Inaku ovoj tim na inter mnogu ke mu odgovara na Morunjo, titulite so celzi gi dobi na konstantnost i neatraktivna igra. Istoto go pravime i nie.
Проблемот во Челзи беше што Мурињо не беше одговорен за трансферите , не ги сакаше нит Шева нит Балак ( пред Се првиот ) , преферираше 4-3-3 систем а со Шева ке мораше да го преиначи у 4-4-2 , така да сеа каде и да оди го поставува тој услов т.е. за играчите он да одлучува , плус до доаѓањето на Мурињо нек ти текне Челзи колку долго ја немаа освоено титулата .
Е сеа да те потсетам , со Порто за две сезони типот прво го освои Уефа Купот , домашното првенство и титулата во Купот , а наредна сезона повторно двојната круна во Португалија и Лигата на Шампионите , ова ни Спалети ни Фергусон ни Прандели ни Бенитез не би можеле да го направат , далеку од тоа дека играше неатрактивен Фудбал , играше тактички перфектен Фудбал каде во првите две сезони ( Кога Абрамович не му одлучуваше за трансферите ) типот тактички ја неутрализираше сите клубови во Премиер Лигата , како само играа на Олд Трафорд или на Енфилд тој период .
Плус со неговото доаѓање се отвара простор за Кварезма , за креативец во средината ( он тоа цел живот го преферираше , пр. Деко во Порто , Лампард во Челзи ) и што е најбитно , , залагање на Играчите цели 90 минути што сега не е случај ( Виеира , Камбиа вчера , Ибра на моменти , Станкович и тн и тн ) , не глеам некој од играчиве да плаче за Манчио , за Мурињо Дрогба ко мало дете плачеше .
Без оглед на се , и да не дојде во Интер , Мурињо за мене бил , е и ке остане еден од најдобрите и најавторитативните тренери , плус колку само ке биде интересна Серија А со него и со неговите добро познати прес конференции
Да, да...
Иако во очите на сите интеристи, следниот тренер е Мурињо сепак малце потешко остварливо ќе биде тоа. И мене Хозе ми е еден од омилените тренери ама дека ќе прифати работа во Интер, не сум сигурен. Со Реал, Барса, Милан и евентуално Јувентус во потрага по тренер... но, ајде да бидеме оптимисти.
Најверојатно пак ќе има разочарување и црн период на Интер со Ериксон или евентуално Рајкард.
Мурињо уште во времето на Челзи имаше дадено неколку изјави поврзани за Интер а и сеа имаше веќе остварено контакт со Морати , Ериксон е недајбоже комбинација .
Што се однесува за Рајкард , типот преферира мн сличен фудбал како и Мурињо , истата формација 4-3-3 формација која и донесе на Барса Титула во Примера и во Лигата на Шампионите е сеа оваа сезона со Ето и Анри во напад се руши целата концепција затоа и имаат слаб скор сезонава пред Се во Примера .