Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе се убацам малце во муабетот, зашто кога даде гол Мунтари никој не се радуваше со него? Чисто информативно ме интересира затоа што не пишуваше нигде за некаква кавга со играчите или слично

Имаш некоја грешка во пресметувањето. Гледај ја репризата.
 
А има ли некоја изјава за Адри после натпреварот ?
 
to interr gi zgazivme ciganite nikat nema da en pobedite aj sea sikter do sledniot natprevar
INTER:juventus:1-0
 
Сега за сега изјавата на Мурињо, демек бил животно :)
Клик
Ова е една од предностите на Мурињо пред другите тренери. Покрај тоа што е одличен стратег е и добар психолог.

Ибра и Занети не одиграа нешто посебно, беа едни од послабите поеднинци во ИНтер (ако воопшто имаше послаби поединци..).
Но Мурињо знае да ги мотивира, да ги пофали одние кои одиграа одлично, а исто така и оние кои не беа на тоа ниво.

"Го сакав Адријано разлутен како животно и го добив на теренот. Ибрахимович? Кажете ми лош збор за него веднаш ќе ве нападнам и ќе ве заборавам за сите времиња. Ибрахимович беше одличен, одработи голема работа. Занети го обожувам, професионалец е на квдрат. Сите бевме одлични."

Одигравме одлично, и си освоивме три бода, тоа е најважно.

Победата во дербито значи и дополнителна самодоверба па очекувам победи и во наредните, исклучително тешки натпревари. Во среда против Гејците каде се надевам дека ќе ги понижиме во Милано, па потоа следат 2 тешки натпревари од Сериа А против Наполи на "Џузепе Меаца" и потоа на Олимпискиот стадион во Рим со Лацио.
 
Честито победа после 4 години натпреварот беше повеке од одличен каква борба имаше само меѓу играчите едноставно класика...п.с Се глеаме во Ториноп.п.с Ве згазивме на навивачки планhahah pa fala bogu deka ke ve tepame po 4 godini ne mozime nie od seria A da igrame protiv timovi od seria B
 
Победи подобриот :D, Јуве првата шанса ја имаа по 80 минути игра, а тоа што најмногу ме радува е играта, конечно Мурињо научи дел од Италијанскиот рецепт за Фудбал, игра без крила во средината, модифицирана 4-4-2 ( 4-1-3-2 ) во која за кросевите одговорноста беше целосно префлена на Максвел и Маикон.
Два тешки меча по ред со иста формација, и во двата не се прими гол а се покажа убава игра ( убава за италијански услови :D ).

Е сега проблемот е што тимот игра убаво а во истиот не се скапите засилувања Кварезма и Мансини а истите ке мора во иднина да играат за да се оправдаат потрошените финансии што мене искрено воопшто не ме плаши .
Реално да гледаме, со нив двајца во тимот Интер е далеку покреативен, но тоа што истите беа користени стриктно како крила мислам дека беше погрешна проценка на Мур со оглед на фактот дека крилен играч во Италија за разлика од Англија или Шпанија/Португалија ја нема онаа слобода во играта која би му овозможувала кросеви по страничните позиции и правење дривлинзи за публика . По крилните позиции за кросеви и нафрлени топки овој тим е обзебеден со Максвел и Маикон, нема потреба од гушење на играта со Кварезма и Мансини на истите места. Моја желба е и двајцата да играат поцентрално во средината т.е. помеѓу нападот и средината, нешто слично на Милан со Кака и Рони, и они ако добро приметувате по крилните позиции играат со Марек и Замброта .

Се зависи од Мурињо иако верувам дека и он го увиде истото, доказ за тоа се двата последни меча во кои Интер ги видовме во вистинското шампионско светло без онаа анемичност која не пратеше на голем дел од мечевите.
Војната за која зборат фановите на Јуве се состои од вкупно 20 екипи во Калчото а и Интер и Јуве ја водат со 19 од истите, а до мечот во Торино наредната година нешата ке бидат различни, се надевам во корист на Интер па мечот да не биде од огромно значење за нив, нека биде само за Јуве.

Интер оваа година направи само еден кикс според мене, дома со Џенова, за разлика од останатите конкуренти за титулата. Реков дека најтешкото за Интер по мечевите со Палермо и Јуве ке помине, истото е веќе минато, но најтешкото и за Милан и за Јуве допрва следи, пред Се за Милан и затоа ме радува моменталната табела на која Интер и по овој викенд ке е прв, без разлика дали со 1,3 или 4 бода пред Милан .

Честитки до сите фанови на Интер, честитки за Great кој дојде до бројката 1000 постови и честитки за Камбија, добил ќерка .

п.с. Не згазиле на навивачки план, смешки, лани во Торино повеќе ги слушав фановите на Интер на пример па ништо страшно, ирелевантен факт кои навивачи повеќе се слушале, најбитно се знае што е, а истото оди во корист на црно-сините фанови.

п.п.с. Фала за честитките . :smir:

п.п.п.с Џовинко:
However, trust me, Juventus are going to win. I always tell the truth
:toe:
 
Торино Милан 2-2
Сега им бегаме 3 бода!:baeh:
инаку истата утакмица со Торино ја имавме ние ама тогаш заврши 3-1 за нас во торино!
 
Добро е, Милан изигра 2-2
Сега вака иде табелата

1.Интер 30
2.Милан 27
3.Јубе 24
...

П.С. Кака пак сакаше да земе пенал со глумење, за среќа судијата досуди коректно, т.е. жолт картон за Кака!
 
Еве ги Милан, извадија бод со Торино... Браво за нив... Еднаш нема да има црвен или пенал во нивна корист, и не можат да победат...
Кака истрча 40 метри у 92 минута стигна до шеснаесетник и... ПАДНА!!! Срамота најголема...

Ајде нека ја дигнат главата горе... и нека го видат ШАМПИОНОТ ИНТЕР!
 
еве ни го распоредот во Италијанско натаму!
Inter - Napoli недела 15.00(сигурно има пренос)
Lazio - Inter Сабота 20.30(сигурно има пренос)
Inter - Chievo недела 15.00(зависи од другите утакмици)
Siena - Inter сабота 20.30(сигурно има пренос)
Inter - Cagliari сабота 20.30(сигурно има пренос)
Atalanta - Inter 15.00(зависи од другите утакмици)

плус лига на шампиони со Јужните педери ке има директен пренос на ХРТ 2(како што извести Думан).А со Вердер во гости би требало да ја пренесуваат на МТВ 1.

плус куп на Италија 1 утакмица 13 јануари со Џенова!

Џовинко-Lier lier pants on fire!
 
Па добро е што Милан го направија и петиот кикс сезонава ( Болоња, Џенова, Торино, Каљри, Лече ), ни на крај памет дека ке имаме предност од 3 бода пред Милан и 6 пред Јуве во овој дел од сезоната во кој Интер имаше најтежок распоред, тоа само ја докажува силината на овој Клуб. АМА, да не летаме во облаци, сеуште има многу работа, најпотребно е имплементирање во овој нов систем на Мурињо ( без користење на крилните позиции од играчи во средниот ред ) на Мансини и Кварезма, биде ли и тоа успешна операција . . . Несопирливи, плус, не чека полесен распоред за разлика од останатите тимови .
 
Све мислам дека нема да лапнеме 6 бода од наредни 2 утакмици... Се надевам грешам, ама...

Псссст !!! Нема ама !
Интер осеќам ќе гази со новата тактика на мистер Мурињо.А и да не земеме 6 бода не е проблем со оглед на тоа со кои екипи играме.Но секако, земаме 6 бода!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom