
Судијата нема потреба да се коментира, доволно е кажано со самото тоа шо ке кажам...
СРАМОТА
Него да си пишам ја нешто за нашите пулени од синока, нешто за пофалба нешто за критика.
Цезар.....можевме и без него овој натпревар!
Маикон... по подолго време одличен во одбраната, но сепак е незибежна критиката за во напад и неговите препознатливи центаршутеви!
Самуел....... добро го почна натпреварот, но подлегна за многу кратко време на првокациите на Поци (мислам дека така беше), и заврши како заврши обидувајки се да спречи гол шанса.
Кордоба.... Катастрофално вечер за него, освен кратоните кои ги доби ништо друго не направи, изглеа годинките чукаат на неговата порта.
Лусио.....уште една илустрација за играч во одбрана, едноставно човекот му нема рамен таму, според мене ја би му дал и капитенска лента.
Занети.... Пример за помладите генерации за тоа како се игра фудбал за својот клуб. И во неговите 36 години игра како играч шо би имал 26. ОДЛИЧЕН
Мунтари......Изгледа Мурињо го пушта само за заплашување на противничките играчи, но добро е шо брзо го напушти теренот инаку ке се доближевме многу до претпоставената бројка 6 со која се верува дека може да изгубиме.
Станковиќ....На почетокот мислев дека сеуште не е подготвен за игра, но како одминуваше натпреварот се подобар и подобар, но сепак според мене после синокашниот натпревар сигурно ке се пожали на повреда, затоа што е невозможно играч после повреда толку да трча!
Камбијасо..Според мене играч на натрпеварот. Едноставно феноменален без грешка цел натрпевар. Одигра одлично во одбраната.
Снајдер.....добро го започна натпреварот се до црвените, потоа мораше да игра во дефанзива и повеке да брани одошто напага. Добро се држеше.
Милито...максимално си ја заврши работата за она шо беше поставен. Сепак и тој како и Снајдер после црвените мораше да мисли и на дефанзивата.
Ето.....се послабо и послабо. Не искористи две шанси од кои обично постигнуваше гол без проблем, но сега се гледа дека нешто не е во ред со него. Синока беше мегу послабите на теренот, но сепак желбата на Мурињо го остави на теренот за да ги види дали ке проработи.
Мота... ја не го ни видов, а не па да го коментирам.
Пандев....Мислам дека Мурињо згреши шо не го пушти многу порано во игра, затоа што и те како ке завршеше работа со неговите продори и преимањето на топка со 2 играчи на грб. Кога влезе во првиот напад се осети кој фалеше во тимот. Сепак исто како и Снајдер и сите играчи после него, немаа можност да мислат на нападот со оглед на ситуацијата во која бевме.