Дури и да проработи, со таква игра на одбрана и среден ред никаде не стигаат . Ето не е лидерот во оваа екипа, незнам дал дел од вас тоа го сваќаат, во моментов Интер нема човек на кој може целосно да се потпре односно практикуваат тимски фудбал, доказ за тоа се и 10те играчи кои до сега се запишале во листата на стрелци .
Да, во моментов треба да проработи на формата иако во последниот дуел влезе делумно незалечен без соодветна алтернатива на клупата ( ако се лажеме, Суазо е добра алтернатива ), но средниот ред со катастрофален Занети, со играч плус за противникот Мунтари, и со несватливо лош Камбијасо ( пак не сврза добра утакмица викенд - Вторник ) е недозволива комбинација во ЛШ .
Не дека го бранам Ето, реков што мислам за него пред два дена, муабетот ми е дека во моментов далеку поболна точка во овој тим е средниот ред, тоа е факт. А за Ето убеден сум дека ке ги задоволи нашите апетити заедно со Милито оваа сезона, со враќањето на Мота веќе и ке добиеме уште еден фудбалер у среден ред па во Киев ке одат на победа и условно кажано ке го изненадат домаќинот кој со овие 2-2 ке влезе посамоуверено на домашен терен .
Една победа во ЛШ и нештата ке бидат поинакви, плус гледајки ги Рубин Казан, можат да се носат и со Барса, но, под услов во тој меч да влезат со 6 бода .