Има позитивности во ова реми, прво, можеше и да изгубат, среќа што златен Аквафреска се сети во последен момент на неговите убави денови од младоста кои ги помина во Интер . . .
Друга позитивна страна од ова реми/кикс е што се случува во Јануари, кога трансфер пазарот е сеуште отворен и кога може да се кореиграат некои работи во тимот, во моментов 7 по можност 4 бода разлика од најблискиот конкурент сепак е задоволителна разлика во овој период, главите горе сеуште нема место за паника .
Зашто Интер денес беше лош пред Се во средината, па многу е очигледно, видете кои почнаа на централните позиции во средината. Камби, Мунтари и Киву т.е.
левак, левак и левак чија природна позиција е стопер .
Во првиот дел имаа 3 сериозни прилики, најголемата шанса беше онаа на Ибра по пасот на Круз, ударот на глава на Круз и ударот на Самуел при прекин .
Во вториот дел почнаа офанзивно, Кварезма изигра одлично на левата страна, но не и на десната, ротацијата со Фиго беше непотребна, лево е далеку поопасен се виде тоа и на овој меч. Каљари за прв пат во вториот дел поминаа половина во 68ма минута, Аквафреска со втор допир на топката во мечот постигна гол во период кога Интер беа подобар противник и во период кога Ибра имаше уште една 100% шанса, и нормално истово делуваше демотивирачки за Интер .
Мур тргна на се или ништо, има муда мора да признаам, вади стопер става напаѓач, секоја чест на Каљари што во тој момент не се затворија, одеа на победа иако на крајот таа офанзивна формација се исплатеше, но 1000% шанса на Аквафреска и онаа 100% на Балдини ( мислам така се викаше бекот на Каљари ) се доказ дека Каљари иако задоволни од резултат 1 - 1 одеа и на победа, т.е. играа на оноа '' нападот е најдобра одбрана '' .
Играчи кои потфрлија :
- Mунтари, денес беше очајен, хаос, најлошата негова партија оваа сезона, може и повредата во првиот дел имаше влијание врз неговата лоша игра но за истата нема оправдание .
- Самуел, изигра добро во целиот меч, но при голот на Каљари не се одлучи за офсајд стапица, се лизна и му овозможи на Аквафреска позиција еден на еден со Цезар
- Ибра, да да, Ибра, постигна гол но промаши две круцијални шанси кои играч од негов калибар мора да ги реализира и тоа при резултат 0 - 0, голот кој го постигна беше тацна сервирана од Креспо, потешко беше да се промаши .
- Круз, типов е џокер играч, заедно со Фиго, не се ова играчи кои треба да ги започнуваат мечевите, сеуште стојам на тоа дека Кварезма и Мансини треба да се дел од тимот на тие позиции ( полушпиц и плеј со поголема слобода во играта )
Покрај нив двајца, во првиот тим покрај Маикон фалеше и Станкович, како и со Сиена така и на овој меч уочливо беше дека играта не е иста без него во тимот .
п.с.
Вистински ИНТЕРИСТА, наша
Л Е Г Е Н Д А !!!