Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Леле леле колку го сакам овој човек :):):), се објаснуа со еден збор UNSTOPABLE !!!
 
4:2 FT
ibra zver.od kako go primivme 2 gol po4na da se igra dobar fudbal i golot viseshe vo vozduh.a za 4 gol no comment
 
Ај жити се чекај да заврши па пишуј колку сакаш :smir:

Нормално, од сега ќе го практикувам тоа почесто, за секој случај :vozbud:.

И што да се каже после ова. Малку кинење нерви ама кога не било така... Ќе беше неправда со онаква игра да извлечеа бод, комплетно беа надиграни, ама фудбалот е таков. За среќа го имаме Ибра, асистенција, два гола... Сосема заслужена победа!
 
Честито победа!
Киево само 2 пати ја помина половината во 2 полувреме и даде 2 гола тоа беше се!
Фиго одлично и Мајкон по десната страна!
За Ибро-ноу комент!
п.с.А мајкон се опил неќна а?:pos2::pos2::pos2:
 
Одличен натпревар. Да не беа оние глупави грешки немаше да има ни малку неизвесност но вака е поинтересно :)
Играч на натпреварот.. Дејан или Ибра.
Да беше Дејан малку подобар во центаршутевите ќе имаше чиста 10ка!
 
Ѕвер, не ѕвер треба да се мотивира и против големите тимови да остане со ладна глава и го прави истото. Вака со вакви игри против просечни екипи од рангот на Киево ќе речам, ништо посебно. Звучите како овие напалените фанови на К.Роналдо :)

Малце за дуелот... пак лош пристап на Интер во натпреварот, не знам како е можно стратег како Мурињо да не ги мотивира правилно играчите во дуелите. Тоа се покажува на последните неколку утакмици. Цезар полека паѓа во формата, Креспо веќе не заслужува место нити помеѓу резервите, кај Максвел очигледно е дека има напредок и се работело во изминатиот период на играта во одбраната, каде каде почесто влегува во дуел и едноставно ја предизвикува топката. Дејан одличен, и ова никогаш не мислев дека пак ќе го кажам... Фиго одличен. Другите стандардни, час блескаат час не знаеш дека се на терен. :) Подобро не можам да ја анализирам утакмицата, бидејќи не ја пратев целосно.
 
Значи колку живци сум скинал на оваа утакмица немате појма.. Ибра проработи кога ни беше најпотребно , добар потег на Мур со внесувањето на Чичо Фиго,таа десна страна со Маикон ни донесе победа, после ова мислам дека Креспо нема да добие многу шанса понатака.Добро прво , многу нервози и така,се на се 3 поени,9 разлика над нашите "конкуренти" за титулата.
Честитки , нека ни се множат:smir:
 
Ок, очекувањата се исполнија, победивме во овој натпревар.Иако не сакам голови да примаме сепак најважна е победата.Откако беше 1-0 требаше да притиснеме како во моментите кога ни го израмнија резултатот.Рано постигнавме гол и требаше со уште гол-два набрзина да ги решиме и после рутински да го завршиме натпреварот.Но ете се деси да ни израмнат.То е то.За среќа го имаме најдобриот играч на планетава за да ја реши и оваа утакмица и да ни донесе 3 бода.После 2-2 мислам дека пресудно за подобра и поофанзивна игра беше влегувањето на Фиго кој фантастично комбинираше со Маикон и десната страна ни беше незапирлива.Браво за Мурињо за ваквиот потег !

Сега за сега им бегаме 9 бода на конкурентиве и после утакмицата во 20:30 еден конкурент ќе биде -9 а ако имаме среќа двата тима ќе имаат -8

ФОРЦА ИНТЕР !!!!!
 
Нова победа, нови 3 бодчиња :) Честитки до сите Интеристи!!!

Одлично партија се на се...на резултат 2-2 видовме шо може Интер :vozbud:

man of the match
IBRA.jpg

:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Уште еднаш да повторам, изливите на емоции во стилот ИБРАААААААА, НОООООООООООС, не се толерираат и мора да бидат избришани, нема тука љутиш .

Е сега за мечот, кратко и јасно, две опции се поклопија, Интер не би биле Интер а да не направат од готово вересија, али и Киево не би биле Киево а да не им ги замрсат сметките на Интер . Минатата сезона од 4-0 направија 4-3, кога дебитираа во Калчото, сезоната кога Интер ја изгуби титулата со Лацио, победија на Меаца а дома извадија 2-2 во 91ва минута.
Така да ова сценарио требаше да биде очекувано, во првиот дел на 1-0 не досудија чист пенал за Интер, првиот гол на Киево беше грешка на Цезар кој мораше и можеше подобро да реагира, гол кој ги отвори и кој влијаеше деструктивно врз играта на Интер зашто до тој момент се беше во нивна корист .

Како и да е, мајстор остаје мајстор што би рекле коменаторите на ОБН, играчи виновни за победата, Ибро - Фиго - Маикон - Дејо (даде гол и асистираше за вториот гол на Ибра и првиот на Максвел), останатите беа скалило подоле, честитки до сите фанови на Интер .
 
Браво браво честито победа иако ве намачија се покажа кој е најдобриот тим во Италија и затоа би ве избегнал во 1/8 финале :pos2::pos2:
Секја чест за голот на Ибра невиден е
 
Одличен натпревар и заслужена победа според очекувањата.
Најдобри на теренот Ибра со 2 гола и 1 асистенција и Деки со 1
гол и 2 асистенции. Форца ИНТЕР !!!

ПС: Абе Креспо бе не си ти веке за у Интер.
 
леле ке се убијам не го видов голот !!! дај те линк или стај те ги головите !!! Позз
 
п.с. Што би рекол Камискази, 200 км/h турбо дизел со нос .

Абе абдал еден :):) мразам дизлаши :):) Како и да не се заебав што земав дресче од луди милојко (ибра) Ме плаши со Цезар ни е паднат мн у форма, последниве неколку утакмици само му бегаат топките од раце, мада мислам дека при првиот гол на Пелисиер немаше што да направи. Да се надеваме дека брзо ке се врати во форма. А што се однесува до Креспо, АУТ, очи да не му гледам...А без разлика што се пишува по весниците, мислам дека Адриано ке се врати во форма и ке биде нападот стандарден, со Ибра и Адриано. А ако испадне спротивното, тогаш кик на Адриано, и да си го земеме назад Суазо, зашто стварно е 1рва лига, имав неколку шанси да го глеам со Бенфика, попара праи. Балотели и Обиња по потреба да влагаат а Круз коа ке се врати од повреда, да влага ептен коа ке загусти, на пр. у 90та мин и да дае гол :) Како и да е малце ако не те занервираат Интер на било која утакмица, не е на арно. Оваа сезона само 2 утакмици спокојно ги гледав, против Лацио и Наполи. На другите нервите си ги корнев :)
 
Следниот меч Интер го играат наредната Сабота во вечерниот термин, значи ке имаме можност дуелот Сиена - Интер да го проследиме во живо на Телма . По тој меч следува пауза до 10ти Јануари кога ги пречекуваат Каљари . :smir:

p.s. Се повеќе и повеќе се шпекулира за носењето на Иванович од Челзи .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom