Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.035
- Поени од реакции
- 61.982
Не верувам дека пцуел на Италијански, и во лице да го пцуе и овој мирно да седи, па како судеше цела вечер такво нешто да е рекол ќе е бил директно исклучен и казнет со неколку натпревари неиграње, али да оставиме некој друг да се занимава со овие работи и да одлучи кој е крив а кој прав.
А бе ти не веруваш зошто не сакаш да веруваш ама човекот го цитираше од А до Ш. Три збора се, толку може да запамти. И никој не го демантираше.
И ај стварно да оставиме друг да се занимава со овие работи а вие да не замарате на наш фан клуб со вашите објективни гледања на работите: Мело не е виновен иако јасно го фатила камера, голот е гол иако ни една камера не го фати.
Може?
Плачете си таму имате фан-клуб.
ОК, можеме и така да го наречеме, СУДИСКА ГРЕШКА. Ме чуди само што за (не)исклучувањето на Мело се буни човекот чив тим претходноит ден благодарение на СУДИСКА ГРЕШКА поведе со 2-0 веќе во петтата минута и го откажа од понатамошна борба за бодови и онака играчки послабиот противник. Со други зборови му ги уништи сите мотиви за било каков позитивен резултат. На Наполи би им било тешко да се вратат од 0-2 и со многу послаби екипи од Интер. Значи, победникот беше решен уште во 5тата минута благодарение на СУДИСКА ГРЕШКА. Е сега кога е во прашање Мело, тоа било тенденциозно судење според Матераци. Тој самиот ова не го окарактеризира како судиска грашка или превид. Епа види сега дали јас гледам црно-бело или проблемот е на друга страна. Инаку како што реков, јас воопшто нема да се вознемирувам на судиски грешки во корист на ривалите се додека Јувентус не е засегнат со истите и не се извртуваат работите во стилот, Јувентус е привилегиран, Јувентус мести, итн.
По стоти пат иако не верувам дека ќе помогне:
50 cm, пола секунда Vs Пцуење во фаца
Се разбираме или уште нејасно?