Marso
Io sono INTERISTA!
- Член од
- 22 јануари 2006
- Мислења
- 1.456
- Поени од реакции
- 311
Интер немаше среќа, тој одигра супер ама немаше реализација, во прво полувреме можеше да биде 2:0 а не 1:1, и тогаш сите работи ќе се сменеа. Шупакот Манчини ќе го окривам пак по незнам кој пат дека тој е крив за ремито. Интер има шанси да се пласира понатаму во Лигата на шампионите, ама со резултат 2:2 Валенсија е во предност. Инаку не можам да сфатам, како може да го стави тоа дрвото "Накур". Тој е промашена инвестиција. Штета што Камбијасо се повреди. А уште поголема штета е што Виера не играше, најверојатно е повреден. Да не беше Виера повреден, Дакур немаше да биде ни на клупата за резерви. Камбијасо ќе беше резерва и со Виера во средина ќе беше многу поразлично. Друго, не можеш да играш одбрана со Бурдисо. Тој изигра една-две утакмици како што треба, се покажа во Купот на Италија и оп одма прва постава против Валенсија. Италијанското првенство оваа година не може ни да се спореди со шпанското. Тоа му беше голема грешка на Манчини, требаше да го стави Максвел во игра! Знам дека Манчини има огромна доверба во Аргентинците, плус многу добро се покажуваат во Италијанско првенство, ама тоа ти е! Трето, нападот Ибракадабра-Креспо не функционира. Добро е што му дал предност на Креспо да игра стартер, ама реално Ибракадабра најдобро игра во комбинација со Адри. А тој во последно време многу почна да заебава. Причината што Адриано го преседе цел натпревар на клупата за резерви и што Круз влезе на негово место е што Адриано за време на неговиот роденден вечерта во саботата према неделата тешко се испијанил плус го виделе како пуши цигара. Тоа е причината и што на мечот против Каљари влезе како замена, а не како старер. Сите мислат дека Манчини го чува за со Валенсија ама ни тогаш не го стави во игра. Да се надеваме дека овие проблеми ќе бидат надминати за следната средба на Местаља каде што на Интер ќе им биде мнооогу мнооогу потешко!