До пред малку завршив со гледањето на репризата на Интер-Парма. Нема да коментирам многу околу натпреварот, не е ова филм, утакмицата горе-долу сите ја имате гледано

Она денес што го играше Парма е нефудбал, убаво рече Син, фалеше уште автобусот на Парма сосе шоферот да застанат пред гол. Интер доминираше во текот на целата утакмица, а Парма имаше 1-2 шанси, епа господа и ретардирани да се, во 90 минути ќе направат некоја акција или пак ќе се протне топката несакајќи.
Снајдер изигра на високо ниво, Балотели дефинитивно не е флоп, влегувајќи во игра внесе многу свежина во тимот (навремена и исправна одлука на Мурињо), Лусио игра како да е на дрога, Маикон стандард, Ето не направи нешто сериозно ама барем се бореше за секоја топка и секако, фантастичен гол.
Реков, Милито даде најискулиран гол во последниве неколку години, едноставно премногу бразилски беше голот, со многу чуство

.
5:19, очите ќе ми паднат на тастатура, peace и Форца Интер !!!
