На Мурињо можам да му замерам само за два резултати, Џенова 0-0 и Вердер 1-1 (изгорев 50 евра

не за друго). Мислам дека можеме да играме и малку поофанзивно со Мансини на местото од Мунтари, мислам дека на дуелот со Јуве Мунтари делуваше по таа лева страна, или пак кога ќе сака да игра поофанзивно да не пушта 4 напаѓачи тука да ги користи крилата.
Мислам дека може да играме со класична 4-4-2 стратегија, со Мансини и Кварезма по страните, Ибра и уште еден во нападот (Адри по можност) и Камбијасо и Станковиќ во среден ред. Може да се калкулира и со едно крило, а Маикон да ја држи таа цела десна страна со што во дефанзивата би му помагал Занети. Најдобро е што имаме квалитетни 22 па Жозе може да комбинира многу.
Што се однесува до ЛШ мислам дека имаме шанси да триумфираме уште оваа година. До лани ни недостасуваше добар стратег и тактичар а оваа година го имаме тоа. Со малку среќа можеме да славиме во Рим