Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
1143_200x250.jpg

Ви се криви :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
само се фали дека му се побели забите...:smir:
 
Па редно беше да си иде ! и така не добиваше поголема минутажа :helou:
welcome.
инаку добра чистка направивме, толку добра што гоал.ком си зема за право и тројни трансфери да ни наметнува.
засега само Коларов би рекол дека има шанса да дојде и само поради тоа што Киву е нокаут инаку ни тој немаше да дојде.
 
Со заминувањето на Виериа би требало Крхин да добива поголема минутажа.:smir:
 
Со заминувањето на Виериа би требало Крхин да добива поголема минутажа.:smir:

Да да и јас сакам Крхин да добива поголема минутажа ! но уште е млад и не искусен така да ќе видиме :smir:
 
Дечки има ли некоја информација за Кутињо?Мислам требаше сеа во Јануари да дојде или се лажам?
:salut:
 
Добри коментари под линкот од Гоал.ком!

1. Навистина, 10 милиони + Крхин + Дестро за Коларов кој игра на позиција каде веќе имаме двајца солидни играчи(Сантон и Занети)???? Дали??!?!?

2. Па, да и Ледезма кој уште не е докажан 100% и не се знае кој е подобар, дали тој или Крхин!? Не знам колку е мудро и ова!

3. Не смееме туку така да ги даваме младите играчи, Дестро, Арнаутович, Крхин, Сантон. Се сеќавате ли за Пирло? Играше во Интер на 20тина години, за да отиде на позајмица во слаб италијански клуб(не знам кој беше) и потоа да стане легенда во Милан. Еве сега читам дека иста ситуација било и со Карлос иако за тоа не се сеќавам. Сезоната 1995/96 играл за нас кога сме го продале на Реал за потоа 11 години да доминира на светските листи за топ 10 фудбалери. Нека останат овие младите па после 25та година, ако ништо не покажат ќе ги даваме на позајмици или трампи во Лазио, Наполи.......
 
На Крхин како стандарден првотимец може да се рачуна тек за 2-3 години, на негова позиција потребен е ѕвер, а моментално тоа е Хамшик или Фабрегас сеедно.

За Дестро па да не зборам, Пандев, Балотели, Ето, Милито, доволно е, зашто да се гуши, пушти го у Лацио и за 4-5 години го враќаш ако имаш потреба од тој играч, плус тука е и Арна.

А Сантон и поготово Занети лево да се каже дека се солидни маломорген, Занети лево сезонава се губи, само со Рубин изигра добар меч иначе во претходните наврати веќе не е тоа што беше, олраунд бек, добар и одбрана и напад.
Коларов во моментов е еден од најперспективните леви бекови и сите му предвидуваат супер иднина, бековско дуо Коларов - Маикон би изгледало феноменално и што се тиче мене, одма !

За Ледезма, има супер пас, одлично изведува слободни удари и има страшен осет при нафрлување на топки али во игра у одбрана не е нај-нај али далеку од тоа дека е недокажан еве и Јуве има интерес за него од летото.
Интер, откако е Мур тука, веќе 2 сезони се поврзува со Ледезма а и он е при крај на договор па финансиски тимот нема многу да потроши

Се на се склопено од муабетов, Интер ама баш ништо не губи, напротив, добива, остајте вие тоа Крхин и Дестро биле топ играчи бла бла, за да дојдат до високо ниво мора истото да го направат надвор од овој клуб зашто уз Сантон и Балотели не гледам многу простор за развивање на плус уште двајца од примавера тимот. И Аквафреска наводно беше ѕверот кого не требаше да го пуштиме па ене го у Аталанта, се изгуби начисто.
 
Добри коментари под линкот од Гоал.ком!

1. Навистина, 10 милиони + Крхин + Дестро за Коларов кој игра на позиција каде веќе имаме двајца солидни играчи(Сантон и Занети)???? Дали??!?!?

2. Па, да и Ледезма кој уште не е докажан 100% и не се знае кој е подобар, дали тој или Крхин!? Не знам колку е мудро и ова!

3. Не смееме туку така да ги даваме младите играчи, Дестро, Арнаутович, Крхин, Сантон. Се сеќавате ли за Пирло? Играше во Интер на 20тина години, за да отиде на позајмица во слаб италијански клуб(не знам кој беше) и потоа да стане легенда во Милан. Еве сега читам дека иста ситуација било и со Карлос иако за тоа не се сеќавам. Сезоната 1995/96 играл за нас кога сме го продале на Реал за потоа 11 години да доминира на светските листи за топ 10 фудбалери. Нека останат овие младите па после 25та година, ако ништо не покажат ќе ги даваме на позајмици или трампи во Лазио, Наполи.......

Ниту Занети ниту Сантон не можат да се споредат со Коларов на левата бековска позиција од проста причина што двајцата играчи се десни бекови и играат само со десна нога.

Времињата кога ги продававме талентите се одамна поминати. Плус за успех потребен ни е искален фудбалер а не млад тинејџер кој не знае да се контролира.

Сантон, Крин и останатите играчи од младиот тим и онака нема да добијат шанса за настап освен во куп натпревари или ако некој е повреден. На тој начин ги кочиме во развојот.

Многу е подобро да го испратиме на ко-сопственост во некој помал клуб каде што ќе се стекне со искуство и ќе го вратиме после во тимот. Исто така има опции за клаузули во следните две или три години да вратиме назад во тимот за одредена сума на пари.

Пред два месеци имав две желби Пандев и Хамшик, сега можеби и трета, Коларов. Пандев беше најлесен за ангажман останатите двајца се многу тешки но доколку Морати сака триумф во Лига на Шампиони ќе треба добро да се испоти и да го одврзе кесето.

Со 20 милиони евра и плус младите фудбалери сигурно ќе може да ги комплетира овие трансфери. Многу е подобро да се обиде сега отколку по крајот на сезоната.
 
Се сеќавате ли за Пирло? Играше во Интер на 20тина години, за да отиде на позајмица во слаб италијански клуб(не знам кој беше) и потоа да стане легенда во Милан. Еве сега читам дека иста ситуација било и со Карлос иако за тоа не се сеќавам.
За Карлос е тотална утка продажбата. Цената му беше 6 милиони, ама за Пирло Интер доби 18 милиони евра така да, не е лошо. Стварно може порасна во добар фудбалер ама не го биваше во Интер. Oд таа генерација кога играа се молев никој да не им ја даде топката на Грешко, Симич и токму Пирло.

Eдна од поголемите утки на Интер во Маркетот е Муту. Го купија од Динамо за 7 милиони, го продадоа за 4 милиони (по пола сезона), за по 2 години Парма да му ја крене цената на 19 милиони кога замина во Челзи....

Катастртофа!
 
Грешко :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: ......тој ке беше крив ако извршев самоубиство пред неколку години кога он играше....абе неможев да го гледам!!!
 
Отиде Виеира, Мансини е 90% отиден,Хрин ке иде како што налагаат....туку.

Ке дојдат ли Коларов,Кандерва и Баптиста? :)
 
Пирло беше даден во Реџина и таму парче правеше, повторно беше вратен во Интер и шанса не му беше дадена и со цел памет им го подарија на Милан.

Јебига, се учи од грешки, затоа потоа со Адри на пример направија 50-50 дил со Парма и го вратија, така можат и со останативе да направат, пример, Бонучи е во моментов у Бари, прави парче и Интер веќе почна да се поврзува со негово враќање наредно лето у матичен клуб, иначе за него и Јуве и Арсенал веќе пројавија интерес. :wink:
Иначе овој играч моментално е во 50-50 сопственост со Џенова, а Џенова го доби како дел од трансферот на Милито и Мота во Интер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom