мене не ми беше работата да го критикувам мурињо туку да го споредам со Мунтари.Ти тврдиш дека мунтари требало да си оди а мурињо не бидејки имал победнички карактер, според статистиката секогаш кога игра Мунтари Интер НЕ ЗАБЕЛЕЖАЛ ПОРАЗ-по победнички менталитет неможеш да најдеш.
кхм, потопот во Бергамо, Јунајтед лани . Башка, ке ти го цитирам Мур, кога победуваме тимот победува, кога губиме тимот губи, нејкам да зборам за ваква индивидуалност зашто се поклопуваш со оние кои велеа дека Ибра ни носел титули а знам не се согласуваше со нив .
Без разлика дали ке останеше Мурињо или Манчини лани ке ја земевме титулата! ако се сеќаваш добро лани кога мурињо почна да ја применува неговата шема на фудбал со 4-3-3 формација до 9 коло се мачевме за да дојдеме до победа, почна со 4-4-2(на манчини) и дојдоа резултатите. Значи пак ке ја имавме титулата, а милан и да го земеа Мурињо немаше ништо да направат пошто нив берлускони парите им ги троши на малолетнички а не за играчи.
да напоменам дека во Интер од 2005 до сега единствен момент на несигурност и страв(криза) се јави во 2008 кога игравме со ливерпул и манчини изјави неколку лоши работи со кои ја предизвика кризата.
Грешка си, и тоа голема, Манчини играше 4-4-2 систем со две крила во средината, само во неколку наврати го смени и тоа по потреба ради повредени играчи . Мурињо игра 4-3-1-2 или 4-1-2-1-2 како сакаш, без крила во среден ред . Има тука огромна разлика, а за Манчио, по поразот од Ливерпул ке дозволеше една Рома да им земе титула, не зезај, никаков карактер немаше, Виеира шишиња му шутираше пред фаца овој ќути, Ибра го отера и 3 лепе овој ќути, гарантирам дека со него лани ке гледавме во грбот на конкурентите кој BTW беа скалила над оние сезони со Манчини, поготово Милан . Е сеа тоа што не биле во криза до 2008, не бе, они изгубија и од Валенсија у осмина финале али тој деструктивен период кој да го искористи, Милан со редуцирани бодови, Фиорентина, Рома, Јуве во серија Б ? Не ни имаше простор за кризи, ете, малку се зголеми конкуренцијата и Манчио првата криза ке го одведеше на второ место на крајот, и тоа пази, позади Рома . :wink:
не ми се прави муабет за ферара и за лео.Лео беше најефтината солуција на берлускони затоа и го зема а Ферара повеќе беше желба на јуве фановите откако увидоа дека големиот раниери е најголем во ситни купови.За Ферара со кико правевме муабет уште летово, и уште тогаш му викав чекај првен да ве удри криза тогаш ке видиме дали го биват за тренер.
А за ова што ми викаш како почнал Мур лани не сум ни ја, ни ти, ни морати криви за тоа како почнал! Мур кога дојде во Интер со него носеше едно пусулче со 3 имиња и во главата веќе размислуваше за кревање трофеи а не за играње утакмици.Никој на Мурињо не му е крив што лани летото наместо да земе асален халф(како годинава лусио) тој целеше кон правење нови системи.наместо да предвиди дека во одбраната веќе ни остареа играчите и дека имаме повреди он го вртеше вниманието кон кревање на трофеј од суперкупот кој му го посвети на манчини, впрочем манчини во последната сезона имаше повеќе успех со Интер отколку големиот мурињо прошлата сезона.
Затоа ти ги спомнуем де, зашто Манчини со истиот однос во кризни периоди во конкуренција овој пат на Милан и Јуве ( исто ко и лани ) а не Рома ке не принудеше нас, фановите, да гледаме во туѓи грбови на крајот, затоа ти реков, Мурињо со 100 проблеми направи на крај убедлива предност пред конкурентите, Манчини со едно проблемче ке изгубеше на крајот титула од Рома . :wink:
А за Мурињо, доаѓа во нова средина убеден дека онаа тактика која цела своја кариера ја користи ке запали, ретки се менаџерите кои прават промени во свој систем . Ни на крај памет дека тој негов тактички систем односно победничка формула и гарант за успех ке биде тотално неуспешен во Италија, и пак, смени во нешто ново, ги тргна на страна новите засилувања и освои убедливо титула, тоа ми е муабетот, со такви енормни проблеми Интер повторно стана првак, овој пат убедливо, а не да се јаде со една Рома .
edit : Мунтари не играше со Аталанта гости лани, мада тотално небитно, и да, каква врска има ланската приказна со оваа сега, кога тој е дрво аматерско до овој момент

.