Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ах Сантон бе, каква глупост само направи, плус заспаноста на Самуел = 1-0. Сампдорија направи две акции и даде гол, ај се дешава. Во средината буквално не сврзаа две додавања по ред, а успеаа да ни дадат гол.
Ок напорен период, не играше Снајдер, примивме гол од грешка на одбраната, тоа е тоа. Искрено не очекував 3 бода на гости против Сампдорија, но очекував бод. Тоа е тоа, одиме понатаму FORZA INTER !!!
 
Јебига, се насетуваше кикс во Џенова и истиот се случи, пишав и претходно затоа таков '' песимистички '' пост одностно работи кои се контра Интер пред овој меч .
Дел Нери извојува уште една победа против Интер и дефинитивно ни стануе дечкото '' ноќна мора '' . :)

Не сум многу разочаран од поразов, 3 меча во 6 дена си го направија своето иако денес, од тоа што можев јас да го видам ( поради проблемите со стримовите ) имаше се на се 4-5 шанси, а за Сампдорија успеав да начекам само една, нивниот гол, друго не видов .
Голот падна по голема грешка на Сантон и тоа е тоа, бидна, нема назад, реален резултат беше нерешено, али овој муабет во фудбалот никогаш не палел .

Честитки за момците од Џенова, очекувам и од едниот и од другиот клуб од тој град оваа сезона да бидат во топ 6, зашто да не и во топ 4, бар еден од нив .

Минатата сезона во 6то коло Интер имаа 13 бодови, и сега по истото ке имаат 13 бодови, најдоброто од оваа екипа очекувам да започне од мечот со Удинезе па нагоре .

И да, Мур, јас како што забележав во второ, ги немаше Балотели и Виеира а у игра влегоа Дејо и Киву, да да, Киву, пак ке го поставам прашањево, кога Интер успеале да победат кога Киву играл во средината . Лани, каква коинциденција, играше на таа позиција против Аталанта со Дел Нери и изгубија, сега повторно против истиот човек, не дека он е виновен за голот, али тимот е така десеткуван кога напаѓа поради играњето на овој играч на неприродна позиција, тука, Мурињо потфрли многу .

Што Санточе, што мајка бараше Самуел таму, кога напаѓачот на неговата страна (Пацини) беше сам!
Самуел е крив, а Сантон што е дрво одбрана, дрво е.
На тој дел од теренот да изгуби топка е едноставно недозволиво, им овозможи акција и шанса за гол, ја на стримов и неможев да забележам каде е Самуел, но дефакто Сантон е најголемиот виновник поради лошиот и млак пас на своја пловина, длабоко во истата .

п.с. Хедс ап . :smir:
 
Не гледав се нервирав со стримовите и проверувам сме изгубиле. :uvo:
Само што се искачивме на врвот, повторно му даваме шанса на Јувентус да се искачи највисоко на табелата. Сампдорија и таа има 2 бода плус но не ја сметам како конкурент за титулата.
Јуве има лесен натпревар со Болоња па не би требало да има проблем тука.

Но што било поминало, сега треба да се фокусираме на натпреварот од лигата на шампионите.
 
Syn мислам дека Киву влезе да игра лев бек а дека Сантон се префрли во средината. многу сецкаше стримот кој беше единствен повеќе гледав сликички отколку видео.
 
Syn мислам дека Киву влезе да игра лев бек а дека Сантон се префрли во средината. многу сецкаше стримот кој беше единствен повеќе гледав сликички отколку видео.
Нц, Киву играше средина, бар ја тие 30 минути асално што ги видов од втор дел . :S

Да, подобро ке беше обратно, го знаете мојот став кој е за Сантон у среден ред, ко што го знаете и ставот мој за Киву во среден ред .
 
Па рам, пам пам па ра рам... :music2:

Влегува коњ во кафана оди кај шанкот и келнерот му вика: Why the long face?

Малку да се нашалиме бе што сте скиснале. Сме изгубиле та преку Тасета, денес појќе одмараа на терен отколку што играа. Голот што го примивме беше ист како оној на Лавеци, овој пат Самуел заспа. Не се наспани луѓето остајте ги малку нек здивнат. Тактика игравме 7-0-3 што вика Деко, кога се префрливме на 4-4-2 ја презедовме играта ама касно а и пак неконкретно.

Се согласувам со Ибракадабра, незнам зошто излезе Балотели а не Ето. Малиот со топка во нозе ги убиваше прво полувреме, едноставно во ваков тип на натпревар е многу покорисен. Згора на тоа и поодморен е, Ето и Милито може да одморат малку не е крај на светот. Сега ем изгубивме, ем пак играа по 90 минути.

Значи пишав и пред натпревар дека ќе биде дрвење и дека сум задоволен со нерешено. Реално така и требаше ама кога примаме евтини голови... Кога те напаѓаат цело време како Барса концентрацијата е на ниво а во вакви натпревари секогаш заспиваме и примаме евтин гол.

Ама ако, подобро сега од покасно, добро е за памет и приземјување, Рубин ќе плати за се и то...

Па рам, пам пам па ра рам... :music2:
 
не дека нешто провоцирам или нешто такво .. туку ме интересира Ето колку гола има постигнато у Интер оти Ибра само што влезе денеска и пак гол па ме интересира за ето ??
 
Ибра ве поздрави :)

5 од 5... не дека ве интересира, али онака да идам малце офтопик и ја!
И тоа има уште 1 полувреме...
А до ова коло имаше 4/4 и го имаше изедначено рекордот на Стоичков, Марадона, Роналдо... итд итд, сеа е осамен ко што разбрав.

Ете што изгубивме!
Покрај денес од Сампдорија што изгубивме, нели...

Син напиша дека и лани сме имале 13 бода после 6 кола, а Јуве имаше 16 после истите 6? А лани беа тука Снајдер, Лусио, Ето, Мота и Милито?
Посилен тим сме, нели... требаше да имаме повеќе од 13!

П.С. Немав приметено дека и Сантон кумувал при голот. Си поделија кумство со другар му Валтер, јес да детево има добри 70% :)
 
Прва работа за Златко знаеме колку е добар, иако некои веруваа тука дека туку така лесно ќе поминеме без играч кој може да реши утакмица сам! Али Златко е во Барса, што е тука е, нема враќање назад..

Втора работа.. гледам крив ви е Сантон, па Самуел, па Маикон не трчал.. па незнам што.. Не се криви тие.. Ние со таква формација излеговме.. Излеговме со 4-3-3, со тројца играчи во средината од кои нити еден нема ни 20 % од офанзивност! Затоа немавме нити една 100 % шанса до онаа кобна минута кога го примивме голот.. А пазете работа.. Со тројца напаѓачи.. Катастрофа! Незнам зошто Мурињо го форсира Ето кога немаме кој во средина да доаѓа на 30 метра и да ја прима топката.. Тоа го правеше Златан да.. Али Златан и Ето не се исти! Ето не може да ја прими, да помине 2-3 и да даде гол! Тоа во Италија Ето не го може! И потоа Милито е сам напред и се бори како коњ со тројца одбранбени играчи.. Затоа не постигнавме гол..
Снајдер е повреден, Мурињо се реши да го одмори Станкович и ете ти беља! Немаме креативност, немаме офанзивност во среден ред и немаме шанси во нападот! Не е крива одбраната.. луѓе се.. можат да згрешат барем еднаш како денеска во текот на еден меч.. Али да имаш напад со тројца фудбалери и да не направиш ни една посериозна шанса - тоа е недозволиво!
Не дека којзнае што сме изгубиле денес.. Само ќе мора да ги трпиме овчарине од Б лигана.. дека биле прво место и незнам што..
Како и да е сега следи поважен натпревар.. Следи Рубин од Казан.. Се надевам на поголемо залагање на фудбалерите и три бода од Русија без примен гол..
 
Пошо се наоѓам у 99% од твојот пост... ќе одговорам.

Маикон трчаше ко коњ, у прв полувреме сите акции одеа по нашата десна страна каде што е Маикон + Балотели, го дриблаа Станкевичиус... Занети покриваше по таа страна кога Маикон одеше напред дека Касано остануваше непокриен.
Сантон и Самуел не се криви?! За конкретниот гол се криви, Сантон највеќе, он ја направи грешката, а Самуел што не си беше до својот играч тоа е друга работа.
У 2ро полувреме Маикон се губеше, утна топка со глава, при што Касано влезе откосо у 16 метри, па се спасивме некако. Друга грешка коа го опна у глава КАсано, жолт картон. Трчаше, кажав и погоре, ама не беше така убоит како обично.

За Ето кажав што имав да си кажам, си стојам на тоа дека уште не може да се привикне на ќутекот и дуел играта у Италија и е ебиветар коа станува збор за тој аспект од играта.
 
Сантон и Самуел се криви по голот.. да.. Али конечниот резултат не зависи само од една нивна грешка.. Ако тие се криви за таа едната.. тогаш кој е крив што не направивме шанса во текот на 90 мин?

П.С. Сигурно не Маикон, Самуел, Лусио, Сантон..
 
Шанси ние имавме повеќе од нив, сеа прашање е ти што подразбираш за шанса. Нивниот гол беше по шанса?!

Едноставно ова беше меч без изградени акции и шансите беа случајни, а факт е дека Интер имаше повеќе.

Еве ти дел од нашите закани кон нивниот гол:

1. Милито до Камбијасо во 1во полувреме.
2. Милито кога се заплетка по одличната дијагонала и избегнатата офсајд стапица, 2ца дефанзивци го опколија, требаше да не дрибла туку да шутира.
3. Милито спуштена топка до Ето, волејот покрај гол.
4. Слободниот на Лусио
5. Поништениот гол на Кварезма
6. При крајот Ето кога изведе некој чуден волеј.

Тие ми истекнаа...
 
реков кој не дава голови-прима голови.

како и да е пак ке напоменам дека половина постава од лани ни е променета а сепак како што кажа СИН го имаме истиот учинок како и лани.
Фактот што буквално секој пост во Јубе фан клуб е "JEEE Интер изгуби први сме" само дополнително ни кажува колку многу се плашат од самата појава наречена Интер. на 6 декември ке им покажеме кај се раѓа лебчето а сулеј Мунтари ке си игра кобра.....
 
80 % од оние кои ги наброја се после водството на Сампдорија! Нивниот гол беше мислам од полу контра.. ако добро памтам.. и токму поради тоа не ги обвинувам никој од одбраната..
А шанса на 0-0 освен онаа повратната на Милито до Камбиасо, која беше така посериозна за гол друга јас не видов.. Посед, напади, притисок да.. шанси јок.. и тоа игравме со тројца напаѓачи..
 
Посед пред полувреме беше 55-45% во нивна корист!
После примениот гол ние земавме...

Иначе еве ја “полу контрата“ што ти ја збориш...

Ако ова е полуконтра, јас сум Супермен
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom