Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Момци дајте ни го Балотели оти ко шо тргнала работава (кавгата) со некои фанови ширум Италија, ќе му напраат некоја беља :)
 
Што имам да напишам за Интер до 88 минута:

- Почнува утакмицава и коментаторов вика играат првопласираниот на табелата со последнопласираниот. Освен првите 10 тина минути и притисокот на Интер, да го гледаше натпреварот некој што не знае дека играа прв и последен и да го слушнеше коментаторот ќе паднеше на газ. Игра никаква. Доминација на средина никаква. Точни подавања меѓу играчите кои прв пат играат заедно (Пандев, Милито и Кваресма) никакви.
Ај малку за поединците..
Ќе почнам од оној кој никогаш не сум го сакал..
Најдобриот голман на светот! Жулио или ако сакате Хулио Цезар. Боже мој.. Не можам да го гледам. Една сезона во својот 4 годишен статус како прв голман на Интер ја одбрани на ниво.. Се останато канта! Човекот има една маана.. Удари од далечина.. Удари од невозможни ситуации.. Тој тие не успева да ги одбрани.. Вчера исто како да не беше на голот.. Едино го бива за пенали и за некои рефлексни ситуации.. Да се мочам јас на тој голман кој станал првотимец на силен клуб дури на 27, 28 години... Повеќе ги сакам оние кои од мали бранат добро.. Чех, Реина, Акинфеев, Боруч.. И да, да не заборавам.. Толдо сеуште за мене е подобар од овај..
Друг кој исто така не го сакам е Мота. Не можам сеуште да ја видам неговата улога во средината. Нити знае да се брани, нити знае да напаѓа.. Катастрофа..
Пандев.. Како почна на почетокот со пробивите по десна страна и оној удар кој го имаше си реков овој секако дава гол.. Ќе распали сега.. После примениот гол за 0-1, Пандев испраши во небото.. Нити П од него.. Балотели можеби провоцира, можеби го мрзи да трча.. Али кога ќе реши да игра тој игра.. А овој треба да седи на клупа додека не се запознае на тренинг со играчите и нивните подавања.. Односно да знае кој какви топки сака, кој каде ја сака, кој кога ја сака топката..
И на крај забелешка за Милито.. Овој играч почнува да ми игра топло ладно.. Еден натпревар е тиња, друг натпревар ќе даде некој клучен гол.. Не ми се допаѓа тоа.. И мислам дека доста му фали напред уште еден играч кој може да задржи на себе двајца фудбалери.. Ето или Балотели.. Еден од нив мора да игра со него..
А за Чиву незнам што да речам.. Полошо за нас во овој момент на позиција на која сме најтенки (после плеј се разбира) не можеше да се случи.. Маикон, Лусио, Самуел и ... Тоа е нашата најдобра одбрана.. Јас би го ставил Сантон или пак во Занети.. Кордоба никако..
И да ќе го заборавев капитенот.. Се надевам дека оваа му е последна сезона како стартер во првата постава.. Мислам дека треба и тој слично на Раул, Гигс.. Оние големи капитени полека да влегува од клупата.. Годините го газат, се повеќе дуели губи, а ефект играта на Интер, барем кога напаѓаме нема од него.. Штета после толку години.. Но животот иде понатаму..
Според прикажаната игра најреално беше нерешено, според залагањата на терен и желбата за победа заврши се како што требаше..
П.С. Конечно.. Слободни удари.. Алелуја.. 10 години чекав..


Што имам да напишам за Интер после 88 минута:

- Типично за Интер, секоја година мора да ни приреди некое вакво доживување.. Не за џабе песната се вика Лудиот Интер.. Најубаво е кога ќе го видиш стадионот на семафорот 89 минута, резултат негативен за Интер, а трибините полни.. Никој не си оди дома.. Да беше Англија веќе ќе беа во пабот.. Но тука знаат дека Интер нешто спрема.. :pipi:

Толку. Поздрав!
 
Изгубив кладба заради пандев,сеа ке носам аватар дрогба:nesum:.Али не е вазно дали пандев даде гол вазно тепавме зш само големи екипи го мозат тоа.т.е само интер
 
За Цезар го делам мислењето дека знае да прими пацерај од голови но сметам дека вчера оној удар на Макароне тешко дека ке го одбранеше, топката бегаше од голманот и ударот беше доста силен, за ниеден гол не сноси вина вчера, реално да гледаме.

Кордоба беше пацерот што згреши, прво прави нелогичен пас во средина а лево Занети сам, и второ ја прават истата грешка како и со Јувентус, кога мислам Сисоко беше оставен да шутира од далечина при вториот гол, така и сега, Макароне свесно беше оставен да шутира и истиот постигна феноменален гол со левата нога.

А Милито е типичен гол играч, знае да го нема 89 минути на терен освен една бедна минута кога дава гол, и тоа е тоа.
Глупа беше тактиката која се форсираше, ја искрено незнам која е логиката сезонава да одат на нафрливање и центар шутеви и да се силува таквиот фудбал кога напред има играчи кои незнаат да играат со глава. Нит Милито, нит Пандев, нит Балотели ( лош е со глава ) нит Ето се добри во тие дуели, затоа и се бараше играч ко Кавани, зашто ете видовте и сами дека по втор или трет пат сезонава кога се брка резултат напред стои стопер, порано тоа беше Матераци сега Самуел.
На времето со Ибра таков проблем немаа, али они се однесуваат ко Ибра сеуште да е тука иако 80-90% од воздушните дуели напред се загубени. :nenene:

п.с. Сериозен сум кога ке речам дека Арна од нареден меч заслужува првотимски статус, е он е играч кој знае да спушти топка и добие дуел бидејќи има таква конституција, ако приметивте вчера при решавачкиот гол тој беше оној кој ја спушти топката до Милито пред овој да му ја даде на Пандев кој асистираше феноменално до Самуел. Апла е очигледно дека поседува и те каков квалитет, не за џабе и офицјално е неговото останување до наредно лето иако сите очекуваа зимава дека ке летне.
 
Со 2 победи стартувавме во новата година... Минимални, ама победи :)
Следат доста потешки натпревари и тоа:

16.01 Бари - Интер
- Почеток на пролетниот дел од сезоната, со Бари во прво коло игравме 1-1 на домашен терен - кога славеа тие што сеа мрзнат... :) Сепак за мене ова е многу тешко гостување
24.01 Интер - Милан
- Градско дерби, колку и да сме надмоќни дерби натпревар никогаш не се предвидува.
31.01 Парма - Интер
- Исто многу тежок натпревар, Парма игра одлично сезонава.
07.02 Интер - Каљари
- Очекувам ова да биде полесен натпревар т.е. со брзи гол-два да го решат мечот и да одмараат 70ина минути :)
14.02 Наполи - Интер
- Во Неапол исто тешки гостувања имаме стандардно. Лани мислам со таквото у рака се вративме од таму. Тежок меч
21.02 Интер - Сампдорија
- Меч на 3 дена пред најважниот меч, оној со Челзи. Ќе има калкулации со првиот тим, може ќе бидат одморени некои од првотимците, а Сампдорија е тип на екипа која лесно може да го искористи тоа.
24.02 Интер - Челзи
- Вреди ли да се коментира? Не може да се прогнозира и да се планира ваков натпревар. Многу if - then има овде... :)
28.02 Удинезе - Интер
- Исто тежок натпревар, во Удине последните неколку сезони мислам дека лесни не бегаа по 2 бода т.е. игравме нерешено.
07.03 Интер - Џенова
- Можеби најдобриот меч сезонава (до овој момент) го одигравме на гости кај Џенова, 0-5. Сепак не е така лесен овој натпревар, во период кога ќе се очекува реваншто со Челзи.

...итн. итн. :vozbud:
Интересен период следи, период во кој треба да се покаже карактер и да се одигра максимално сконцентрирано и да не се губат поени со противници од типот на Сиена, Бари, Каљари, Катанија и остала багра. :)

Вечер времето ќе залади за некој од екипите кои се борат со ПАРМА за второ место :)
 
Интересен период следи, период во кој треба да се покаже карактер и да се одигра максимално сконцентрирано и да не се губат поени со противници од типот на Сиена, Бари, Каљари, Катанија и остала багра. :)

Вечер времето ќе залади за некој од екипите кои се борат со ПАРМА за второ место :)

тој период не е тежок поради противниците, тежок е поради тоа што имаме многу повредени.
инаку вечер ќе гледаме зимски олимписки игри - торино 2010 :pos2:
 
Природната позиција на Марко Арнаутович е напаѓач. Јас мислам дека во Интер сеуште не ја добил таа шанса. Слично нешто на Балотели. Цело време е форсиран покрај аут линијата.. Баш ме интересира како ќе изигра како истурен напаѓач напред.. Иако не сум некој оптимиста дека би ја добил таа шанса сезонава да игра во формација со двајца напаѓачи како партнер на Ето или Милито.
 
Арна одигра многу добро вчера ако се знае дека нема доволно натпревари во нозете,освен тој со Киево кога направи еден шпринт и тренинзите се разбира,има што да покаже дечкото и мислам дека е паметен потег од страна на Мурињо што го остави во Интер до крајот на сезонава,па и може да игра како стартер во Купот ако се знае дека не е толку важен за Интер тој Куп :toe:
 
Ви благодарам на сите. Се гледаме наскоро!

Btw... Карактеристично е за Интер да прави вакви пресврти во последните неколку сезони. Незнам зошто но бев убеден и до 87ма минута дека на крај ние ке славиме. Очекував гол или на Пандев или на Арна, но Самуел навистина изненади.

Добар натпревар за Арна кој е доста корпулентен во дуелите, и Мурињо очигледно може да смета во наредните натпревари во недостиг на напагачи.

Очигледно е дека сме психични многу моќна екипа за која ништо не е изгубено. Навистина Мурињо и го даде тоа “never give up“ на тимот.

На крај, Џузепе Меаца во делириум. Ежењееее :vozbud:
 

Одлична вест, мило ми е што се заврши вака и не настанаа некои компликации. Чим се заблагодарува до фановите кои му испраќале пораки на интер.ит, индиректно ми се заблагодарува и мене пошто му пратив порака со best wishes... :pipi:

Torna Presto Cris.
 
-12 во торино,па ништо чудно чим во шпанја падна снег се знаше дека во торино ке залади ептен:toe:
 
на јубенташите од што им беше ладно стадионот си го запалија:pos2:
 
Не бе не, не го запалија, извор на нафта најдоа, Алјаска е позната по тоа, сега и Торино.
 
Можеби најдоа нафта, ама во секој случај оганот е да се стоплат. :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom