Не треба многу тупење, Мурињо очигледно го знае лекот за Џенова на овој стадион, лани ги победи со 0-2 без ниедна шанса на домаќинот за гол, денес ги победи со 0-5 а домаќините беа повторно целосно неутрализирани .
Нешто што не приметивте денес а мислам го критикувавте пред мечот е користењето за прв пат сезонава на системот 4-3-2-1, односно како што реков и на полувремето, тактика што и Анчелоти во Милан ја користеше, Пато или Инзаги осамен а позади него Кака и Сидорф/Рони. Незнам зашто дел од вас беа разочарани од стартниот тим со само еден напаѓач кога во Италија ваквиот систем и те како палел, Рома играше прекрасен фудбал со Спалети 3 години по ред, Милан да не зборам, имаа игра на ниво, немаа константност плус беа пародија во одбранвената линија . Кај победија 0-5, имаа и 3 убави шанси за гол од кои една 100% на Деки, уште една супер шанса негова со глава и онаа на Балотели во второ исто со глава за разлика од Џенова, која на свој терен не успеа да создаде бар и полушанса, ништо, нула.
И да, знам многу ке ми се дрзнете за ова што ке го кажам по меч каде Интер победија 0-5, но Мунтари, човекот го изгубил и оној мал фудбалски осет кој го поседуваше, 100 топки изгуби на средината, ке направеше наивен старт за втор жолт и беше единствената '' бледа '' сенка денес со црно-син дрес, еден Виеира за 45 минути направи дупло повеќе од Мунтари денес за време на цел натпревар .
Глупо е што киритикувам играч на Интер по една ваква победа, но по секој меч на Интер добивам потврда дека нигеров у никој случај не заслужува првотимски статус, така да . . . . . Мота, враќај се

.
Koга сме кај Мота, заедно со Милито нема да бидат на располагање за мечот со Динамо Киев .
За Интер, одлична можност за серија на победи, следуваат Катанија и Палермо дома, Ливорно гости, се освен победа се рачуна за неуспех, 4 бода пред главниот конкурент во Октомври е одлично, нека продолжат во исто темпо и Интер и Јуве . :smir: