Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ке биде тешка утакмица,ама ептен!ама не го потценувајте суазо,копилето знае да биде опасен...
 
Kакви Суазо бре, Балотели би го гледале у 4-3-3 осамен во нападот а Мансини и Кварезма крилно, или, ке гледаме 4-3-1-2 систем со Снајди позади напаѓачите, Мансини како полушпиц и Балотели како најистурен. Оваа варијанта е поизводлива зашто и на времето Мур има играно со Мансини или Кварезма како втори напаѓачи а и поверојатно е да си остане на својата добитна формула зашто дефакто 4-3-3 е катастрофален за Интер плус и со Удинезе играше со 4-3-1-2 формат .
Балотели нема право на настап со Динамо, тоа е проблемот :) Сепак, највверојатно Ето ќе се врати до тогаш.
 
Балотели нема право на настап со Динамо, тоа е проблемот :) Сепак, највверојатно Ето ќе се врати до тогаш.
Ja за Џенова мислев, со Динамо би требало Ето да биде подготвен .
Она што погрешно го преведовте е у принцип до некаде и точно, алудирам на погрешно пренесената информација дека мечот со Џенова е да се биде или не за Суазо . Реков и вчера дека бледно издание на еден од следниве играчи, Мансини, Мунтари, Кварезма, Суазо ке значи и дефинитивно напуштање на тимот, затоа без разлика кој од нив ке е во стартниот тим, очекувам максимална пожртвуваност и оставање срце на терен .
Нема заебанција со црно-синиот дрес :) .
 
Им се даде шанса на сите, доколку разочараат пак нема што да бараат во тимот, сепак играат во шампионот на Италија, земаат по 3-4 милиони плата и треба да ги оправдаат.

Некој имаше постирано нешто во врска со Агуеро...
Во Јануари нема логика да го купиме аргентинецот. Цената му е 60 милиони евра, нема да има право на настап во лига на шампиони а веќе во составот ги имаме Ето, Милито и Балотели кои се светска класа напаѓачи па така некој треба да грее клупа. Во овој преоден рок најголемо засилување а можеби и единствено ќе биде Пандев. Мислам дека тоа е единственото што му е потребно на тимот во моментов.
 
Aгуеро сезонава е тиња, во многу лоша форма е во моментов и сумата која моментално е залепена за него е превисока и доста ризична за да се исплати . Не велам дека е лош фудбалер, еден од најперспективните млади напаѓачи на денешницава е, али за 21 годишен фудбалер кој во моментов покажува големи знаци на слабост и варијации во форма да платиш измеѓу 50-60 милиони евра е премногу .
 
Toчно, оваа сезона Агуеро не е во којзнае каква форма, и би бил ризичен потег кој и да било тим да плати толкава сума за Агуеро. Факт е дека е еден од најголемите таленти и дека има потенцијал да стане еден од ТОП 3 најдобри напаѓачи, но моментално неговата форма не е ни блиску до онаа која ја прикажуваше минатата сезона. Слична ситуација е и со Џузепе Роси, кој е проценет на 30+милиони а судејќи според моменталната форма ризик е и 15 милиони да плати клуб за него, а камоли 30.
 
Златен човек имаме во Лацио, за малку пари и тоа...
Не знам зошто гледаме подалеку од тоа...

Иначе вечер не чека дуел кој може да заврши со било каков резултат. 3 знака се во игра...
 
На мене од Агуеро многу повеќе ми се допаѓа Зарате.Одличен дриблинг брзина а каков шут има само за слободни е мајстор.Проблеморт е што Лотито ќе му бара 70 милиони.
 
Нашиот главен конкурент губи среде Торино:wink::wink::wink:
 
Нашиот главен конкурент губи среде Торино:wink::wink::wink:
Израмнија :)

Златен човек имаме во Лацио, за малку пари и тоа...
Не знам зошто гледаме подалеку од тоа...

Иначе вечер не чека дуел кој може да заврши со било каков резултат. 3 знака се во игра...
Никој не рече дека некој гледа кон тоа. Една обична шпекулација на трач.ком :)
Морати не е ненормален да ризикува 60 милиони за време на економска криза а кај да е треба да почни изградбата на новиот стадион за што ќе бидат потребни многу пари.
 
Ај не бамбурите многу туку кажете дали сакате chat или не? :pos2: Работат линковите од justin или се појавува онаа пораката со лимитот?
 
Ај не бамбурите многу туку кажете дали сакате chat или не? :pos2: Работат линковите од justin или се појавува онаа пораката со лимитот?
Зошто на Џастин кога го даваат на Телма?
Кој сака на компјутер, zulu.mk :)
 
Џенова, Болоња, Палермо и Фиорентина, 4 последователни меча во кои Јуве од можните 12 освоија само 3 бода, моменталната разлика е само еден бод со меч помалце, велам само зашто од можни 12 главниот конкурент освои цели 3 бода а Интер сеуште од истото нема голем ќар, вечерва се бара победа и ништо друго, во една ваква ситуација и нерешено е неуспех . :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom