Demolition of Genoa!
Честитики за победата. Страшна партија покажаа сите играчи оваа вечер. Исто така страшна партија покажа и Балотели. Иако на многумина од вас не му се допаѓа тоа што има таков карактер и мора на секој втор натпревар да заработи жолт картон, мене баш напротив, ги обожавам таквите ладни карактери, оние кои провоцираат, таков беше Ибра, таков е и Балотели, само разликата меѓу двајцата е што Ибра е големо име во фудбалот, па поретко се одлучуваа судиите за жолт картон, додека во случајот на Балотели, тоа име тек се гради.. Уште една работа сакам да видам кај него.. После давањето на гол и онаа ладна фаца која ја покажува, сакам да го видам она од Тиери Анри кога ги замолчува противничките напаѓачи.. Тоа би било топ од негова страна.. Тоа би излегло на насловната страна на секој спортски весник наредниот ден..
Друга работа која ми се допадна околу синоќешниот жолт картон кај Балотели е тоа што тој беше направен токму брз Емилиано Морети. Оние кои добро памтат, ќе се сетат дека токму тој им се смееше на фудбалерите на Интер после исфрлањето од Лигата на Шампионите против Валенсија каде играше лев бек..
За одбраната мојот коментар е одамна познат.. Изгледа овие играат поубаво и подобро во некое дерби отколку во некоја утакмица против слаб противник, како да немаат мотив тогаш..
Честитки уште еднаш..
Е сега једини проблем е, јебига, мора да се навраќам, одењето на Ибра, а зашто го викам ова . Со него во моментов односно летово, веќе ке имаа поставено и те каква проверена основа врз која ке изградеа уште помоќен тим, без него, со друг тип на играчи и засилувања сеуште се во фаза на барање на добитната формула ( мада по ова денес бар кога е во прашање тактика, сум за иста поставеност ) и затоа сметам дека не се дораснати за уште од сега гарантиран успех во ЛШ .
Чудна работа мајкаму со децава од фан клубов.. Замисли јас или мојот имењак, да напишевме ваков пост.. Одма ќе следеше реакција од типот - Уште ли со него?
Гледам таму разработувате некои формации и незнам што.. Која сакате да ја ставите формација, со еден, со двајца или тројца напаѓачи, Ибра + Милито, Ибра + Балотели или Ибра сам во напад, е подобра од било која комбинација од овие што сега ги имаме.. тоа ти е еден доста ебено добар и точен ФАКТ! Еден разработен Ибра, заедно со еден страшен финишер од типот на Милито, потоа заедно со еден млад играч кој во споредба со неговите врсници изгледа како некој од друг свет Балотели, заедно со Снајдер и Станкович зад него, е една страшно добра и ефикасна формација на Интер.. Токму поради тоа бев против доаѓањето на она котлено од Барселона.. Али што е тука е..
Во Италија Интер е без конкуренција за титулата.. Само еден слеп и неупатен човек кој не ја следи лигата можи да го тврди спротивното.. Но, Лигата на Шампионите.. Таму ќе биде она место каде ќе се увидат можностите на овој Интер со Ето во нападот.. Одамна реков.. Барселона има стратегија за фудбал.. Продава и купува само еден фудбалер од првата постава.. Го продава тој што постигнал најмногу голови таму да, но купува само еден, а другата основа на тимот останува иста.. Тоа е многу полесно отколку како кај Интер, каде некој таму мисли дека игра фудбал менаџер.. Па купува двајца нови напаѓачи кои треба да играат прва постава, купува исто така двајца нови во средина кои треба да играат прва постава..
Да се надеваме на некоја магија од страна на Мурињо во ЛШ.. па барем да стигнеме до финале или полуфинале.. Иако уште од првите утакмици си ја правиме потешка работата, кикснуваме против Рубин, за на крај најверојатно да завршиме на второ место и повторно по којзнае кој пат тежок противник во 1/8 финале.. Некои ќе речат ако сме јаки тогаш треба да ги победиме сите.. Јес да е така, али лигата на шампионите не е првенство каде секој пат победува најјакиот.. И не е исто да играш со Манчестер во 1/8 финале, Челзи во 1/4 финале, Барселона во 1/2 финале и Арсенал во финале, отколку со некои како Селтик, Бенфика, ПСВ.. како што играа претходните неколку освојувачи на титулата..
Поздрав!