Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Волејот на Деки точно, а ножичките на Ибра у 2ро полувреме!? Еееее кај профуче топката... Мајстор си е мајстор. Само криво ми е што не го даде лобот у прво полувреме... Ме потсети на победата од 4-0 во Рим и првиот гол (лоб).
Абе јас цело време знаев дека се 2 утакмици... Од каде сега една искочи врска немам... Ајде сеа Сампдорија следни и во лига, а после и во купот.
Рома пациенти ни стануваат, или грешам!?
Мурињо - Спалети 3:0 :)
 
Убав натпревар , да ти е мерак да гледаш. Средината е таа , да не се мрда , нападот е тој , сега Мур треба да поработи на одбраната и на голманот , зошто да не му се даде шанса на Толдо , во моментов мислам дека е во подобра форма од Цезар.Мислам дека подобро ке биде да играме со Киву и Самуел. Сантон ме изненади пријатно, немаше ниедна грешка , само како се пробиваше , за момент ми заличи на Занети со пробивите.Тој е десен бек , а одлично се снајде и на лев, алал да му е . Честитки за победава , нека ни се множат и да продолжат со таква игра и во првенство и ЛШ.:smir::helou:
 
со сампдорија играме во полуфиналето на купот!
поздрав од новиов компјутер па одсега се читаме поредовно!:smir:

Ибрахимович нема да игра во недела поради суспензија!
 
со сампдорија играме во полуфиналето на купот!
поздрав од новиов компјутер па одсега се читаме поредовно!:smir:

Ибрахимович нема да игра во недела поради суспензија!
Welcome back Адриано :)
Да се надеваме на победа на двата натпревари:smir:
 
Moмци, онаа пеколна 2001/2002 два тима ни ја пое*аа цела сезона, Киево и Аталанта . Првите победија во Милано 1-2 а во возвратниот меч израмнија во 91ва на 2-2, Аталанта беа победени на гостински терен ама во Милано на 5 кола до крајот Интер загубија со 1-2 така да тука и се изгуби титулата, а не со Лацио во последно коло . Од таа сезона па се до денес мечевите со двата тима ми се под defcon 5 дома, ред алерт, дијагноза за b6 и остали таблети и слично .
Дел Нери е човекот кој тогаш беше тренер на Киево а денес на Аталанта, очигледно човек на кого му лежат мечевите со Интер . Пред мечот со Аталанта реков дека ова ке биде доста тежок меч, незнам дал ги следевте нивните дуели со Милан и Јуве, али и на двата меча покажаа дека играат без респект кон тимовите, едноставно со таа игра заслужија победа бар против еден тим од големата тројка, а комбинација од Дел Нери и Аталнта уште од старт ви кажува кој тим го јаде од нив .
Факт, тоа беше едно од најлошите изданија на Интер во последниве 3-4 години, но, бар оваа година имаат тренер кои ги согледува грешките и кој не оди со глава кроз ѕид, еве вчера со Рома успеаа да поминат на поправен . :toe:
Незнам зашто некои пишаа за Манчио да се врати, кога првата титула со него беше освоена во период после Калчополи ( Јуве во втора лигам Милан и остали казнети ) и во период кога и Јуве и Милан немаа тимови за титула ( минатата сезона ), факт . Во период кога и Милан и Јуве се класа погоре од ланската сезона, Интер имаат позитива од 3, односно 6 бода пред конкурентите за титулата, а играат со истиот тим од минатата сезона со оглед на тоа што и Мансини и Кварезма не се покажаа како добри инвестиции .

Проблемот оваа година е што Мурињо одлично ги анализира појаките противници, и сами приметивте, со Милан изгубија 1-0 но имаа шанси од кои онаа последната на Адри беше потешко да се промаши, а играа со играч помалце . Со Рома, Лацио нема потреба од коментар, Јуве имаа само една шанса во Милано во 80та минута, Палермо беа тотално неутрализирани без шанси, Наполи дадоа гол од само една прилика и тн и тн . Ама оние условно кажано послаби екипи се покажаа како најголем товар сезонава, очигледно потценети од Мур а и од играчите, истово е премногу очигледно, неможе еден Јуве да има само една шанса во 90 минути, а Каљари, Аталанта, Сиена и оние другите '' послаби '' екипи да се надминуваат себеси против Интер, тоа е делот од лекцијата наречена Серија А каде најмногу треба да се обрне внимание очигледно .

И за крај, еден цитат од Јове Би Ту
Официјално.
*Девет од дест навивачи на Интер, после својата 30 година почнуваат да ја губат својата коса. Десет од десет навивачи после својата 35 година го имаат имиџот на Колина.

*Просечен брак на Росонер и Бјанконер трае 15-25 години. Во просек се остава наследство од 3 принови од кои најмалку две се машки. Кај росонерите се викаат Паоло или Рикардо. Кај бјанконерите најчесто е тоа Алекс или Џанлуиџи. Интерашите најчесто се степски волци кога станува збор за бракот. Сепак ако не се оженети со некоја жена, тие се доживотно верени со нивната најголема љубов, Интернационале.

*Едно скудето прославено како Интераш, вреди како 10 освоени скудета на Јувентус.

*Просечниот век на еден Миланез е 90 години, од друга страна пак просечниот век на неговиот комшија од Милано, но Интераш... е 40 години.

*Да се биде фан на Милан или Јувентус е супер. Да се биде фан на Интер е едноставно... бесценето.

C'е solo l'Inter, per me, solo l'Inter
C'е solo l'Inter, per me, per me
C'и solo l'Inter, c'е solo l'Inter,

c'е solo l'Inter, per me
C'е solo l'Inter per me
C'е solo l'Inter per me!!!

Интер е причината зашто постои ЕМО музиката, Интер се причината за мојата шишка, Интер ќе бидат причината за мојот прв и се наддевам нефатален инфакрт, Интер се причината зашто постои бајпасот и тн и тн, го цитирам и Морати : '' Интер не научија да патиме '', PAZZA INTER AMALA, Interista since I was spermatozoid !

p.s. Ке се погрижам Феномен да биде баниран од темава, во случај тоа да не е направено .

p.m.s. :back: :pipi: :smir: :vozbud:
 
Народе што шпекулации за трансфер има кај нас?
ја без компјутер ништо незнам!:uvo:
 
Овие Интерашиве на Македонија ме потсеќаат.Со некој слаби губиме,со јаки тепаме...:toe: по оваа логика,на мачестер 4 треба да му шибниме:)
Иначе морам да признам,ОДЛИЧНА игра од Интер,еве ваков Интер сакам да гледам,па и по цена да излегува и по некое реми....
 
многу важна победа на психолошки план , не можеше да дојде во подобро време после двата едноподруго киксови ..... одлична игра , сантон воопшто не изигра лошо , дејан ко препороден игра , адри нека симне едно 4 - 5 кила , ибра стандард , самуел прав ѕид ...
 
Народе што шпекулации за трансфер има кај нас?
ја без компјутер ништо незнам!:uvo:
Има нешто.. Дакур, Креспо, Бурдисо и Матераци треба да го науштат тимот...

Исто така во медиумите се пишува за несогласувањата помеѓу Мурињо и раководството на ИНтер, особено Морати и Бранка...

Amantino Mancini: I'm Unhappy At Inter

Вчера и денес само вакви новости за Интер :)
 
Честитки за пласманот во 1/2 финалето за Купот на Италија.
А посебно бев приатно изненаден од младиот Сантон.
Браво за дечкото, на 18 години покажа добар натпревар.
А Балотели може само да ја навали главата и да виде кој е звезда.
Многу посреќен бев што се уверив во квалитетите на Сантон, отколку на победата.
Сми имале и ќе имаме врвни десни бекови во Интер.
 
"You won a Scudetto in the court, the second because there was no competition and the third was won at the last minute. You are all a pile of s**t," Mourinho is quoted as saying by La Repubblica.


Na Gola.com го најдов ова :)
Неофициално, ова се случило после поразот од Аталанта...
 
Не ни знаев дека вчера воопшто се игра куп, едноставно со ракометов некако не бев во тек со другите работи. Добро е што е победена Рома и се надевам дека оној пораз од Аталанта беше само лош ден и дека во наредниве неколку натпревари ќе се покачи формата која постојано осцилира.
 
"You won a Scudetto in the court, the second because there was no competition and the third was won at the last minute. You are all a pile of s**t," Mourinho is quoted as saying by La Repubblica.


Na Gola.com го најдов ова :)
Неофициално, ова се случило после поразот од Аталанта...
Јас оваа работа ја гледам од неколку аспекти (не навлегувам во тоа дали е во право Мурињо, дали не е, расудете сами)..

1.Ако е вистина ова што го пишува goal.com за зборовите на Мурињо, текст како што пишува превземен од La Republika, тогаш тој треба ЈАВНО(искрено) да се извини и да побара прошка од фановите на Интер, од Раководството, зошто со ова тој ги плука освоените титули на Интер последниве години...Ако не, треба да му се даде метла, зошто мое мислење е дека никој не заслужува (па ниту Мурињо) да си земе за слобода да плука врз тимот со волку тешки зборови , уште помалку човек што е само половина година во Интер..Ова се тешки зборови, не можат да се голтнат толку лесно
(Ова е мое лично мислење, не е ниту малку провокација, ниту пак злонамерност)
2.Ако ова не е вистина..Тогаш треба да се достават ДЕБЕЛИ тужби до износителите на оваа вест, и дебело да се казнат поради написите, зошто ова стварно не е мала работа..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom