- Член од
- 15 јуни 2007
- Мислења
- 353
- Поени од реакции
- 21
Ок да не цитирам никој... до сите.
Не ви чинеше Бурдисо, ок. Кој требаше да игра?
-Еспозито?
И што грешка направи?
Што отиде на топка... прво не го собра, второ можеше судијата да прогледа низ прсти. Слични стартови имаа и Џерард и Маскерано па не добија ни опомена.
Следно, Ривас не ви чини?
Што згреши Ривас? Изигра мајсторски, секоја чест... го маркираше Торес, колку за информација. Еднаш стигна топката до него(шпанецот), после грешката по аут линијата и нормално кога Фернандо има 5 метра предност и пеколен прв чекор, како да го сопре?
Виеира?
Ок, човекот е истрошен материјал. Плус не е спремен за игра.
Фиго, Виеира, Станкович... нити еден од овие не е спремен да одигра 90 минути, грешката е што не го освежи средниот ред во второто полувреме.
Ибра?
Не може да игра против цел тим, играч е. Колку што можеше се трудеше, виде дека нема кој да ги заврши акциите(Круз беше пре спор) и мораше да форсира на крајот.
Круз стандарден, од сенка имаше неколку шанси но не ги искористи. Целиот тим на Интер имаше 5/6 супер шанси за гол, не ги искористи... следеше казната. Тоа е. Настрана фактот што игравме со играч помалку, поради погрешна проценка на судијата.
Toa e toa