Моите оценки (5-10)
Julio Cesar 8.5 - Немаше многу работа, а одлично го одбрани одарот на Амаури после корнерот.
Maicon 8 - Стандардно продорен по десната страна и цврст во одбраната. Овој пат нетребаше ништо повеќе го даде потребното од себе.
Materazzi 8 - Суверено ги чистеше топките и добро соработуваше со Самуел и Камбиасо во покривање на просторот.
Samuel 9 - Исто како и Матераци. Без прекршоци ги одземаше топките во играта човек на човек, не му можеа ништо.
Maxwell 8 - Во одбрана добро ја покриваше страната, иако Јувентус секогаш своите напади ги градеше преку десната страна, iсе уфрлаше добро во нападите.
Zanetti 7.5 - Стандарден!
Stanković 8 - Играше одлично, наоѓаше наједноставни решенија и одлично проработе во врската. Единствено требаше подобро да реагира кога излезе сам пред голманот на Јубе.
Cambiasso 9 - Паметна игра, супер организираност на играта, го започнуваше секој напад. Влегуваше во блок ударите во нашиот шеснаесетник и ги сечеше сите топки кога Јувентус започнуваше напад. Едноставно човекот е многу интелигентен, а и физички супер спреман. Штобараш повеќе во денешниот фудбал од еден играч.
Muntari 7 - Катастрофа во првото полувреме Ги стопираше нашите контри, изгубено делуваше, најосновните додавања не ги одработи, го губеше секој дуел со противниците. Но многу трчаше, се бореше за одземање на топки, а ни донесе и три бода!!!
Ibrahimović 8,5 - Фантастично доаѓаше по топката, помагаше во играта на средниот ред, ги разигруваше, дриблаше. Случајно но сепак асистент при постигнувањето на голот. Двете 100% прилики да ги реализираше ќе добиеше 10!
Adriano 7.5 - Играше добро, но сепак се уште не е физички потполно спреман. Доста дуели кој понапред ги добиваше, сега неможе да ги добие. Од иста причина му недостига неговата брзина.
На тие што влегоа во игра немочам да ги оценам, затоа што многу малку играа.
Целокупна оцена за Интер 8.5