Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Браво за Ибра, пак се врти се околу него. И голот на Камбијасо (обожавам кога го има насекаде), а потоа и самиот постигна мајсторски гол. Ќе видиме ли уште некој гол до крајот?
 
Браво и за Камбијасо и за Ибра, а посебно за Ибрахимовиќ. Како го изработи голманот алал да му е!
Ме плаши што Интер почнува да зависи од еден играч, а тоа не е добро.

Креспо, не ми се верува што се промаши денес, а Адриано хм... Второ име му е непостојаност.
 
Требаше прво полувреме да дадат 2 гола и после да одиграат мудро и чиста добиена утакмица. Вака се изнатрчаа 120 минути, Маикон ќе се онесвестеше на крај. 20км истрча човеков денес :)
Имав порано спомнато за играчи кои се во залез на кариерата, а тренерот упорно им дава шанса дека “порано“ биле ТОП и дека ќе се вратат на старата форма, а нив годините ГИ ГАЗАТ. Како примери ги дадов Роки и Виери... Е сеа, еве што значи Мурињо упорно да го игра Креспо, секоја утакмица ќе биде вака. Затоа од сите напаѓачи има најмала минутажа. Заслужено! Адриано да останеше, мислам дека натпреварот ќе завршеше на време, без продолженија. Сепак голем мерак ми се направи што даде гол... Баш сакам да игра со Ибрахимович напред, не дека ми е нешто многу омилен, ама кога би бирал меѓу останатие, 100% Адриано. Балотели е добар, ама голем ку*наз за негови години е. Тоа у примавера така да се понаша...
Криво ми е за Кварезма, у куп кога не го стави... Нема да го гледаме многу често... Станковиќ ке се врати, а он сега веќе има загарантирано место во стартни 11.
Како што знам у 1/4 финале со стариот пријател од финалињата во Копа Италија, Рома. Нешто такво прочитав прееска...
 
Само последните 10 минути ги гледав и не ми се верува колку шанси видов. Без разлика што бевме играч повеќе, вака треба да се игра, да се прави притисок. Како и да е, се гледа дека ни фали гол играч, за да не ни се случува ваква доминација да не ја претвориме во победа.
Се согласувам, али ти како фан на Интер треба да знаеш дека Интер почнува да игра добар фудбал со напаѓачки менталитет кога губи или кога брка гол за победа во последни 20 минути . Треба Мур тоа да си го укотви во глава, нека започне со напаѓачки менталитет уште од старт, тогаш противникот нема бункер пред гол а и притисокот е далеку помал, во моментов Интер негува стрплива игра уште од старт а истата не е дел од онаа формула која ти гарантира успех .
 
Се утепав од смеење кога го гледав Маикон. Го ииграваше Роналдо се утепа од дриблање и правење пробиви само ја бараше топката и трчаше како ненормален, хехехе, се здиве зошто пропушти една утакмица па да надохнади.

Некој спомна дека Занети не го заменил доволно добро Маикон на дуелот со Каљари и дека фалеле пробивите на Маикон. Тоа е точно но кој му го чува грбот на Занети кога игра десен бек? НИКОЈ. Маикон кога игра и кога прави пробиви секогаш во одбрана е Занети на десната бековска позиција и секогаш му го чува грбот а тоа е голема работа, зошто знаеш дека некој ќе те покрие.

Незнам зошто не проба со Мансини и Кварезма, па Обиња играше лево крило а и не прикажа кузнае што. Можеше барем Мансини да го пушти во игра.

Добро е што Адри даде гол за да му се врати малку самодовербата, само што утна денеска не му се веруваше и на него а не па на нас :).

Сега три бода против Аталанта за враќање на победничките патеки.

пс ЛЕЛЕ каков дуел ќе биде Маикон и Занети вс К. Роналдо
 
Честито нека ни е победата, не успеав да го гледам второ полувреме -.-
Значи, продолжуваме по старо, со одлична игра.Многу ми е мило што Адри дал гол, крајно време е да се врати во стара форма.
Уште еднаш за убаво нека ни е победата и нека ни се множат :)

Форца Интер !!!
 
пирова победа .... лошо што изигравме продолженија во небитна утакмица :toe: страв ме фаќа ако ибра се истроши ко лани и го изгубиме цела полусезона
 
пирова победа .... лошо што изигравме продолженија во небитна утакмица :toe: страв ме фаќа ако ибра се истроши ко лани и го изгубиме цела полусезона
Вторник е, а тек играат во Недела, имаат време и за подготовки и за одмор, а и не верувам дека се истрошија многу поради црвениот на Џенова во првиот дел, викторија играа освен во една ситуација кога Џенова поминаа центар и дадоа гол ( типично за Интер нели ) .
 
Леле јас исклучив после 94та минута.. мислев дека се игра реванш вп Џенова :) Излегов, па сега се враќам и гледам Интер победил 3-1 лоооооол ајде нека ни е честито :)
 
Абе и јас мислев дека 1:1 заврши, и легнав вчера оти уморен бев, сега ве читам и се чудам. Ај одам јутјуб да ги видам головите.
 
Леле јас исклучив после 94та минута.. мислев дека се игра реванш вп Џенова :) Излегов, па сега се враќам и гледам Интер победил 3-1 лоооооол ајде нека ни е честито :)

Абе и јас мислев дека 1:1 заврши, и легнав вчера оти уморен бев, сега ве читам и се чудам. Ај одам јутјуб да ги видам головите.

:pos2: Не сум бил само јас! Фала му на Ibrakadabra што спомна веднаш дека има продолженија па се уклучив таман за головите.
 
Абе Syn праша колку утакмици се играат, и јас му одговорив една. Ама понатака тоа мислење беше избришано, нели ради правилата да не се пишуваат непотребни мислења во текот на утакмица. :) Се знаеше дека Ибрахимович ќе збрца еден гол, на таква игра грев беше што не успеваа гол да дадат. Класична викторија...

Нема зошто фала, јас си кажав дека Ибра ќе даде гол :)
Ајде сега на време да дознаеме, играме со Рома во 1/4 финале и тоа наредна недела како што знам... а може и грешам околу ова. Една утакмица ќе се игра? Мислам двомеч е... Ајде кажувајте, да не згрешиме :)
 
Четврт финалето се игра на 21.01.09 и 4.02.09 (е сеа незнам дали ова се датумите ако се игра двапати), ако се игра два меча први ние играме дома.
На Википедиа пишува дека од полуфинале се играат по два меча па незнам, датумиве ме бунат нешто :)
 
Се играат два натпревари, лани игравме со Јуве во 1/4 - финале, датумите би требало да се оние кои ги пиша the great ако нема некој измени поради настап во ЛШ или слично
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom