Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Колку е тенок нападов у пм нек иде, Суазо ко да не е тука, останаа само на Балотели и Арна ака Beyonce, како и да е, или Мансини или Кварезма стартуваат, или Мур е доволно луд и од старт да го стави Суазо кој у моментов е стриктно за играч кој влага од клупа у второ по потреба .
Камби, Мунтари, Дејо и Снајди ке биде средината, претпоставка, а нападот Мансини - Балотели, тоа у моментов ми е некако најизводлива варијанта .

Бледи изданија на Мансини и Мунтари ке бидат гарант дека дечкиве у Јануари ке бараат нов клуб, умре времето на пардони, не во шампионот на Италија .
 
Мурињо веќе му кажа јавно на Суазо дека утрешниот натпревар може да биде пресуден за него, што значи шанса ќе добие (од старт или после), а ако потфрли може да се пакува. Каков и состав да изведе Мурињо може да се критикува, зошто како и да вртиш, дува од неколку страни.

Инаку каква среќа имаме сезонава со повредиве, 4 од 5 засилувања се повредија, само Лусио (за кого имаме најдобра замена во однос на останатите) помина без повреда. Се прашувам дали ќе успееме воопшто до крајов на сезонава да врземе неколку натпревари во полн состав.

За тоа дека не ни требале повеќе играчи (што дискутиравме во август), еве најдобар пример дека секогаш требаат...
 
Мурињо веќе му кажа јавно на Суазо дека утрешниот натпревар може да биде пресуден за него, што значи шанса ќе добие (од старт или после), а ако потфрли може да се пакува. Каков и состав да изведе Мурињо може да се критикува, зошто како и да вртиш, дува од неколку страни.

За ова дека Мур јавно изјавил дека утрешниот натпревар би бил пресуден за Суазо и неговата кариера во Интер не знам, немам прочитано и не сум во тек со настаните.
Доколку е вистина, би рекол дека е погрешен пристап од страна на Мурињо, што знам, дополнително го зголемува притисокот врз играчот, што многу лесно може да резултира со флоп.

Ќе биде тешко на овој натпревар, стандардниот напад нема да е тука па тешко дека ќе се игра 4-4-2, а многу би се чуствувал посигурно кога би го имале Круз или Креспо, ама нема :)
 
Се извинувам, лош превод на насловот (гугл транслејт).

Како стои, насловот е:
Мурињо го предупредува Суазо, утрешниот натпревар може да биде многу важен.

Вистинскиот превод е:
Мурињо предупредува: Суазо може да биде многу важен на утрешниот натпревар.

Моја грешка значи. Запна нешто со преводиве :) Фала The Great, почувствува дека ова не е во стил на Мурињо!

Понатаму во текстот:

„Тој (Суазо) може да биде главен играч утре но беше зафатен со националниот тим и сеуште не е овде. Давид е во одлична кондиција и е многу брз напаѓач, натпреварот може да биде како створен за него затоа што веројатно ќе се отвори простор. Џенова е екипа која сака да се надигрува и нема да се затвори назад...“
 
Вистинскиот превод е:
Мурињо предупредува: Суазо може да биде многу важен на утрешниот натпревар.

Моја грешка значи. Запна нешто со преводиве :) Фала The Great, почувствува дека ова не е во стил на Мурињо!

Е вака веќе може, има смисла ова кога станува збор за Мур.

п.с. ИоСоњо, дај молимте, сајтов ќе го претвориш во друга верзија на гол.ком (шала) :)
 
Неее, премногу сомнително беше ова за да се објави :)
 
За ова дека Мур јавно изјавил дека утрешниот натпревар би бил пресуден за Суазо и неговата кариера во Интер не знам, немам прочитано и не сум во тек со настаните.
Доколку е вистина, би рекол дека е погрешен пристап од страна на Мурињо, што знам, дополнително го зголемува притисокот врз играчот, што многу лесно може да резултира со флоп.

Ќе биде тешко на овој натпревар, стандардниот напад нема да е тука па тешко дека ќе се игра 4-4-2, а многу би се чуствувал посигурно кога би го имале Круз или Креспо, ама нема :)

да ќе го има бе Креспо...... али во спротивниот табор!!!!
 
Суазо им го брцна пред две години кога Манчини беше тренер, баш на тој терен по асистенција на Ибра ако добро памтам . Мислам дека тогаш Пеле доби црвен и 1-1 изиграа .
 
Мене се ми мириса на нерешено, т.е. на сличен натпревар како оној со Сампдорија, само се надевам без глупости на одбраната. Не гледам како би победиле денес, имаме премногу играчи кои може да ги снема на терен (Суазо, Мансини, Кварезма...). Со оглед на ситуацијата, мислам дека и пристапот кон натпреварот ќе ни биде да не загубиме.

Единствено што може да тргне во наша корист е според мене брз гол по што би играле повлечено и на контри.

Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар вечер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom