Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Едно прашање до администраторите на www.fcinter.com.mk, дали сте во план за правење на вистински форум на сајтот, со повеќе теми, категории и сл.?? Како што се inter-balkan.com, interusrcu.com/i-forum/ и др. Мислам дека таков форум нема на македонски јазик,а сајтот ви е ОК па тоа би бил логичен чекор напред.
 
Размислувам ама има проблем што повеќето сме привикнати на фан-клубов овде и многу е тешко да се префрлиме на две места. Пробно поставив коментари ама мал интерес има за пишување. Сега за сега приоритет е да ја зголемиме посетеноста, а понатаму ќе видиме како ќе биде. Засега фан-клубов ни ја врши таа работа.
 
Доста го дрвите за Златан.. Ќе дадел гол, немало да дај.. Ќе го повределе, ќе го свиркале.. Пола од тие работи по весниците се пишуваат заради поголем тираж.. Знаат новинарите кој наслов се купува пред дуелот Интер - Барселона..
Туку Златан ич не е битен во моментов.. Нека даде ако сака и 2 гола.. Нека победи Интер само..

Што се однесува до формацијата гледам сите фудбалери со исклучок на Матераци и Манчини се спремни.. Значи Мурињо има главоболки според мене.. Нашата најдобра одбрана во моментов е Маикон, Лусио, Самуел и Чиву! Значи тука нема место за Занети според мене..
Нашиот најдобар среден ред според мене е Камбиасо, Станкович, Снајдер и уште еден. Тој уште еден е голема главоболка мислам за Мурињо.. Нападот стандардно Ето и Милито.

Значи една работа е капитенот да игра.. Доколку биде изоставен тоа ќе биде голем психички удар за него.. Од друга страна Мота е покорисен во организација на напад и уфрлање во шанса.. Додека Мунтари е подобар кога ги брка противниците и со оние клизачки стартови од позади им ги одзема топките.. Значи според мене тука можеби е изненадувањето.. Ако веќе се реши Мурињо да го стави Камбиасо.. Доколку не, тогаш Занети игра 100 % и ќе се бира помеѓу Мота и Мунтари.

Чиву е доста добар во дефанзива, можеби најдобар што го имаме од левите бекови.. Знаеме дека Меси игра по таа страна.. Но Меси некогаш знае и да се уфрли во средина да одигра некое 1-2 подавање.. Тука ни треба Мунтари..

Маикон треба да растура по таа десна страна.. Нема конкуренција по левата страна на Барселона..

Станкович и Снајдер да упатуваат колку е можно повеќе удари од 20 метри.. Онаа глупавост која ја има Валдез мора да се искористи..

И секако.. Тие се послаби во одбраната.. Доста неконстантни ми делуваат кој и да играат назад.. Пујол, Пике и остала багра знаат и тоа како да направат по 1 до 2 кикса во натпревар..

Додека ние сме понеуиграни и послабо технички потковани во средината.. Тука треба помош и од Ето да се извлекува.. Како што тоа го прават Анри и Меси и на моменти нивната средина делува како да играат со 5 играчи, а не 3! Тоа е тоа..

Барса обично секој почеток на сезона го игра слабо.. Некако немотивирано.. Изиграа 0-0 со Шактар.. Минатата со Гетафе првото полувреме двапати им беше погодена стативата, за во второ онака рутински со еден необичен гол да поведат.. Тоа треба да го искористиме.. Ќе имаме преку 70.000 наши фанови за кои не се сомневам дека ќе бидат гласни во текот на цел меч.. Еден гол во раната фаза и очекувам делириум..

Ајде нека доаѓа среда упм веќе..

П.С. Нели се прави тема Интер - Барселона?
 
Еве ви еден спортски поздрав:
ibra_eto.jpg
 
Волфганг Штарк (судијата на утакмицата Манчестер-Интер 2-0 , Интер-Арсенал 1-5 , Валенсија - Интер 0-0 , ајакс - интер 2-2) ке биде судија и на натпреварот во среда.
според инфото од википедија судијава повеќе претпочита да го користи црвениот картон а и често бил склон кон една страна (погодете која)......
 
Aбе кој сака нека суди ако изигра интер паметно и мудро верувам во победа на интер имаме јак состав според мене најслаба точка им е одбраната левиот бек и пике тука мозе маикон да искосристи доста.Иначе ја би играл со овој состав цезар,маикон,лусио,самуел,сантон,занети,мота,станкович,снајдер,милито,ето ако игра со овој состав интер ке победи ке видите.
 
Мурињо е сто на сто луд. Ќе го прегрнал Ибра пред дуелот што е сосена во ред, сепак заедно работеа 2 години во Интер, ама текстот што следува по изјавата дека ќе го прегрне е страшна. Мислите дека Мурињо вака прави лице или???

I will hug him before the game but during the entire 90 minutes I don't even want to know what his name is.
 
Jose Murinho, Mind Games :)

Инаку она како и по обичај е квази-цитат од гоал.ком. Прееска ја читав изјавата вика: Ќе го прегрнам на почетокот, но кога ќе почне натпреварот, не сакам да знам ни како се вика...

Да не барам линк сега сигурно ќе излезе во целост...
 
Волфганг Штарк (судијата на утакмицата Манчестер-Интер 2-0 , Интер-Арсенал 1-5 , Валенсија - Интер 0-0 , ајакс - интер 2-2) ке биде судија и на натпреварот во среда.
според инфото од википедија судијава повеќе претпочита да го користи црвениот картон а и често бил склон кон една страна (погодете која)......


Исто мислам дека и Барса со тој судија нема победа до сега.:smir:

Aбе кој сака нека суди ако изигра интер паметно и мудро верувам во победа на интер имаме јак состав според мене најслаба точка им е одбраната левиот бек и пике тука мозе маикон да искосристи доста.Иначе ја би играл со овој состав цезар,маикон,лусио,самуел,сантон,занети,мота,станкович,снајдер,милито,ето ако игра со овој состав интер ке победи ке видите.

yeah right
 
Не им е Пике најслаба точка. Кај Пујол е најлабаво. Не можеме да чекаме некој поединец да ни згреши. Треба Маикон да ја ора таа десната страна, зошто од лево голот нема да го видиме. Освен ако заигра Кварезма со тривелите. Ќе имаме многу повеќе простор за игра зошто Барселона не се брани туку се надигрува. Лудило ќе биде. Далеку е среда... :vozbud:
 
Пике моментално е еден од најдобрите стопери, сакал тоа некој го признае или не.:smir:
 
uf ama ke bide festa vo sreda...:bakla::ultras:...

Samo se nadevam deka Inter nema samo da se brani tuku i ke igraat ofanzivno pa da gledame dobar mec...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom