Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
The Great , знам дека можеби Интер тие над се, исто како и мене но јас титулата во Лигата на шампиони ја чекам цели 20 години, па така на почетокот од оваа сезона најмногу си поверував дека ќе ја освоиме, за да им затниме усти на сите. Но со ваква игра далеку сме, пред нас се Барса и Манчестер Јунајтед.
Мислам дека овие две екипи се подобри од нас.
А за во Италија неправам муабет, јас веќе се навиканав Интер да го гледам на чело на табелата, а тоа го гледа како пишување домашна работа на еден ученик, тоа им е обавезна работа...за тоа нема што да размислувам.
Уште долго ќе бидеме Шампиони на Италија, а Милан ако сака и вонземјани нека носи, пак нема да се пласира во Лигата на Шампиони.
Поздрав The Great, и мило ми е што и ти си засекиран за Интер.
Да се надеваме на најдоброто кон крајот на Мај.

Да, сите долго време чекаме титула во ЛШ, но јас не ја гледам причината што те довела до мислење дека имаме слаба игра.Сите прават киксови понекогаш, тоа е многу нормално, нема логика еден тим нон-стоп да победува и да победува.
Го имаме специјалниот и јас верувам во него.Денес како беше победен Челзи?Фергусон тактички го згази Сколари, затоа не се плашам од големите екипи, затоа што имаме тренер за големи натпревари.
Како што рече IoSonoInterista едноставно немаме мотивација против малите екипи и исто така немаме уште еден добар напаѓач.Се надевам дека во јануарскиов преоден рок Мурињо ќе го направи вистинскиот избор на играчи.
Хаха, не сум загрижен за Интер, верувам дека работите ќе си дојдат на свое место, во Италија ќе продолжиме со исто темпо, а за ЛШ имаме фантастичен тренер.
 
Прочитав лоши вести пред малку. Виера се враќа. :tapp:
 
Остај ти таа работа, ги потрошив нервите на него. Ќе се изнагледаме непотребно држење на топката во нозе, успорување на нападите, погрешни пасови, нервозни реакции и стартови, и дај боже некој црвен картон за нова пауза. Мислам дека најлошите изданија на средниот ред беа кога Виера беше во него. Нека ме демантира немам ништо против, ќе се извинам и ќе го честам бурек и јогурт ко ќе го видам...
 
Хехе вака сеа, искрено мислам дека Виера е одличен играч, има фантастична контрола на топка, затоа ми се свиѓа, баш е стара добра школа.За нервозни реакции,стартови и црвени картони во право си, ептен нервозен човек е :)
Добар деструктивец е, и ретко му се дешава да даде погрешен пас.Што знам, за мене е многу добар и квалитетен играч без сомнение.
 
Виера е еден од најдобрите играчи во Европа на неговата позиција.. Уствари беше еден од најдобрите. Моментално го мачат повреди, повеќе е повреден одошто игра но е многу корисен играч за на клупа. Но гледано од друга страна, доста му беше. После Ибра тој зема најголема плата во тимот... Мислам дека на крајот на сезоната треба да си ги собере парталчињата.

За утре против Џенова суспендирани се Матераци и Курз, а малку покасно ќе видме и кои играчи се повикани..
Пресконференцијата на Мурињо ќе биде за околу 1 час па најверојатно тогаш ќе ги каже и имињата на повиканите играчи...
 
Се очекува Адриано да стартува... можеби со Балотели заедно.

Читам пак за Роки... па добро бе што видоа у тоа старо копито, стварно врска немам... Се надевам Лацио ќе не одбие :)
 
Се очекува Адриано да стартува... можеби со Балотели заедно.

Читам пак за Роки... па добро бе што видоа у тоа старо копито, стварно врска немам... Се надевам Лацио ќе не одбие :)

Јас се надевам дека нема, во моментов ни е потребен играч кој може од една шанса да збрца гол. Роки не е некое играчиште технички гледано, нема некој којзнае каков дриблинг или силен удар... Но има инстинкт за гол, малку му треба кога ќе се најде во шанса, егзекутор е. Многу натпревари решил по влез од клупа. Исто е одличен во играта со глава и добар асистент е, не е себичен. Можеби не е калибар за Интер, но во моментов мислам дека и тоа како ќе ни заврши работа. И покрај тоа што беше повреден, во подобра форма е од овие нашиве.
 
Еве го составот на Мурињо за натпреварот против Џенова:

Goalkeepers: 1 Francesco Toldo, 12 Julio Cesar, 22 Paolo Orlandoni.

Defenders: 6 Maxwell, 13 Maicon, 16 Nicolas Burdisso, 25 Walter Samuel, 26 Cristian Chivu, 39 Davide Santon.

Midfielders: 4 Javier Zanetti, 11 Luis Jimenez, 19 Esteban Cambiasso, 20 Sulley Muntari, 33 Amantino Mancini, 77 Ricardo Quaresma.

Strikers: 8 Zlatan Ibrahimovic, 10 Adriano, 18 Hernan Crespo, 21 Victor Obinna.

Очекувам да излеземе со стартна формација 4-4-2 во овој состав:

--------------Толдо---------------
-----------------------------------
Маикон--Бурдисо--Киву--Максвел
-----------------------------------
Занети-Хименез-Мунтари-Кварезма
-----------------------------------
--------Адриано----Балотели------

Мислам дека на Цезар треба да му се даде заслужен одмор, Маикон да игра за да се загрее за италијанско првенство, исто сметам дека и Самуел е потребно да го одмориме, како и Камбијасо.Мунтари нека игра порати фактот дека нема да игра против Аталанта.Нападот треба да биде составен од Адриано (треба да влезе во шема веќе подолго време и мислам дека е крајно време да изигра 90 минути) и Балотели на кој мислам дека му лежат овие утакмици во купот, а и онака не добива некоја шанса во Сериа А.Златко редно време е да одмори малку.
 
Еве го составот на Мурињо за натпреварот против Џенова:

Goalkeepers: 1 Francesco Toldo, 12 Julio Cesar, 22 Paolo Orlandoni.

Defenders: 6 Maxwell, 13 Maicon, 16 Nicolas Burdisso, 25 Walter Samuel, 26 Cristian Chivu, 39 Davide Santon.

Midfielders: 4 Javier Zanetti, 11 Luis Jimenez, 19 Esteban Cambiasso, 20 Sulley Muntari, 33 Amantino Mancini, 77 Ricardo Quaresma.

Strikers: 8 Zlatan Ibrahimovic, 10 Adriano, 18 Hernan Crespo, 21 Victor Obinna.

Очекувам да излеземе со стартна формација 4-4-2 во овој состав:

--------------Толдо---------------
-----------------------------------
Маикон--Бурдисо--Киву--Максвел
-----------------------------------
Занети-Хименез-Мунтари-Кварезма
-----------------------------------
--------Адриано----Балотели------

Све си напиша ко што треба, само уште да приметеше дека Мурињо ПАК не го викнал Балотели :) Затоа малце потешко дека ќе го видиме утре...
Иначе ми се свиѓа составот што го посочи :)
 
Леле не го видов ниггата дека не е во состав :icon_neut

Ок на местото негово, Обиња нека игра или Креспо нека се порадува малку :):):)
 
А бе јас мислам дека треба стандард да го игра Адриано,не за друго,да му се врати самодовербата и осетот за гол на вистинските натпревари....и да изигра катастрофално првите 3-4 пак треба да му се дава шанса,оти друг начин нема за да ја врати формата.Оти замислете сега прво треба да се покажи на тренинг,и ако биди ставен прва постава да речиме,притисокот е преголем врз него да не потфрли,и со самото тоа не можи да се фокусира на играта.А од друга страна, во најмала рака немаме кизнај какви напаѓачи други што би изиграле подобро од Адриано во моментов...
 
Во право си Диск Џокеј, ама финтата е тоа што како прво и основно 300 пати ги има прекршено правилата на Мистер Мурињо.Кај него не е проблем враќањето во форма туку неговиот карактер.Јас сум сигурен како што викаш ако нон стоп игра дека милијарда посто ќе се врати во форма.
Ако се врати Адри во форма и ако го поправи својот карактер јас сум сигурен дека нема да има потреба од елитен напаѓач во нашите редови во наредни 6-7 години.
 
Мурињо открива дека утре ќе игра со Толдо, и Маикон, Самуел, Бурдисо и Максвел во одбраната и дека Адриано не е подготвен за 90 минути и ако биди стартер би играл најмногу 1 час...

Се надевам дека ќе ги дидиме и Хименез, Кварезма и Мансини во стартниот состав. Тие се играчи кои помалку добиваа шанса и треба да се докажат токму на вакви натпревари. Покрај нив би требало да игра и Мунтари бидејќи е суспендиран за против Аталанта...
Во шпицот Адри - Креспо :)
 
Кварезма брат сега ќе ја игра секоја утакмица од почеток во лигата.. баш се покажа со каљари. Тој Кварезма му треба на Мурињо, а не тој шо беше во првиот дел од сезоната :)

FORZA INTER!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom