Паа Интераши имам некои свежи вести за вас, не знам за првата вест кој колку ја сака, ама втората вест сигурно ќе ја сакате:
1. РАЗМЕНА САМУЕЛ - КАМОРАНЕЗИ
Наводно Самуел не ги оправдал 16 милиони евра што биле дадени за него за трансфер од Реал, а и откако Фиго ќе си оди на лето се размислува кој ќе ја завземе таа позиција. И најверојатно е да дојде Каморанези. Каморанези има уште 2 години од договорот со Јуве и тој го сакал Јуве, ама сакал да игра за шампионски тим, затоа смета дека Јуве нема да се бори за титула догодина и дека Интер ќе биде фаворит за титулата, па затоа се смета дека Каморанези веќе потпишал преддоговор со Интер и само треба да се договорат за детаљите. Видете сега, Самуел според мене добро игра во Интер, ама и сакам да го видам Каморанези во Интер, затоа што тој е брз играч кој има опасна техника и тој е би бил многу корисен играч, нешто како Солари, само поискусен и подобар.
2.НОВИ ЗАСИЛУВАЊА ВО ИНТЕР ДОГОДИНА
Пред некое време кажав дека почна да ми се свиѓа Манчини и дека не сакам да си иде од Интер, ама сега дефинитивно не сакам да си оди. Откако се договорил со Морати за неговиот договор кој треба да го потпише до крајов на неделава (инаку тригодишен договор) веќе почнал да размислува за догодина. Откако се освестил дека другата година се враќа Јуве во прва лига, Милан почна да збира засилувања и дека другата сезона ќе биде многу потешка од оваа. Двајцата (Морати и Манчини) разговарале и за трансферната политика на Интер и како нови засилувања за идната сезона ги посочиле Тиери Анри, Хавиер Савиола и Џанлуиџи Буфон.
Ама ако се земат овие засилувања значи дека ќе мора да си оди некој од Интер, ама ќе видиме.
Па затоа Интераши мислам дека дојде и нашето време на владеење.



















П.С. Не знам кој колку го интересира ама Славковски потпишал нов 3 ипол годишен договор со Интер