Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Прашајте го Иосоно кој беше одлучувачки фактор во победата на Интер над Парма :pipi:
 
Прашајте го Иосоно кој беше одлучувачки фактор во победата на Интер над Парма :pipi:
еден од најголемите интераши на форумов воедно и почесен член на нашиот фан клуб
 
Не го гледав дуелов заради кошарката само на моменти пуштав и како што приметив Интер напаѓаше постојано, но имаше проблем да го пробие бедемот на Парма. Секако секогаш е тешко кога противникот игра бункер, но најважно е што 3те бода се освоени. Ремек дело на Ето, а голот на Милито не го видов.

Со Барса не верувам дека Мурињо премногу ќе се отвори и веројатно 2те екипи ќе бидат претпазливи, бидејќи е прв натпревар и не очекувам многу голови.
 
Правевме некои измени на сајтот, поточно на горниот банер и на логото. Некаде се прикажува одлично но некаде се јавува и проблем. Затоа би ве замолил ако се појават грешки во тој дел да ми испратите ПП или порака на профил.

Инаку идејата да го покриеме целиот горен дел беше на The Great, ја реализираше Marso, а јас придонесов со јадење на бурек од страна.

Заслужен за денешната победа со Парма е нашиот поранешен член Marley кој го избркавме поради нередовно плаќање членарина. Истиот неочекувано се појави на chat во второто полувреме со Парма пред да паднат головите. Како голем Интераш остана до крај да го бодри својот тим. Marley вети дека ќе се појави и на натпреварот со Барселона, а ако победи Интер, ќе му ја вратиме членската карта и ќе му дадеме три месеци гратис :smir:
 
До пред малку завршив со гледањето на репризата на Интер-Парма. Нема да коментирам многу околу натпреварот, не е ова филм, утакмицата горе-долу сите ја имате гледано :)
Она денес што го играше Парма е нефудбал, убаво рече Син, фалеше уште автобусот на Парма сосе шоферот да застанат пред гол. Интер доминираше во текот на целата утакмица, а Парма имаше 1-2 шанси, епа господа и ретардирани да се, во 90 минути ќе направат некоја акција или пак ќе се протне топката несакајќи.
Снајдер изигра на високо ниво, Балотели дефинитивно не е флоп, влегувајќи во игра внесе многу свежина во тимот (навремена и исправна одлука на Мурињо), Лусио игра како да е на дрога, Маикон стандард, Ето не направи нешто сериозно ама барем се бореше за секоја топка и секако, фантастичен гол.
Реков, Милито даде најискулиран гол во последниве неколку години, едноставно премногу бразилски беше голот, со многу чуство :).

5:19, очите ќе ми паднат на тастатура, peace и Форца Интер !!! :)
 
Искрено мислам дека во дуелот со Барса, Ибра и те како ќе биде исвиркуван од Curva Nord бидејќи после тоа што го направи (мислам на гестот кога се обиде да ја замолчи публиката) нема да се има никаква почит према него без разлика што и колку има постигнато за овој клуб и мислам дека треба со право си ги заслужи овие приливи од негативни набои и иронично за возврат треба да си ги добие.
Не може играч така да се однесува и покрај неспорните квалитети и постигнати голови да бара да биде третиран како Бог без притоа да не напомени и обелодени барем еден играч кој исто така одиграл на ниво покрај него.
Толку егоизам и самобендисаност тоа чудо нешто.
 
Ибра изјави дека нема да му биде важно како ке реагира публиката и дека има голема почит према своите поранешни соиграчи.

А на претходната изјава на Ибрахимович дека тој ги донесол 3те Скудета и дека Барса е подобра од Интер,Мунтари додаде дека бидејки тој игра во Интер,Интер е подобар од Барса и дека тој трчал за Интер за да му овозможи на Ибра да дава голови.

Сите му се некако негативно настроени,ке го јаде во Среда :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom