На Крхин како стандарден првотимец може да се рачуна тек за 2-3 години, на негова позиција потребен е ѕвер, а моментално тоа е Хамшик или Фабрегас сеедно.
За Дестро па да не зборам, Пандев, Балотели, Ето, Милито, доволно е, зашто да се гуши, пушти го у Лацио и за 4-5 години го враќаш ако имаш потреба од тој играч, плус тука е и Арна.
А Сантон и поготово Занети лево да се каже дека се солидни маломорген, Занети лево сезонава се губи, само со Рубин изигра добар меч иначе во претходните наврати веќе не е тоа што беше, олраунд бек, добар и одбрана и напад.
Коларов во моментов е еден од најперспективните леви бекови и сите му предвидуваат супер иднина, бековско дуо Коларов - Маикон би изгледало феноменално и што се тиче мене, одма !
За Ледезма, има супер пас, одлично изведува слободни удари и има страшен осет при нафрлување на топки али во игра у одбрана не е нај-нај али далеку од тоа дека е недокажан еве и Јуве има интерес за него од летото.
Интер, откако е Мур тука, веќе 2 сезони се поврзува со Ледезма а и он е при крај на договор па финансиски тимот нема многу да потроши
Се на се склопено од муабетов, Интер ама баш ништо не губи, напротив, добива, остајте вие тоа Крхин и Дестро биле топ играчи бла бла, за да дојдат до високо ниво мора истото да го направат надвор од овој клуб зашто уз Сантон и Балотели не гледам многу простор за развивање на плус уште двајца од примавера тимот. И Аквафреска наводно беше ѕверот кого не требаше да го пуштиме па ене го у Аталанта, се изгуби начисто.