Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Според мене Креспо, Дакурт, Бурдисо и Адриано(Адри доби доволно шанси...дури и премногу па ќе кажам не заслужува да игра за Интер)уште зимава да си заминат, а додека на крајот од сезоната може да си заминат Виера,Фиго и Матераци.

Сум ЗА да го вратат Суазо, заслужува барем уште шанса, а Хименез никако не смеат да го испуштат.

Најискрено многу ми е жал што го пуштивме Пеле :smir:
 
Напротив, откако е Мурињо во Интер јас мислам дека Адриано оди на подобро! Самиот изјави дека се чувствува како да се родил повторно, изрази благодарност на Мурињо поради зборовите кои ги кажа пред почетокот на сезоната за него, единствена грешка беше закаснувањето на тренинг, друго се е шпекулација, дека бил пијан ова она.. едноставно потоа доби настинка, па после настинката во Бремен заработи мала повреда поради која замина за Бразил, како што изјави Мурињо подобро да ја излекува на 30-40 степени во Бразил отколку на 0 степени во Милано!

Ја во ова нешто не верувам. Настинка си е настинка, што викаат старите: “ако ја лечиш минува за 7 дена, ако не за 1 недела“. Дома, под ќебе, чајче... Освен ако не се однесуваше текстот на тоа дека повредата ќе ја лекува на 30-40, а не настинката.

Работава смрди на големо. Адриано успешно ги прокоцкува сите шанси. Да играа другите напаѓачи на ниво, до сега ќе беше трајно преселен во Бразил. Вака, Жозе ќе го толерира уште некое време, ама се си има граници. А и следниот испад е само прашање на време.

Знам дека е под медиумски притисок и “новинарите“ често пишуваат невистини и се тоа... ама се прашувам, зошто не пишуваат за Занети? За Станковиќ, Кордоба, Цезар, Камбијасо...?
 
Ајде малку фотки од предновогодишното расположење :):):)

111923-480.jpg

Подарок за Марче: Железни копачки со специјален брејкинг легс мод


111924.jpg

Подарок за Злате: Немам идеа што подарок му дале :)


111927-480.jpg

Подарок за најдобриот газда: Ќе остане тајна иако се шпекулира дека во вреќава се крие Агуеро :)

111930-480.jpg

Живи и здрави во новата година да ни се !!!

П.С. Фотки од Адриано нема, или дека е непослушен или со бабамразица пие виски :)
 
Мислев на повредата, не на настинката, исто мислеше и Мурињо кога го даде тоа интервју! А зошто нема за другите? Па тие немаат такво минато, затоа нема! Немаше да има нити за Адриано, да не починеше неговиот татко, па потоа тој се фрли на пијанство, што за мене е нормална работа.. загубил човек кој го сакал многу.. ако утре не дај боже умре некој близок од фамилијата на Златан или да речиме Балотели, мислиш ли ти дека тие повторно ке бидат овие истите што денес ги гледаме? Мислиш ли дека доколку Златан остане без својата жена, како што реков не дај боже, нема да оди по нокни клубови и со најубавите жени во Италија? Мислиш дека нема да пие? Нема да има трачеви по весниците? Истото е со Адриано, тој го загубил својот татко, на 22-23 години мислам.. тоа е работата..

П.С. Среќа што Морати мисли како и јас и не го продава Адриано, како што му велеа претходно многумина на чело со Манчини.. како што мислат многумина од вас, но Морати ја научи лекцијата, еднаш помеѓу трењерот и играчот, го одбра трењерот, го продаде играчот, останавме со Купер без Роналдо! Два пати не греши фала богу.. не би сакал да го видам Адриано во дресот на Милан!
 
Немаше да има нити за Адриано, да не починеше неговиот татко, па потоа тој се фрли на пијанство, што за мене е нормална работа.. загубил човек кој го сакал многу.. ако утре не дај боже умре некој близок од фамилијата на Златан или да речиме Балотели, мислиш ли ти дека тие повторно ке бидат овие истите што денес ги гледаме? Мислиш ли дека доколку Златан остане без својата жена, како што реков не дај боже, нема да оди по нокни клубови и со најубавите жени во Италија? Мислиш дека нема да пие? Нема да има трачеви по весниците? Истото е со Адриано, тој го загубил својот татко, на 22-23 години мислам.. тоа е работата..

Не се согласувам со тебе. Еве еден - два примери ма да не би сакал во таа насока да ја носиме темава, не ми се зборува за такви работи:

На Буларуж за време на првенството кога настапуваше за Холандија му умре ќеркичката. Тој замина дома а по неколку дена се врати и му се стави на располагање на Ван Бастен. Иста ситуација му се случи и на Пеѓа Мијатовиќ на времето исто така за некое првенство. Ни едниот ни другиот не започнаа со пијанчење.

Секој различно ги доживува загубите. Но тие се професионалци и имаат одговорност. Не само заради парите што ги земаат, туку затоа што многу други луѓе (соиграчи, трењери, сопственици...) зависат од нив. И да не ги заборавиме навивачите.

Се пишува и за други фудбалери. Новинарите маки мачат да ископаат афери за Бекам, дури му го разнишаа и бракот. Но човекот и понатаму цврсто стои со нозете на земја. Затоа е тоа што е, иако има многу подобри фудбалери од него.

На Адријано му беше покажана огромна толеранција до сега, но се си има граници.
 
Можи се да споредуваме ако сакаш, ама едно не можи! не можиме да споредуваме две различни човечки сушстества! бидејки две исто не постојат! Така да ако Буларуж го претрпел тоа, не значи дека и Адриано можи да го претрпи! За Бекам трачевите нон стоп му се со некои жени, што е и нормална работа! тој е секс симбол, човек икона, пари, модел, што сакаш.. тоа го знае и жена му, па и не обрнува којзнае колкаво внимание.. а можеби и таа така му прави, ако веке овај прави нешто.. па затоа не се замара многу.. но никогаш не рекле за Бекам дека се дрогира, дека се тепа.. ова она.. како со Адриано.. значи зборуваме за посебен случај, за фудбалер кој тогаш имал 23 год, а Бекам и Буларуж имаат по 30 тина.. така да оние моменти кои ни ги донесе Адриано на радост и срека јас не можам да ги заборавам.. како што не може нити Морати, така да овој фудбалер мислам дека ке остане во Интер и покрај се!
 
ОК, не спорам повеќе за ова. Не ми беше намера да споредувам, само да кажам дека трагедии им се случуваат на многу луѓе, но мора да се има и одговорност. Заради тоа што му се случило тој добил одредена толеранција, која не може да оди до бескрај. Време е да покаже одговорност, ако го направи тоа ќе остане, иако јас се сомневам дека ќе биде така. Времето ќе покаже.
 
Ок, повеке не знам што чекате од Адриано, човекот си е вратен на место, сега остајте што пишуваат весниците, ако беше до тие дојдена работата ке требаше Меси и Агеро заедно со Тери и Лампард да играат за Интер. Човекот си тренира, си игра, не можеме да чекаме секоја игра по 2 гола да даде во ваков тим. Ама преку таквото више кога читам дека некој е уморен од Адри, некој уште верува во него :). Никаде не си оди тој, Интер ке остане :)
 
'' Одморов '' и те како беше потребен, сите знаеме како игра Интер во период кога Мурињо има можност подолго време да го тренира тимот без натпревари во период кога има мала стагнација во првенството . Уште толку ке може да зајакне моменталната формација, се враќаат доста алтернативни играчи а и се очекува Круз во Јануари, и тимот да биде комплетен .

На 10ти Јануари играат со Каљари во 20:30, саботен вечерен термин што значи пак ке ги гледаме во живо, а друго нешто што заборавивме, можно е на тој меч најдобриот играч на Каљари, Аквафреска ( 6 гола сезонава од 17те на Каљари ), да биде во спротивниот табор, во Интер. :vozbud:
 
Значи овие играчи земаат вкупно 26 милиони што би значело едно супер засилување во тимот.
Да ги искоментираме платите:

Виеира 5 милиони евра договор до 2010 - плата голема, од договорот има уште 18 месеци, не би било паметно да му се продолжи договорот, ако може да се продаде , па да небиде ослободен без ништо.
Досега изигра две сезони добри, но оваа повеќе е повреден отколку здрав, добра алтернатива за Камбиасо.
Адриано 5 милиони евра до 2011 - платата е нормална но доколку ги прикажуваше партите од пред три години, моментално и на пазарот не држи цена, под хитно на трансвер листа, ако може да се направи трампа. Во Интер три години беа стрпеливи му дадоа многу шанси, но тој оди на полошо, единствена надеш да се врати во старата форма е да го смени клубот... незаинтересиран, непрофесионалец и незнае да цени кој клуб го дигна во височините. Интер 2001 година го донесе како анонимен, стигна до еден од најдобрите напаѓачи и згасна ( да се надеваме дека не засекогаш ). Вакви пропаднати кариери имале уште: Иван дела Пења, Перица Огњеновиќ и многу други. Жално за Интер. Дефинитивно уште зимава нека си оди, сепак треба да признаам дека Адриано, Рекоба и Роналдо моите нај омилени играчи. Но сега се откажувам од Адриано како коцкар од последната пара. Му посакувам се најдобро во неговиот иден клуб.
Ибрахимовиќ 11 милиони евра, договор до 2014 година. Ибрахимовиќ е посебна институција во Интер, комплетен играч, докажува дека ги заслужува парите. Сепак најголемата замерка кај него може да му се даде поради тоа што нема контрола на самиот себе, понекогаш себичен...наликува на Виери кога се преценуваше и шутираше понекогаш и кога нетреба. За среќа Ибра е за 10 класи подобар од Виери.
Кога би можело неговиот темперамент да се подсмири би бил најдобар без конкуренција. Мурињо со неговите изјави како да сака да му даде самодоверба и цело време во изјавите потенцира дека е најдобриот на светот. Досегашните успеси во Сериа А се должаат токму на Ибрахимовиќ, недај господе да се повреди, незнам како би излегле на крај и со послабите екипи. Жално е што покрај него нема ни приближно добар што може да му помага во нападот. Замислете кога би бил заедно со Меси или Кака во иста екипа.
Самуел 4 милиони 2009, за наша среќа Самуел не се снајде најдобро во Реал Мадрид или пак тие незнаеа да го проценат, после враќањето од Р.Мадрид последниве 10 кола со него во одбрана Интер ја направи разликата, само нека продолжи со вакви игри, а се надевам и на подигање на формата, да не заборавиме долго време беше повреден. Јас сум да му се продолжи договорот на уште едно 2-3 години.
Киву 3,5 милиони 2011, на исто рамниште со Самуел и Кордоба, плус може да игра уште на неколку позиции по потреба, но во Интер се уште не достигнал врвна форма. Добар е сега засега да се надеваме дека ќе се подобрува...голема мака мачи со повредите.
Станковиќ 3.5 милиони до 2010, од договорот му остануваат уште 18 месеци. Не би било паметно да му се продолжи договорот, знаеќи дека веќе наполни 30 години, игра променливо, а требаше местото во Интер да му виси на конец па така да се ангажира дополнително, изгледа кај Манчини се осеќаше комотно па играше топло-ладно. Ако имаме некоја пристојна понуда на лето убаво е да се заработи на него, но кога би се донесло некој играч до 25 години.
Фиго 3,5 милиони, до 2009 година. Фиго пред да дојде во Интер се сметаше дека е истрошен и во Интер несе очекуваше нешто посебно однего. Заедно со Пирес, Гигс и Фиго ...тоа беа моите омилени крилни играчи.
Платата му е голема, и неможе да одигра цел натпревар, добро е што Мурињо му дава да игра во последните 15-20 минути, па еве почна и тој да не изненадува, највероватно што така наречените звезди Кварезма и Мансини ги снема...
Креспо 3,5 милиони, 2009 год, ако може нешто однего да се заработи во зимскиов трансвер период, ако замине во некоја послаба екипа верувам дека ќе се истакне, имало доста такви случаевеи..Дарио Хубнер, Кристиано Лукарели и најново Марко ди Ваио. Креспо последно што играше во врвна форма беше токму во Интер во времето на Купер.
Кордоба 3 милиони , до 2011 , си ги заслужува парите до цент, стандардно добар, 10 години стандарден централен бек. Имаме среќа што се уште прикажува добри игри. Има еден Хендикеп што е многу низок за централен одбранбен, барем да беше повисок за едно 7-8 цм.
Ј.Занети 3 милиони до 2011 година, за него нетреба да се зборува се е кажано, многу му должи Интер на Ј.Занети. Но да не се лажеме Ј.Занети повеќе не е за во прв тим. Неговото стандардно место веќе се потполна со Маикон, за среќа добивме скоро исто толку квалитетен фудбалер...но Хавиер е единствен...Би било добро оваа да биде негова последна сезона како играч, и нека добие неко место каде би го гледале со кравата, тој тоа го заслужува. А вака наместо на позицијата во тимот да е се бара играч, ние на играчот му бараме место...тоа така нема да оди долго, Сепак Занети има 34-35 години. И Зидан можеше да игра се уште фудабал, но знаеше кога да престане. Треба да бидеме поучени од примерот со Малдини и Костакурта...нивното време одамна е поминато, но поради огромниот авторитет или кредит сега се бламираат па упорно игра во прва постава. А како последица на тоа е и играњто во Купот на Уефа. Малдини треба да седне на местото на Галијани. А Занети на местото на Барези или Бранка.
Камбиасо 3 милиони, до 2010, Занего можам да кажам дека добивме и ние џек пот, го добивме бакшиш од Реал Мадрид. Тие не знаеја да го ценат кај нас Камбиасо стана играчиште. Може да кажам дека Камбиасо е повлечена личност и ја работи работата за која е платен, а на Р.Мадрид му се потребни манакени...ги продадоа Макалеле, се откажаа од Камбиасо и ете до кај стигнаа.
Матераци 3 милиони, до 2009 година, оваа му е 8 сезона во Интер, занего можам да кажам дека е играч што не го разбира спортот и што не го разбира терминот Фер Плеј. Никогаш несакам силеџии, Матераци иако го сакаше Интер, иако даваше се одсебе, сепак јас занего немам добро мислење, затоа што тој колку што направил добро за Интер, многу повеќе и лошо...доста пати го оставал на цедило, за неговата игра карактеристично е дека несе надигрува со противникот, туку целта му е да го повреди...а такви играчи не ги оправдувам, па макар играле и за Интер.
Суазо 3 милиони, до 20012, се покажа дека од сите напаѓачи што ги имаме( без Ибрахимовиќ) го дадовме тој што барем нешто вредеше...брз, експлозивен, борбен...Креспо, Круз, адриано и Обиња вода можаат да му носаат.
Жулио Цезар 2,5 милиони, до 2009, две сезони во врвна форма, да се надеваме дека во последниве 2-3 утакмици неколкуте грешки што ги направи се случајни. Според мене еден од најдобрите 3 голмани во светски рамки. Толдо доби достојна замена.
Хулио Круз 2,5 милион, до 2009, кога дојде од Болоња како алтернатива за повредата на Виери, никогаш од него не се очекуваше да биде број еден од напаѓачите, беше земен за алтернатива, ги оправда парите кој ги земаше за плата и убаво е да се врати од таму кај што дојде, и на негово место да донесеме некој млад и надежен...Роберт Акуафреска од Каљари би ја превзел неговата улога или пак да се донесет Ибишевиќ.
Маикон 2 милиони до 2011, под хитно да му се продолжи договорот барем до 2013, добивме елитен десен бек. и тој би го вброил во џек потовите на Интер.
Максвел 2 милиони, до 2010, Максвел офанзивно е добар, но во одбраната треба уште троа малку да си ја подобри играта, ако планира да остане во Интер.
Дакур 1,5 милион, до 2009, слично како Жулио Круз , дојде како алтернатива, пред две сезони одигра доста добри натпревари и достојно го замени Виеира, но во моментов служи само за подршка од трибините и е прекуброен. Ноза некоја просечна екипа ите како би бил огромно појачување.
Бурдисо 1,5 милиони до 2009, играч кога беше доведен во Интер се сметаше за замена на Кордоба , но од него ништо, и под хитно да се ослободиме од него, несигурен, понекогаш наликува на Матераци и кога ти е најтешко може дополнително да ја влоши работата, да го нема, па дури и би платиле некој да го земи. Копито невидено. Нека му се заблагодари на Ј.Занети за неговиот престои во Интер.
Толдо 1 милион, до 2009 година, греач на клупа...хехехмала шала таква е неговата позиција и голема благодарност што го имаме Толдо, кога би се прашувал јас би му дал доживотен договор, Интер од секогаш имал врвни голмани...Паљука, Зенга, Фреј, Перуци, Толдо и сега Жулио Цезар.
Хименез - 1,5 милиони до 2010, купен за мали пари, мала плата , а однего очекуваме многу, иако е надежен но играчи на негова возраст стануват добитници на златната топка, супер си е за во Тернана.
Ривас 0,5 милиони до 2011 година, евтино купен, мала плата , за резерва добар е , ама не е за ротирање. Тој е добар за недај боже. и тој нека му биде заблагодарен на Кордоба , што стапнал на Џузепе Меаца.
Мансини, неможам да поверувам докажан фудбалер во серија А, а сега игра као почетник, недава максиум изгледа се заситил или му удрила славата во глава, често се случуваше и во Рома да игра топло-ладно, а познато беше дека не се мирисаа со Тоти. ако вака продолжи би било да го дадеме за исти пари додека има заинтересирани , а ние право на пазар.
Кварезма, чекавме доста време, за да се оправда. оваа ќе испадене како поговорката..Фалена Јаготка - празна кошница. Почнувам да ја губам довербата во него. Ја повторивме истата грешка на Барселона. И течко дека некој трет ќе се лизне по трет пат. Не е за парите што ги дадовме, него што останавме без Пеле, млад со добар изграден шут и еден од најголемите таленти на неговата позиција. Башка го носи името на фудбалската легенда.
Мунтари - Алтернатива , поради пропаѓањето на трансверот на Лампард. Морати требаше да понуди 25 милиони евра, еднаш да речеше оф и ќе го имавме од самиот почеток. а сега после секоја утакмица нека офкаа, а тие му понудија прва 10 милиони на Челзи, па 11, и смешни понуди.
Мунтари дефинитивно не е за прв состав на Интер.

Заклучок:
Наше богатство се:
1.Ибрахимовиќ
2.Маикон
3.Жулио Цезар
4.Камбиасо
5.Самуел
6.Кордоба
7.Киву
8.Максвел

вишак:
1.Адриано
2.Бурдисо
3.Креспо
4.Круз
5.Фиго
6.Дакур
7.Матераци
8.Хименез

Ова се само мои мислења, и не велам дека моите мислења на сите дека ќе им се допаднаат.
Но објективно гледано, така ги гледам работите, следеќиго Интер во еден долг период.[/quote]Добар пост, само не се сложувам со неколку работи.
Хименез би го ставил повеќе во богатство на тимот одошто во оние играчи кои се вишок. Се работи за млад играч кој има премногу квалитет и ако му се даде добра шанса има капацитет да игра во Интер. Долго време беше повреден па му треба малку време.. Хименез е единственото нешто што му е потребно на тимот моментално. Добар, креативен плеј што јас го гледам во Хименез.

Кварезма не доби доволно шанса да се докажи. Исвиркуван е од публиката и има одиграно само неколку натпревари. Треба да добива почесто шанса, 20-30 мин на секој натпревар па да влези во својата препознатлива форма.

Круз моментално е најдобриот шпиц покрај Ибра. ЌЕ биде добро да се врати Аквафреска, но не во Јануари. Можеби во Јуни...
 
Баш ми се допадна тоа што го изјави Мурињо, дека не планира за зимскиот ’’распуст’’ да оди со играчите некаде на топло место, оти кога ке се вратат би имало негативни ефекти. За разлика од сестрата наша, која ке оди Дубаи :), после кога ке се вратат на -2 да играт фудбал :) да ми свирнат.
 
Адриано е во моментов е најцрниот дел од тимот, па бидејќи нема за што друго да се збори нормално дека ќе удрат по него. Вистината си ја знаат само тој, Жозе и Морати. Но едно е јасно со него и Ибра во нападот делуваме многу поопасно (зборам кога е физички подготвен) и самиот Мурињо е свесен за тоа па еве со благ збор да кажеме дека го толерира сеуште. Но ако има нешто вистинито во она што се збори јас се кладам дека Моу ќе му даде клоца. Едно се нашите желби и претпоставки а друго е реалноста па затоа да не нагаѓаме што како да оставиме времето да покаже што е вистината.

Ако замине ќе ми биде криво бидејќи се работи за инзвореден напаѓач, (настрана од неговиот приватен живот) и сигурен сум дека во друг клуб (Милан) има да гази како и други играчи што сме ги испуштиле. Но сум против негово задржување ако и понатаму прави проблеми зошто се си има своја граница.

Иначе Адри има нова девојка, и сите се надеваат дека таа ќе го врати Императорот

C_3_Media_640054_immagine_det.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom