Јебига, се насетуваше кикс во Џенова и истиот се случи, пишав и претходно затоа таков '' песимистички '' пост одностно работи кои се контра Интер пред овој меч .
Дел Нери извојува уште една победа против Интер и дефинитивно ни стануе дечкото '' ноќна мора '' .
Не сум многу разочаран од поразов, 3 меча во 6 дена си го направија своето иако денес, од тоа што можев јас да го видам ( поради проблемите со стримовите ) имаше се на се 4-5 шанси, а за Сампдорија успеав да начекам само една, нивниот гол, друго не видов .
Голот падна по голема грешка на Сантон и тоа е тоа, бидна, нема назад, реален резултат беше нерешено, али овој муабет во фудбалот никогаш не палел .
Честитки за момците од Џенова, очекувам и од едниот и од другиот клуб од тој град оваа сезона да бидат во топ 6, зашто да не и во топ 4, бар еден од нив .
Минатата сезона во 6то коло Интер имаа 13 бодови, и сега по истото ке имаат 13 бодови, најдоброто од оваа екипа очекувам да започне од мечот со Удинезе па нагоре .
И да, Мур, јас како што забележав во второ, ги немаше Балотели и Виеира а у игра влегоа Дејо и Киву, да да, Киву, пак ке го поставам прашањево, кога Интер успеале да победат кога Киву играл во средината . Лани, каква коинциденција, играше на таа позиција против Аталанта со Дел Нери и изгубија, сега повторно против истиот човек, не дека он е виновен за голот, али тимот е така десеткуван кога напаѓа поради играњето на овој играч на неприродна позиција, тука, Мурињо потфрли многу .
Што Санточе, што мајка бараше Самуел таму, кога напаѓачот на неговата страна (Пацини) беше сам!
Самуел е крив, а Сантон што е дрво одбрана, дрво е.
На тој дел од теренот да изгуби топка е едноставно недозволиво, им овозможи акција и шанса за гол, ја на стримов и неможев да забележам каде е Самуел, но дефакто Сантон е најголемиот виновник поради лошиот и млак пас на своја пловина, длабоко во истата .
п.с. Хедс ап . :smir: