Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сега читав и се вели дека ќе се продадат за да се соберат пари за Дрогба. Адриано и Креспо да ги продајте, сосема доволно би било за Дрогба, дури и би ви останале пари.

Ти сериозен си, моментално Дрога не чини повеќе од 10 милиони евра, а во услови кога Интер ги има Ибра, Балотели, Круз и Адри, Дрогба не би го ни позајмил а не да го купат на сметка на Балотели ( иднина на Италија ), Адри кој е во најдобрите фудбалски години и Круз кој е одлична алтернатива од клупата . Да не го споменувам и фактот што Дрогба има 30 години ( во Март 31 ) и доста долго време мака мачи со повредите .

А тоа сериозен си, се однесуваше на собирањето пари, Морати веќе ги има, Интер како клуб воопшто не е погоден од економската криза и бар во тој финансиски аспект се добро обезбедени и можат да си дозволат нови засилувања без да продаваат играчи. Пробелмот е големиот број на фудбалери во овој тим, дел од нив се непотребни ( Креспо, ДаКур, Бурдисо . . . ).

п.с. За мечот вчера, фалеше Самуел, овој играч не е повикан за настапите во ЛШ во фазата со групи поради повредата, од Јануари и на него ке сметаат .
 
Во некои претходни мои постови околу трансфер пазарот го кажав моето гледање околу оваа работа и мислам дека кога Адри се скара со Мурињо кажав дека Дрогба сигурно доаѓа доколу Адриано замине (немора да биде точно ни сега ни во иднина и дај боже да е така) но Мурињо си има определана замисла и бара играчи кои ќе можат да го исполнат тоа (пред се цврстина и борбеност).

Во сторијата што ја напишта Газета дело Спорт има премногу Ако!!! Првото Ако е за Адри. Има договор до 2010 и ако не сака да потпише нов ќе оди на продажба бидејќи ризикуваме да замине по истекот на договорот во клуб кој тој самиот ќе си го избере а не ние.

Е сега Ако, Адри не потпише договор преговараме со Челзи за Дрогба и најверојатно ќе се понуди Адри во чиста трампа. Дрогба и Адри имаат договор до 2010, двајцата играчи не се многу задоволни од сегашната состојба во своите клубови па дури Адри е во подобра моментална форма зошто Дрогба веќе заработи две повреди а да не заборавиме и дека Адри е помлад пет години. Која е логиката да платиме пари.....

Второто Ако се однесуваше на Балотели и неговото незадоволство од минутажата па можеме да го пратиме на позајмица да се кали со што јас се согласувам.

Третото Ако е за Креспо и неговиот трансфер во Мадрид. Евентуално комплетирање на зделката може да не остави со мањак во нападот па во игра влегува Тевез чии трансфер во Јунајтед сеуште виси во воздух.

Значи исполнување на ови сите АКО за мене е малкуверојатно но никогаш не се знае. Иако јас повеќе би играл на другите две опции кои ги спомнува Газета, Кун Агуеро и Карим Бензема
 
Прво убаво испровоцира губење од Панатинајкос девојченценцето, па продолжи со честитки. :toe:
Пред мечот имав некое чудно чувство за мечот со грците, а и каков татко таков син, и татко ми кога дозна кој меч ке биде денес пренесуван прво нешто што кажа е , цитирам : '' Губат, како што влегоа во форма по Рома, така и денес по Јуве ", го барав после низ куќа, демек " легнал '' :sakas_ust. <- ова не ви е мртов пиксел .

Добро ги прочитав сите постови и никаде невидов провокација од антифановите на Интер, затоа твоите реакции не се на место.
Небиди ист како членовите на другите фан клубови-плачковци...
Изгуби Интер поштено, но за среќа без последици...
Се надевам дека нема да ти се повторуваат вакви ниски работи, затоа што досега си бил многу коректен и доста интересни постови си пишувал.
За доброто на фан клуб Интер, немој да паѓа на ниско ниво.

How sweet :pipi: На крај краева никот ти е Маца кака, слободно можеш и на темава уз некоја честитка наравно. Се надевам до Мај ке ни честиташ.
Те молам без навреди на Анти-фановите на Интер, нема ништо навредливо во нивните постови.
Епа ондак не провоцирај и готово.Пишуаш безвезни глупости, ја не почнав прв!
Немораш да обрнуваш внимание на неговите постови, ако толку не ти одговараат.
На што да ви честитам? Дека победивте сега со Торино или дека вчера тепавте, а?
Па и тие вчера немаа на што да ни честитаат, дозволивме да ни се потсмејуваат, но за среќа ние сме во 1/8 финале.

П.С. Чекич читај девочево што пишуа, и пак размисли зашто ја браниш
...
читај прв и втор ред, читај!

Тоа се однесуаше на Маца кака

Чекич доста со удварањево, малолетничка е гад демит . (шала) :D

Онтопик : Mурињо над 100 меча немаше пораз на домашен терен, дојде денот кога изгуби, каде ако не на Меаца со Интер .
Не е дојден крајот, убаво ти беше објаснато претходно дека серијата се однесува на лигашки натпревари.
п.с. Со Манчини немавме никакви проблеми во фазата со Групи, иако секогаш имаа лош старт, на крајот лесно излегуваа со групите. Имајте го ова во предвид, а го имам кажано многу пати, добро е што играат лошо во овој дел од првенството а немаат негативни последици. Конечно денес и Мурињо јасно да каже дека тимот играше лошо и заслужено изгуби, убеден сум дека ке ја истемпираат играта и дека ке го видиме Интер во вистинското светло, бар оваа година имаме тренер способен да го направи тоа, за разлика од лани кога Манчио мижеше пред сите испади и лоши игри на фудбалерите и тимот .

Тоа сакав и јас да го кажам.

Грци се ги мразиме, али подавам рака за навивањето, тоа беше лудница. На сите натпревари до сеа шо ги изгледав во лига шампиони немаше 1122љљЁИИИУИИОИ9-8ЅТ. Вреди да се спомнат и на Зенит навивачите, али далеку се од Гате 13.

Ти читаш правила на форумов пред да постираш ? А за титулата, доделена е на Интер зашто тимот за кој навиваш местеше утакмици и верувај, нема фан на Интер што се гордее со таа титула за која најголем виновник е Моџи,ти битно стави дури 3 смајлиња на крајот од постот, браво.

п.с. Поправи ме ако грешам, али мислам дека не те видов со честитки на темава во Сабота. :toe:
п.м.с. Џабе ситење, и онака се пласираа во 1/8 финалето, подобро е сега да губат, а не во Фебруари.

A сега имаме проблеми со фазата во групи? Цело време први сме на табела. За мене голем проблем е после 2 утакмици да имаш 0 бодови, и да мора да се вадиш на следните утакмици. Искрено сегашниве проблеми се добредојдени, проблеми кога ниеднаш не беше во прашање нашиот пласман понатаму, дури сметам декане се работи за такво нешто воопшто.

Трпение, победите и поразите прифатетеги со достоинство без плукање по клубот, сите ние за Мурињо пишувавме во суперлативи, а сега забораваме на тоа што сме пишувале...
На сите фанови ние незгодно што загубивме со Милан и вчера со Панатинаикос, но тоа е спорт каде што се губи и се победува и тоа е нај нормално.
Кој сака екипа која дава многу голови игра атрактивен фудбал нека ја одбере Барса која моментално игра најдобар фудбал за гледање...
 
Ти сериозен си, моментално Дрога не чини повеќе од 10 милиони евра, а во услови кога Интер ги има Ибра, Балотели, Круз и Адри, Дрогба не би го ни позајмил а не да го купат на сметка на Балотели ( иднина на Италија ), Адри кој е во најдобрите фудбалски години и Круз кој е одлична алтернатива од клупата . Да не го споменувам и фактот што Дрогба има 30 години ( во Март 31 ) и доста долго време мака мачи со повредите .

А тоа сериозен си, се однесуваше на собирањето пари, Морати веќе ги има, Интер како клуб воопшто не е погоден од економската криза и бар во тој финансиски аспект се добро обезбедени и можат да си дозволат нови засилувања без да продаваат играчи. Пробелмот е големиот број на фудбалери во овој тим, дел од нив се непотребни ( Креспо, ДаКур, Бурдисо . . . ).

п.с. За мечот вчера, фалеше Самуел, овој играч не е повикан за настапите во ЛШ во фазата со групи поради повредата, од Јануари и на него ке сметаат .

А колку мислиш дека вреди Креспо со неговите 33-34 години? Или Адриано кој едвај се враќа во колосек од неговиот бурен живот изминативе неколку години? Добро, шо е помлад Адриано е во предност спрема Дрогба и можи само тој да го „покрие“ Дрогба. Плус (пишав и во фан клуб: Челзи) Интер е тој што (наводно) го бара Дрогба и нормално ако е загреан толку, ќе треба и да се заангажира повеќе.
За собирањето пари, не јас да сум (не)сериозен, туку тој беше муабето на гол.ком. :)
 
Знаеш што вика Goal.com за вчера, судбината на Интер за пласман во 1/8 финалето зависи од нивниот последен меч со Вердер, а забораваат дека фрците играат меѓусебен дуел што значи Интер е веќе квалификуван .
Ти ако веруваш на ваков '' сериозен '' медиум ке се заебеш, благе везе си немаат, трачерај невиден . Знаеш колку лошо ги преведуваат Италијанските весници, еве ти еден пример, Морати по мечот од Супер-Купот со Рома рече дека не е фер да се збори сега за Кварезма кога играчите на Интер се изборија за таа титула, не е фер кон оние кои сега играат за Интер, а Goal.com излегуваат со статија во која велат, Морати : '' Не ни е потребен таков играч '' .
До некаде се согласувам со Бојан, Интер како и да е не сака да се доведе во ситуација Адри да го бира клубот во кој би се преселил, а за нивни инат тоа би биле ББ Мерда, плус таму се и Рони и Кака и Пато . Целта колку што знам на Морати е носење на Агуеро, Адри е како создаден за трансфер на Агуеро плус доплата, а муабетиве со Дрогба и сите нереални шпекулации поврзани со него каде се вметнуваа Балотели, Адри плус поголема сума на пари се за во тема Чек дис аут . И да се навратам на Агуеро, носењето на Дрогба ја затвара вратата на Агуеро, а тоа воопшто не би му одговарало на Морати, вратата за Дрогба беше отворена летоска, не и сега .

@ Думан, што се навраќаш на тие постови, си се ситеше девојчето, моја грешка што се спуштив на ниво на 16 годишно дете и тоа е, крај на приказната .
 
Докога Интер ќе доведува истрошени играчи или кој се на залезот од кариерата?
Тим кој има за цел да ја освои Лигата на Шампиони, не би можел да се надева за таков успех кога во него има место за Фиго, кој неговиот поранешен клуб Реал Мадрид се откажа уште пред три сезони ( како потрошен).
Вака ,ако Интер планира да го доведе Дрогба или некој друг над 30 години, тогаш со задоволство би го прифатил ангажирањето на Зенедин Зидан.
Нека го активира пензионерот, и најодговорно тврдам дека ќе биде покорисен од еден Дрогба...и така не фали еден таков играч.
На крај краева нема да плаќа на никој за негова оштета.
Едно треба да ни е јасно, Интер никогаш не бил добар кога е во прашање трансвер пазарот.
И кога ќе успее да направи добар трансвер, за една до две сезони ќе се откаже од услугите на играчот во некоја си чудна размена на играчи.
 
111406.jpg

Амантино Мансини за време на утринскиот тренинг!
 
Ти ако веруваш на ваков '' сериозен '' медиум ке се заебеш, благе везе си немаат, трачерај невиден . Знаеш колку лошо ги преведуваат Италијанските весници, еве ти еден пример, Морати по мечот од Супер-Купот со Рома рече дека не е фер да се збори сега за Кварезма кога играчите на Интер се изборија за таа титула, не е фер кон оние кои сега играат за Интер, а Goal.com излегуваат со статија во која велат, Морати : '' Не ни е потребен таков играч ''
Да се надоврзам (барем онолку колку што се моите информации)...На сите светски ОФИЦИЈАЛНИ фудбалски форуми, независно на кој клуб и да се, се забранети линкови од гол.ком, па сега оценете колку се веродостојни статиите и новостите таму :toe:
Какви не стории напишаа, во меморија ми останаа написите за Хунтелар кој веќе го направија потпишан за Јувентус, па дури се споменуваше дека бил во Торино и бил потпишан договор меѓу Јуве и Ајакс, а Хунтелар ниту бил во Торино, а уште помалку па да потпишал... И со Ван Дер Ваарт беше иста ситуација, дури имаше форумџии од сите клубови кои го честитаа трансферот во Фан Клуб: Јувентус, а тоа немаше никаква врска...

Јас искрено премногу го почитувам Дрогба, дури беше во форма за него имав речено дека е најдобар напаѓач, и напаѓач со најголемо чувство за гол..Ама Дрогба е 30+ години, Адриано е 26 години...

Да се дрзнат Интер да направат трансфер, Адриано +15 милиони, за Дрогба мислам дека е премногу..Плус да ја земиме моменталната форма, Дрогба залекува повреда, а Адриано покажува дека има талент, и дека е многу добар напаѓач и мислам дека ќе се врати во форма...Не би бил паметен многу потегот ако се решат на него.. Ама мислам дека и ова е уште една трачераана на гол.ком, и медиумите кои лиферуваат информации само за да бидат читани...
 
+ земи го и The Sun. :toe:
 
+ земи го и The Sun. :toe:
Па и тие лиферуваат информации, можеби не колку гол.ком и цела компанија интернет-жолти печати, ама и тие неретко излегуваат со некоја смешна статија.. Газета Дело Спорт, пример имаше статија два дена пред ставањето на потписот на новиот договор на Јуве со Џовинко, која велеше дека Џовинко ќе се пресели во Арсенал, и дека нема да потпише со Јуве, бидејќи е незадоволен од статусот во Јуве, при што за два дена се демантираа сами.. Тие мора да `шитнат` некој ваков примамлив наслов, за да им се троши весникот повеќе, отколку оние стандард информации кои ги има на официјалните страни на клубовите...
 
Гол.ком излегоа и со статија за Маикон, дека со Јуве изигра фантастично и дека го постигнал и победоносниот гол, тие се медиумска трагедија на интернетов, иако превземаат информации од други весници, бар да ги преведуваа точно, а и да не прават аматерски грешки, како на пример пласманот на Интер во ЛШ ( дека сеуште е неизвесен ) и ова што сега го напишав, за Маикон .
 
Морам да се умешам во дебатава пошто многу ми е интересна. Јас стојам на зборот дека во моментов нема подобро екипиран портал од гоал,цом во однос на време и обем на информации (за точноста на тоа несакам да зборувам бидејќи тоа е дел од новинарските трикови и финти). Можеби имаат некој грешки но кој нема и она што е таму е дел од весниците ширум светото а тие само го презентираат на едно место. Значи ако некој кон кого треба да се вика се весниците, радиата и ТВ куките.

Кико ако викаш дека на некои светски форуми не се дозволуваат лонкови од гоал, тогаш на тие форуми е забрането да се говори за шпекулации такаа??? значи се говори за формата за играта за повредените играчи и мислења на фановите... но не и за трансферите. И ме интересира тогаш од кој сајтови се дозволуваат линкови?

За вакво нешто имаме разговарано и претходно и мислам дека Syn го даде примерот со Ибра, како гоал објавил дека Морати вика не го сакаме Ибра а Ибра следниот ден дојде во Интер. Па оваа година истото се случи со Кварезма. Морати до последен ден викаше дека Кварезма не доаѓа дека имаме премногу напаѓачи и 5 до 12 Кварезма дојде. Значи не е виновен гоал тука нашиот претседател кој е човек од збор.

Не викам дека се е перфектно, ама мислам дека сите сте свесни како оди трансфер пазарот и шпекулациите и дека се треба да се земе со доза на резерва. А на официјалната страна никогаш нема да има нешто за играч кој е мета на клубот па затоа многу ме нервира кога некој ќе рече, не верувам додека не видам на официјалната страна.
 
Потполно се сложувам со bojann1, во врска со трансверите и шпекулациите на медиумите.
Многу ме зачудува , како неможете да размислите дека медиумите се добродојдени, а доколку ги нема нив тогаш од каде ќе се информираме за случувањата во спортот.
во врска со нивните „грешки“ воопшто не се сложувам со читателите кој ги напаѓаат на медиумите.
Ако во случајот goal.com, некој не им верува тогаш нека неги чита.
Со болдираното bojann1, кажува каде е проблемот, кога некој преставник од клубовите денеска изјавува едно, а утре се случува спротивното, тогаш не е виновен медиумот, туку само ги пренесуваат размислувањата или плановите на клубовите за кој играчи се заинтересирани или пак со кој играчи ќе настапи некој клуб.
Па често се случува во последен момен, да се случи промена во составот, а ние повторно без да размислиме ги обвинуваме медиумите.
Медиумите се фактор кој го популаризираа спортот, а на гледачот или читателот се му е сервирано.
 
Кико ако викаш дека на некои светски форуми не се дозволуваат лонкови од гоал, тогаш на тие форуми е забрането да се говори за шпекулации такаа??? значи се говори за формата за играта за повредените играчи и мислења на фановите... но не и за трансферите. И ме интересира тогаш од кој сајтови се дозволуваат линкови?

:oftopic:За да не влегуваме во офтопик, претпочитам дискусијата да ја продолжиме тука
 
juventus ke izgubel od regina taka se zboruva vejce podolgo vreme

Inter striker Adriano has been linked with a move away from the club this season after being regularly left out of the line-up by Jose Mourinho.
Despite being reinstated to the squad recently, many feel the Brazilian could still be heading for the exit door especially if the Nerazzurri successfully land Didier Drogba.
The latest suitor to appear on the list of admirers are German champions Bayern Munich, according to tuttomercatoweb.
The powerful 26-year-old seems to be hot property, having already attracted interest from Milan, Lyon, Palermo, and Manchester City in recent weeks.
Bayern may be searching for a striker in January as Lukas Podolski has made it clear he wants to leave in order to find more playing time. The German international constantly plays second fiddle to Miroslav Klose and Luca Toni for the Bavarians.
The German side may have the upper hand above other clubs in the negotiations because of coach Jurgen Klinsmann's past with Inter.

Brazilian striker Adriano has been a square peg in a round hole at Inter Milan for some time, and his future at the San Siro is not being measured in years. But is he the sort of player who would fit into Rafa Benitez's title-chasing Liverpool squad?

It seems unlikely; yet that is what some sections of the Italian media are speculating this morning.

The question of the looming January transfer market is exercising the media, and according to Italian radio, Liverpool are ready to enter the race for the 'Emperor' with an £8 million bid.

Leaving aside whether or not Adriano is the 'right' player for the Reds at the moment, given the excellence of Fernando Torres and the summer's heavy outlay on striker Robbie Keane, there is the issue of Liverpool's apparently strained finances.

The club's American co-owners may succeed in getting a six-month extension on their debt repayments, which some sources say could make some £20 million available for the transfer kitty. Adriano, though, would swallow up a hefty chunk of that when his wage demands are factored in. After all, the lifestyle he has to support is not exactly that of a monk.

Still, Inter clearly want to offload him, and it is claimed that at least five clubs are interested, including Chelsea, Manchester City and Real Madrid.

However, it is understood that the relationship between Inter coach Jose Mourinho and Adriano means a quick sale could be concluded, with the striker having the casting vote on which club he joins.

It still seems unlikely that Liverpool would be sufficiently interested to enter a bidding war. Then again, stranger things have happened...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom