Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
-36 беше во 2006/07. Па олку не е бидено во Сибир :icon_lol:.

Не ми се исполни желбата да заврши нерешено, но и вака е добро. На Јувентус и бегаме 6 бода, а на Милан 9. Што е многу, многу е... Не им даваме надеж за другата полусезона :kesa:.
 
Убава и заслужена победа денес, иако од лесно испадна тешко извојувана!

П.С. Овој Цезар почнува да ме нервира.. никогаш не сум го сакал..

Леле немој така бе :nesvest:.Човек е, може да згреши.
Го имаме најдобриот голман на земјава
 
hey pa jas rekov najmn ni odgovara jjuve da pobedi.zs sekako ovie juve nemaat tim za da se nosat so nas i sekako ke kiksnat mn utakmici a ovie od milan ne deka se neshto poarni ama mn utakmici naredija penal4ina crveni sho ne imashe ama sega za edna nedela dve temperaturata na -10 ce se spushti i poveke mozi
 
Милан сега има тежок распоред.Удинезе,Рома,Фиорентина

Него ај не се замарајте со конкурентиве, ионака тие ќе се борат за второ место.Битно ние да продолжиме да газиме

Форца Интер !
 
Милан сега има тежок распоред.Удинезе,Рома,Фиорентина

Него ај не се замарајте со конкурентиве, ионака тие ќе се борат за второ место.Битно ние да продолжиме да газиме

Форца Интер !

me iznasmea ebago i ti :pos2::pos2:konkurentive :pos2::pos2::pos2:ovie milan ako ti se konkurenti ko nemozat so kievo da tepaat bez sudiska pomosh
 
Леле немој така бе :nesvest:.Човек е, може да згреши.
Го имаме најдобриот голман на земјава

Откако го пратам јас Интер изминативе 10 год подобар голман сме немале од Толдо! Можеби сега не е во некоја добра форма, али што се однесува до мене сепак би му дал предност пред овој Цезар!
Ќе ти наведам само 3 голови кои ги има примено кои ме имаат извадено од такт! Можеби е добар голман кога ке дојде еден на еден со противнички играч, можеби е добар голман кога изведуваат пенали односно кога брани пенали, но за удари од далечина врска нема!
Прв случај е пред неколку сезони во осминафинале лига на шампиони кога игравме прва утакмица на домашен терен со Валенсија, имаме водство од 1-0 до 60 мин, цело време ја контролираме ситуацијата, Вила и Мориентес ја немаат видено топката, и што се случува.. Изведува Вила слободен удар од преку 35 м и му дава гол! Потоа цела концепција паѓа во вода и одиме во Шпанија со резултат 2-2 и сме елиминирани!
Втор случај е лани со Ливерпул, кога за момент помислив дека се подобрил, кога имаше одбрана со Торес еден на еден при резултат 0-0, и кога после примениот гол помислив дека ке го стигнеме резултатот 1-0, овој нашиов прима повторно гол од преку 35 м, топка која едвај оди по земја..
Трето, ај ако за првиве две пуцале некои реномирани играчи, или ке речиме имало голем притисок, сетете се само на утакмицата Интер - Парма 3-2, кога водиме 1-0, примаме гол до полувреме 1-1, и сеа второво наместо да поведиме и полесно да играме, овој мајмунов прима гол од слободен удар од мртов агол! Од мртов агол! Па не можев да верувам како е прв голман на Интер!
И денеска исто така водиме 2-0 и прима некој гол од преку 30 м! Па кој сака нека пуца, кога топката се движи праволиниски и е од 30 м не смееш да не одбраниш бре! Акмак! Не можам да го замислам! Се плашам од него само во лига на шампиони! И колку други голови од слободен удар без врска примил..
Ако некој ја гледаше утакмицата Баерн - Интер на почетокот на оваа сезона, ке видеше дека единствената причина поради која победивме беше Толдо! Што се фати на таа утакмица Толдо, помислив дека повторно е во најдобра форма! А овој Цезар ме плаши.. мн ме плаши..
 
Ќе се среди и тој аспект од неговата игра, лани направи голема грешка со Наполи гости, кога им подари гол, оваа година е далеку посигурен, иако реков и прееска, денес можеше и мораше подобро да изереагира. Но дека е добар голман добар е, нема што да се дискутира тука, еве оваа година го сруши и рекордот на Тафарел за Бразил каде е стандарден првотимец, не прими гол на 5 меча во редослед ( толку беа ваљда ), а и оваа година Интер имаат примено најмалце голови, слично како и лани .
 
Откако го пратам јас Интер изминативе 10 год подобар голман сме немале од Толдо! Можеби сега не е во некоја добра форма, али што се однесува до мене сепак би му дал предност пред овој Цезар!.

Ок, мислам дека си малце престрог кон Цезар. Поточно многу престрог :pos2:

Прво да кажам дека сум голем фан на Толдо. Го обожавам овој голман, уште на времето кога имаше дискусии дали е подобро тој да дојде во Интер или Буфон, јас бев за Толдо. Ми се чудеа малце ама добро, ја и денес сум задоволен од тогашниот став. Се сеќавам на еден од натпреварите со Валенсија кога игравме со играч помалку имаше преку 20 удари на голот на Интер, Толдо правеше чуда на голот. Можеби никогаш нема да имаме таков голман.

Но факт е дека пред да го изгуби првотимскиот статус Толдо имаше серија грешки, едно време не можевме да го препознаеме. Цезар доби шанса и ја искористи на најдобар можен начин. Цезар не е атрактивен голман како Толдо и веројатно кога Интер би се нашол под такви налети нема да го има истиот процент на одбрани како Толдо во златните времиња. Но Цезар е многу сигурен голман, ретко прави испади на центаршутеви и им дава сигурност на одбранбените играчи.

Секој голман прави грешки тоа барем сите го знаеме. Кај Цезар тие се многу ретки и се додека е така нема потреба за негова смена. Можеби голманите се како виното што би рекол Таско Костовски, ама не верувам дека Толдо е во онаа препознатлива форма во која беше некогаш.
 
Откако го пратам јас Интер изминативе 10 год подобар голман сме немале од Толдо! Можеби сега не е во некоја добра форма, али што се однесува до мене сепак би му дал предност пред овој Цезар!
Ќе ти наведам само 3 голови кои ги има примено кои ме имаат извадено од такт! Можеби е добар голман кога ке дојде еден на еден со противнички играч, можеби е добар голман кога изведуваат пенали односно кога брани пенали, но за удари од далечина врска нема!
Прв случај е пред неколку сезони во осминафинале лига на шампиони кога игравме прва утакмица на домашен терен со Валенсија, имаме водство од 1-0 до 60 мин, цело време ја контролираме ситуацијата, Вила и Мориентес ја немаат видено топката, и што се случува.. Изведува Вила слободен удар од преку 35 м и му дава гол! Потоа цела концепција паѓа во вода и одиме во Шпанија со резултат 2-2 и сме елиминирани!
Втор случај е лани со Ливерпул, кога за момент помислив дека се подобрил, кога имаше одбрана со Торес еден на еден при резултат 0-0, и кога после примениот гол помислив дека ке го стигнеме резултатот 1-0, овој нашиов прима повторно гол од преку 35 м, топка која едвај оди по земја..
Трето, ај ако за првиве две пуцале некои реномирани играчи, или ке речиме имало голем притисок, сетете се само на утакмицата Интер - Парма 3-2, кога водиме 1-0, примаме гол до полувреме 1-1, и сеа второво наместо да поведиме и полесно да играме, овој мајмунов прима гол од слободен удар од мртов агол! Од мртов агол! Па не можев да верувам како е прв голман на Интер!
И денеска исто така водиме 2-0 и прима некој гол од преку 30 м! Па кој сака нека пуца, кога топката се движи праволиниски и е од 30 м не смееш да не одбраниш бре! Акмак! Не можам да го замислам! Се плашам од него само во лига на шампиони! И колку други голови од слободен удар без врска примил..
Ако некој ја гледаше утакмицата Баерн - Интер на почетокот на оваа сезона, ке видеше дека единствената причина поради која победивме беше Толдо! Што се фати на таа утакмица Толдо, помислив дека повторно е во најдобра форма! А овој Цезар ме плаши.. мн ме плаши..

Во право си за утакмициве горе, но кога ќе ги споредиш со плус 100 одиграни мислам дека процентот е во позитива.Плус приметуам нон-стоп на интер.ит има добар рејтинг т.е. константен е секоја утакмица.
Нема сега да ставам видео записи за одбраните на Цезар, но вреди да ги погледнеш на јутјуб, иако го пратиш Интер и ги имаш видено.
Се на се, според мене, а верувам дека ќе се сложат и другите со мене, моментално подобар не можеме да најдеме.
 
Мислам дека Милан веќе заостанува премногу, а и распоредот им е тежок во наредните кола така да ќе го изгуби и дефинитивно чекорот за титулата. Јуве ќе биде незгоден, ама сепак нема капацитет за да го следи темпото на Интер до крај на година. Моментално најважна е ждрепката за 1/8 финале во ЛШ.
 
Интер 4-2 Киево


Рејтинзи:

Julio Cesar--- 6.0721
Maicon------ 7.6078
Cordoba----- 6.5630
Samuel ------ 7.0542
Maxwell------ 7.5931
Zanetti------ 7.3632
Cambiasso--- 7.6251
Muntari------ 6.5827
Stankovic---- 8.2197
Ibrahimovic---9.1877
Nsofor--------6.1031
Figo----------7.4525
Balotelli-------6.0955
Crespo--------5.6720

average rating---7.0851


Сериа А табела, 16 коло:

1.Интер 39
2.Јуве 33
3.Наполи 30
4.Милан 30
5.Фиорентина 29

Next match: Сиена - Интер

Одиме на наредна победа, сега за сега сме супер.Форца Интер !!!
 


Сериа А табела, 16 коло:

1.Интер 39
2.Јуве 33
3.Наполи 30
4.Милан 30
5.Фиорентина 29

Next match: Сиена - Интер

Одиме на наредна победа, сега за сега сме супер.Форца Интер !!!

Jуве имаат 33, ке ти го едитирам постот вит д пауер оф д модерејтрс :D .
И да повторам уште еднаш, со Сиена играат во Сабота, вечерниот термин, нема да арчиме нет . . . аген . :smir:

p.s. Головите уште еднаш
 
Ибра кога го дава првиот гол станковиќ одпозади клоца му мава :pos2:

п.сЖустра ке биде борбата на јуве и наполи за второто место!
 
Што да кажам, гениалност на Ибра
bowdown.gif
bowdown.gif

Мене најмногу ме изненади Киево. Одлична екипа, а не мие јасно дека се последни и постигнале само 7 голови до овој натпревар.
Chievo е една од малите екипи која играше на Џузепе Меаца, а да небеше ориентирана исклучиво на одбраната. Да има повеќе вакви екипи во Сериа А , лигата ќе биде многу поатрактивна.
inter_flag.gif


П.С Честитки до сите фанови на Интер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom