Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Едноставно немам зборови. Да гледаш барем една утакмица во својот живот, како налик на оваа е доволно да кажеш, дека се` си видел. ФЕНОМЕНАЛНО!

Не е битно како победиле Интер или како изгубиле Сиена, битно е дали си ја гледал утакмицава. Снајдер без разлика на двата ефектни голови, даде душа и срце на терен. Единствено при сите тие емоции и еуфоријата која владееше дома, можеше од далеку да се види дека Маикон е дупка.

И за на крај, да имаш на клупа тренер како Мурињо.. priceless.
 
Победивме.
Се израдувавме.
Сеа да мислиме за подобрувања.
Мој тип:Си го имаме натиго-дајмиго со Барса,Јаја Туре го изгуби местото на стандарден(не зашто не е добар него зашто Бускец е миленик на Пеп)па ЗАТОА најпаметно ни ни било да го собереме)и после со него и Камбиасо ке немаме никакви проблеми со одбраната,пресекување на акции и тн и тн..и една голема предност е што он игра во Барса,има голем победнички дух,одлична пас игра и Јаја Туре ке направи разлика во нашиот тим.
А за да го земеме ке го дадеме Крхин на позајмица и плус некој денар,ке биде резерва кај Барса и ке научи многу,што ке ни користи во иднина.
 
Кој последен се смее најслатко се смее:wink:
Уживајте:
 
аиии вчера било перверзии :vozbud:
штета што не го гледав мечот... чеситки
 
Победивме.
Се израдувавме.
Сеа да мислиме за подобрувања.
Мој тип:Си го имаме натиго-дајмиго со Барса,Јаја Туре го изгуби местото на стандарден(не зашто не е добар него зашто Бускец е миленик на Пеп)па ЗАТОА најпаметно ни ни било да го собереме)и после со него и Камбиасо ке немаме никакви проблеми со одбраната,пресекување на акции и тн и тн..и една голема предност е што он игра во Барса,има голем победнички дух,одлична пас игра и Јаја Туре ке направи разлика во нашиот тим.
А за да го земеме ке го дадеме Крхин на позајмица и плус некој денар,ке биде резерва кај Барса и ке научи многу,што ке ни користи во иднина.
In Your Dreams.:back:
 
Ај и ја нешто да шкртнам тука!
Можеби нема да ви се допадне, али тоа е моја гледна точка!:toe:

Цезар..... се плашев од претходната утакмица и така биде. Лошо многууу лошо, да не беше неговата катастрофална интервенција на првиот гол, утакмицата ке имаше друг тек!

Маикон ептен катастрофално. Ни напад ни одбрана. Дур Пандев беше на неговата страна не се познаваше многу, но од коа му го ставија Кварезма се виде дека ке го има најлошиот натпревар на сезоната.

Лусио единствениот кој беше присебен во одбраната со минорно грешки, добро е кога се има играч кој вреди за двајца!:wink:

Кордоба не ми е јасно зашо толку се губеше. Ко без компас, мислам дека требаше Самуел да ја почне утакмицата.

Занети почна катастрофално исто така но се оправи кога Пандев дојде на негова страна кој и те како му помагаше и му отвараше простор, потоа се префрли на средината. Таму одигра солидно.

Станкович кога беше во друштво со Мота беа изгубени. Излезе на полувремето!:toe:

Мота се смота! Нема потреба за друг коментар!:tapp:

Кварезма не ми е јасно каде изчезна сиот разкошен талент, каде? Лошо многу лошо!

Милито=Егзекутор. Во прав смисол на напагач! толку....

Пандев.......
Некако како да се вклошпи во сивилото на фамозната лева страна!
Кога беше на десната најавуваше супер натпревар каде до 15 минута скоро 70% од топките беа упатени кон него и имаше едно 4-5 прекршока до тоа време шо самото по себе кажува за тоа колку бил во активност. Но....... Дојде на левата страна и тоа беше тоа од него.
Мислам дека е време Мурињо да го испроба во шпицот да видеме како ке делува таму, каде шо според мене највеке му одговара за игра, но сепак тоа останува на Мурињо!:toe:

Ај сеа малце за Мурињо....
Знам дека ке речете играчите се тие кои играат, ама па тој е тој кој им кажува како да играат.
Мислам дека не е на арно кога ке си ја видеш екипата со Дефанзивец во нападот во последните минути, тогаш нешто не е во ред.
Значи имаше и тоа како големи грешки на Мурињо во играта, но имаше и потези со кои се одликува како врвен стратег.
Прво ја утна концепцијата со бековите каде се обидуваше да форсира бековски напад со што ги уништи крилата и нивните индивидуални игри. Сакам да кажам дека не може крилата (читај Пандев и Кварезма) да ствараат и отвараат простор за бековите, туку обратно. Тоа најмногу се виде со Маикон каде кога тргаше Пандев а потоа Кварезма секогаш навлегуваа во шпицот или кон средината за да му отворат простор нему..... лудо:nesvest:. Стварно не знам зошто се форсираше таква игра.

Друго Станкович и Мота потфрлија затоа имаа тотално исти задачи. И двајцата се ширеа истовремено оставајки простор во средината додека тие беа на покривање на крилните и бековските позиции, поради тоа и падна првиот гол кога Мота беше на едниот а Станкович на другиот, тука Макароне баш фудбалски претрча и шутна за водство на Сиена.

Нападот доколку не беше искуството на Милито, кој влечеше по двајца играчи, Мурињо ке немаше ништо од напад, веке кажав за Пандев и Кварезма.

Добрите потези му беа секако Измените уште на полувреме каде да беше некој друг ке го чекаше оној substitute period од 60 до 70 минута кои сите стратези го користат ко некој шаблон.

Другиот потег му беше со Самуел во нападот, сами видовме што донесе тоа, аналогно на тоа беше и притисокот за Победа повторувам за Победа не за нерешено до последен момент!:toe:

Ова е мое согледување на натпреварот, не мора да значи дека се точно сум кажал!
 
абе ние сме биле шинтери а?? па да бе!! со право тоа го зборат ББиланезите и ЈуБенташите... Морати и Мурињо имаат отворено Шинтер служба... го збираат ѓубрето од улица наречено ЈуБе и ББилан... сите скитници и питомци... ако не ми верувате еве што фотографираше екипата на "INTER FANS MACEDONIA"... една слика заменува милион зборови...

Inter-Milan0titoli.png


уствари не е една слика..... две се

:pos2::pos2::pos2:

Не бе не, им ја уби и онака бедната инвалидизирана креативност, одговор на место !!!

И сега како што е и редот, тишина !
 
Момци честито победа...најслатка можеби ке биде оваа сезона,па “конкурентите за титулата“ слободно можат да се јебат :tv:
Не бев тука за да ја славам победата со вас,но затоа ја прославив онака како што доликува...на слава кај другар,инаку изгорен Јубенташ со песната Паца Интер :pos::pos:
Прво полувреме не го гледав многу,го видов само голот на Снајди,под итна постапка човекот да се клонира !!!
Звер звер звер,феноменално изведени слободни удари,два гола од истите и феноменална игра вчера !!!
Второто полувреме цело го гледав и можам да кажам дека Камби фали во составов,Дејо да не се повредеше ке беше друг филм на теренот :)
Арна како изигра вчера,ме бендиса иако нема доволно натпревари во нозете,но играше пожртвувано,секоја чест !
Одбраната вчера беше 0,барем според мене,сите си играа курташак,освен Лусио,човекот не знае за зезање :pos:
Мајкон како изгубен вчера,фалеа неговите продори по страна...Лусио ај се извади со голот,но и добро изигра (кога не изиграл додуша :) )
Милито-кога не му иде,не му иде,но кога ке распали,дава најубави голови,лежерни во стил на Роналдо,Пеле и Ромарио :vozbud:
Пандевчо наш,и тој нема натпревари во нозете доста,но човекот си игра со срце,асистенцијата до Самуел на крај...:drk:
Самуел кога го даде голот,едноставно здивев кај другарот,скокав низ цела соба како лудак во стилот на Мурињо :vozbud::pos:
Сите ги закутев за само другарот да го поздравам со една песна...Паца Интер амала ја рокнав,ке пукнеа звучките :pos:
Не знам не знам што да коментирам,уште ме држи еуфорија,ги гледам клипчињата од вчера и уште се радувам,многу слатка победа,победнички,шампионски менталитет владее во Интер и никој не може против тоа.
Привилегија и чест е да навиваш за Интер...:inter:

П.С Мурињо на крај кога отиде под трибината на Curva Nord и кога се радуваше со нив,кога бараше поддршка,кога стана цел стадион на нозе,му ракоплескаа и него и на играчите...се наежив целиот,мора да се доживее тоа :)
 
Браво Марсо :)

Еве што изјави Снајдер за неговите голови:
Yes, my goals weren't bad, but Walter Samuel's goal was even more important."
Скромен дечко, се гледа дека игра пред се за клубот и главна цел му се победите, а не сопствената слава.
 
Мислам она вчера што го гледавме само Интер го може и никој друг клуб во Италија па и во ширум европа! и стварно сум горд што навивам за Интер а за Снајдер немам зборови! вчера од срце играше и му донесе победа на Интер позз Интераши:wink:
 
А пази муабет, метар и жилет, кај може Снајдер да го води Интер :tv:
 
Неможам а да не се сетам како изигра снајди вчера , ова е најдобар трансфер на интер во последните 10 година , и ете , ако не беше Мурињо друг немаше да се сети дека на Интер му фали ваков тип на играч , колку долго чекаме на ваков креативец , немам зборови , нека му продолжуваат договор , нека му покачат плата и да не мрда од овде .

п.с. Не ги зафркавајте дека било ладно , помогнете им како да се стоплат , нели да бидеме хумани , мис на свет реплика ( WORLD PEACE )
 
In Your Dreams.:back:
Што бе In my dreams...ја сум за Барса повеќе него што си ти ама гледам Туре станал измена за Бускец кој уште сам незнае носот да си го избрише како што се вика а не да игра пред Туре.
Поубаво да дојде да игра прв состав во Интер каде што ке го ценат него да седи на клупа кај Барса.
Многу идиотски направиа Барса...Туре даде голем придонес за 6ката а сега го ставиа резерва на Бускец...ЦЦЦ!!1
 
Нашиот добар пријател, Рекалкати


:tv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom