Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Браво дечкиииииииии
НЕка ни е честита победата.. Добра игра и заслушено одиме понатаму! Forza Inter!!!
Ова четврт беше? Сеа со Јувентус играме во полуфинале? и други кој минаа во полуфинале? Сампдорија и?
Со Сампдорија играте полуфинале мислам..Јуве игра со Наполи..
Ееее Интераши.. каде сте да се пожалите од Интер.. немал контрола над топката.. не притискал доволно.. не бил креативен.. еве денес со Рома имавме се.. кога ни требаше водство не можеа да излезат од 30 м, креиравме доста шанси.. шутеви.. акробации.. итн.. а знаете ли зошто? Сега ке ви кажам.. ама запамтете.. во средината играа Станкович, Мунтари, Камбиасо и Занети! Го немаше нити Чиву, нити Бурдисо во средината.. значи заклучок.. тоа е нашата најдобра средина.. односно најдобриот избор.. секако со можност за Виеира да настапува во неа на местото на еден од последните тројца.. било кој.. некој ке речи не можи на местото на капитенот.. ама ве уверувам дека можи.. значи Станкович јас претходно кажав.. некој се смееше таму.. е наш клучен играч во оваа 4-3-1-2 формација.. а за Адриано одамна си викам дека не смее да се испушти од Интер..
Друго.. што ке велев.. ете го бе другари и Бурдисо со некои мали грешки да изигра според мене на ниво.. но тука покрај него беше Самуел, кој според мене е најдобриот дефанзивец што го имаме..
И за крај.. некој ке рече.. бев изненаден од Сантон.. изигра феноменално.. но јас ке речам.. не бев изненаден од неговата феноменална игра.. затоа што знам дека е добар десен бек.. но и јас бев изненаден од неговата игра на позиција лев бек.. се покажа дека имаме страшен бек од младинската школа.. како што на времето Интерашите го имале Факети.. ние оваа генерација не памтиме некој Италијанец кој се покажал во Интер како бек.. и еве сега гледаме дека еден доаѓа.. со страшно темпо ке се пробие во првиот тим..
Поздрав :smir:
П.С. Сега она што сите не интересира е како по долго време ке изиграме една утакмица без Златко.. против Сампдориа во недела! Се надевам дека Адриано ке продолжи онаму каде и застана.. да дава голови.. а би сакал да го видам Балотели.. иако сум песимист дека ке игра..