Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јупи а је о Јупи а јо....Јупи а је о јупи а јо

Многу ќе ми биди кеф ако баш овие 3 бода ќе ни ја донесат титулата!!!!!!!!!!


AMALA,PAZZA INTER AMALAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA!!!!!!!!!!
 
Стиже рејтинг!!!!!

inter.it Julio Cesar 8.1535
Maicon 7.7376
Materazzi 8.2472
Samuel 8.6355
Maxwell 7.4097
Zanetti 7.7202
Cambiasso 8.2777
Muntari 7.8560
Stankovic 8.3789
Ibrahimovic 8.2419
Adriano 7.7492
Vieira 6.8834
Cruz 6.9444
Burdisso 6.4009

Goal.com
Julio Cesar: 6.5
Maxwell: 6.0
Samuel: 7.0
Materazzi: 7.0
Maicon: 6.5
Zanetti: 6.0
Cambiasso: 7.0
Muntari: 7.5
Stankovic: 8.0
Adriano: 6.0
Ibrahimovic: 6.5


За мене лично Самуел Man of the Match , и Адри многу се трудеше и беше доста опасен Поз
 
Оваа вечер помина во знакот на ИНТЕР... и на оние глупи реклами на Комерцијална Банка :pos2::pos2:

Тотално ги надиграа... Ептен заслужена победа...
 
Оваа вечер помина во знакот на ИНТЕР... и на оние глупи реклами на Комерцијална Банка :pos2::pos2:

Тотално ги надиграа... Ептен заслужена победа...

Ко ке ми се појавеше Каролина и пцуев се живо :pos2::pos2:
 
Моите оценки (5-10)

Julio Cesar 8.5 - Немаше многу работа, а одлично го одбрани одарот на Амаури после корнерот.
Maicon 8 - Стандардно продорен по десната страна и цврст во одбраната. Овој пат нетребаше ништо повеќе го даде потребното од себе.

Materazzi 8 - Суверено ги чистеше топките и добро соработуваше со Самуел и Камбиасо во покривање на просторот.

Samuel 9 - Исто како и Матераци. Без прекршоци ги одземаше топките во играта човек на човек, не му можеа ништо.

Maxwell 8 - Во одбрана добро ја покриваше страната, иако Јувентус секогаш своите напади ги градеше преку десната страна, iсе уфрлаше добро во нападите.
Zanetti 7.5 - Стандарден!

Stanković 8 - Играше одлично, наоѓаше наједноставни решенија и одлично проработе во врската. Единствено требаше подобро да реагира кога излезе сам пред голманот на Јубе.

Cambiasso 9 - Паметна игра, супер организираност на играта, го започнуваше секој напад. Влегуваше во блок ударите во нашиот шеснаесетник и ги сечеше сите топки кога Јувентус започнуваше напад. Едноставно човекот е многу интелигентен, а и физички супер спреман. Штобараш повеќе во денешниот фудбал од еден играч.

Muntari 7 - Катастрофа во првото полувреме Ги стопираше нашите контри, изгубено делуваше, најосновните додавања не ги одработи, го губеше секој дуел со противниците. Но многу трчаше, се бореше за одземање на топки, а ни донесе и три бода!!!

Ibrahimović 8,5 - Фантастично доаѓаше по топката, помагаше во играта на средниот ред, ги разигруваше, дриблаше. Случајно но сепак асистент при постигнувањето на голот. Двете 100% прилики да ги реализираше ќе добиеше 10!

Adriano 7.5 - Играше добро, но сепак се уште не е физички потполно спреман. Доста дуели кој понапред ги добиваше, сега неможе да ги добие. Од иста причина му недостига неговата брзина.

На тие што влегоа во игра немочам да ги оценам, затоа што многу малку играа.

Целокупна оцена за Интер 8.5
 
Абе не мораше да ги напишеш твоиве оценки...

1. Цезар одбрани удар на Дел Пјеро, не на Амаури.
2. Мунтари во прво полувреме имаше 2 удари, 1 со глава по центаршутот на Адриано, а вториот по асистенција на Ибрахимович при што Манингер одлично одбрани. Сакам да кажам дека покрај Ибрахимович, Мунтари беше вториот играч на Интер кој имаше конкретни шанси за гол.
Значи да, имаше грешки при додавањата, ама премногу истрча и влезе во 3 шанси за гол (од кој 1 искористи). Заедно со Камбијасо тотално ги надиграа Маркисо и Сисоко...
= добра партија на Мунтари, кој искрено не ми направи мерак кога потпиша за Интер, едноставно ми е недокажан играч за екипа како Интер.
 
tiamo_photobanner.png

Наредниве неколку месеци нема да ги читаме повеќе глупите постови на Јубе фановите, затоа што Мунтари едноставно им порача тишинааааааааааааааа!!!
 
Ibrahimović 8,5 - Фантастично доаѓаше по топката, помагаше во играта на средниот ред, ги разигруваше, дриблаше. Случајно но сепак асистент при постигнувањето на голот. Двете 100% прилики да ги реализираше ќе добиеше 10!

Adriano 7.5 - Играше добро, но сепак се уште не е физички потполно спреман. Доста дуели кој понапред ги добиваше, сега неможе да ги добие. Од иста причина му недостига неговата брзина.
Целокупна оцена за Интер 8.5

Ќе ги коментирам оценките само на ови двајца зошто со останатото се сложувам па нема потреба да се повторувам. Адри за потсетување немаше настапено пет натпревари по ред или отприлика добар месец. Па така да незнам зошто повеќе фанови на форумот беа незадоволни од него. Адри немаше ни една 100% шанса, сите шанси беа со играч до него со дуел од многу тешка позиција и нормално е дека неможе да постигне погодок. Секогаш имаше двајца чувари до него, така беша и при погодокот. Адри најпрво беше во дуел со Легро и Милнаро мислам, па топката падна до Ибра кој повеќе на среќа отколку што сакаше го проигра Мунтари.

Ибра мораше барем една од двете шанси да ја претвори во погодок, расен стрелец, играч што претендира да биде освојувач на Златна Топка, мораше многу подобро да реагира. Како да е проколнат на големи натпревари да неможе да постигне погодок, а на нормални натпревари да даде прекрасен погодок. Дури при првата 100% шанса можеше да го проигра Адри и пак сите ќе го славеа него и ќе викаа дека сите заслуги одат на името на Ибра.

Првото полувреме ме потсети на дуелот со Ливерпул. Исто и тогаш имавме неколку шанси ама од желба за докажување и себичење не успеавме да ги реализираме.

Затоа мислам дека Адри во најмала рака заслужува оцена како и Ибра
 
Изјава на Мурињо после натпреварот помеѓу Интер и корумпираниот Јувентус
grin.gif
grin.gif
grin.gif
grin.gif
grin.gif

На почетокот тој објаснуваше за неговата одлука, Адриано да игра од самиот почеток.

"Ние игравме подобро од нашиот противник, мојот погледa ми даде помош за невероватните перфоманси кој ги поседуваме, па така многу ми беше лесно да одговорам на тактички зададената задача, ни требаше само карактер за да се дојде до победата, при што во текот на натпреварот го покажавме и нашиот победнички карактер.

"Јас секогаш напоменувам, ако сме премногу напнати нема да победите, и ако све премногу опуштени пак нема да победете. Мора да се пронајде средина. Како тренер морам да кажам дека мојата екипа беше фантастична од самиот почеток до крај.

"Оваа недела сватив што значи натпревар за Интер, а јас сум среќен што дадов мој придонес. Ја посветивме оваа победа на нашиот претседател, кој е пресреќен што победивме оваа вечер."

На прашањето дали осетивте дека оваа е најдобриот Интер во оваа сезона, тој одговори: "Не знам , но мислам дека оваа е само почеток а најдоброто од Интер доправа доаѓа.

"На полувремето само разговаравме за два-три мали детали од играта и се договоривме да продолжиме со истиот начин на игра од првото полувреме".
 
On the team's tactical system, Mourinho said: "The football I prefer is with wingers, but they aren't doing very well at the moment so I have to adapt to the situation. I like to have three players up front, but like this the team has more balance.
Фала Богу!!! му текна на Мурињо дека со 4-3-3 ке иде тешко во Италија. 4-1-3-2 или 4-4-2 е добитна комбинација. Приметете ја разликата во игра и колку малку шанси може било која екипа да создаде кога играме 4-1-3-2. Сеа останува да ги згазиме Гејнатинаикос и со мирна глава да влеземе против Вердер.
 
Ни следува интересен натпревар во среда против Панатинаикос во Лигата на Шампиони...Овој натпревар ќе биде пренесуван на ХРТ 2 , вчера натпреварот Интер - јувентус го гледав на ХРТ Плус, со одличен коментар. Се надевам на добра игра и уште една победа, а со тоа и пласман во 1/8 финале како првопласирана екипа од групата. ФОРЦА ИНТЕР!
 
Ќе се убацам малце во муабетот, зашто кога даде гол Мунтари никој не се радуваше со него? Чисто информативно ме интересира затоа што не пишуваше нигде за некаква кавга со играчите или слично
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom