Идам после во црква да запалам свека...а ако си оди Виеира и банкет ке правам во маало ако треба :pos2::pos2:
Еве повеке околу тоа...
Мунтари и Виеира се поврзуваат со трансфер во Англија:
Двајцата играчи изминатово лето се поврзуваа со заминување од Интер, но на крајот остаа на Џузепе Меаца. Виеира во саботата јавно му порача на Жозе Мурињо дека очекува да игра повеќе или во спротивно во јануари ќе замине од Интер.
Французинот потоа беше критикуван од Мурињо и изоставен од тимот што во саботата триумфираше над Удинезе.
Се шпекулира дека Виеира најверојатно во јануари ќе замине од Џузепе Меаца но изненадувачко е тоа што играчот се поврзува со преселба во Челзи доколку се знае дека Сините од Стемфорд Бриџ имаат забрана за трансфери до 2010.
Причина за ваквите шпекулации на медиумите е присуството на Виеира на трибините на дуелот помеѓу Челзи и Ливерпул.
Се верува дека Анчелоти сака да го ангажира Виеира бидејќи во јануари ќе остане без Есиен и Оби Микел, кој ќе бидат на Купот на Африкански Нации.
Но евентуалниот трансфер е во голема зависност од жалбата која ја поднесе Челзи против забраната за трансфери.
Покрај Виеира, со заминување од Интер повторно се поврзува Сулеј Мунтари. Интернационалецот од Гана игра во далеку послаба форма отколку минатата сезона и на последниот дуел со Удинезе беше исвиркуван од фановите на Нероаѕурите.
Се шпекулира дека Мунтари воопшто не е задоволен од развојот на ситуацијата и посакува враќање во Премиер Лигата каде што екипата на Тотенхем е заинтересирана за неговите услуги.
Хари Реднап е добро запознаен со неговите квалитети бидејќи токму тој го донесе Мунтари во Портсмут и стратегот е желен повторно да ја обнови соработката.