Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мислам дека Интер воопшто не се интересира за Диего, ако сакавме до сега пет пати ќе го донесевме пошто пред да дојде во Порто неговиот татко бил на Меаца и преговарал за преселба во Интер. Значи нашиот интерес за Диего е стар пет до шест години.

Се спомнува и многи се шпекулира дека Хернанес ќе биде плејот што ќе дојде. Ист тип на играч како Диего само игра во Сао Паола и чини два пати помлаце. Сепак дечкото нема искуство од настап во Европа и Лига на Шампиони па незнам колку е добро да се ризикува. Ин
Не знам дали можи да се ризикува со еден таков играч. Нам ни треба некој проверен, веќе докажан играч без разлика колку е скап. Ако сакаме да атакуваме на лига на шампиони мора да се поработи на многу покреативен и поквалитетен среден ред. Единствено тоа ни фали во овој момент.
Го имаме најдобриот голман на планетата, една од најдобрите одбрани, едни од најдобрите дефанзивни играчи на средината на теренот и најдобриот шпиц, ИБРА.
Со Диего, Џенас (би сакал Рибери но мн тешко) и Милито мислам дека тимот би бил комплетен.
 
На крај ќе завршиме со D'Agostino:kesa:
 
Не треба да го отпишеме Дрогба. Мислам дека Диди ќе дојде во Интер ова лето и повеќе од 10 милиони евра нема да чини неговиот трансфер. Има над 30 години договор кој завршва во 2010. Под водство на Хидинк се препоридо. Сепак уште една сезона без трофеј, Хидинк си оди а Диди останува во неизвеснот кој ќе биде нов тренер и како тоа ќе влијае кај него па очекувам да се спои со другарчето Мурињо. Башка може да преговараме и со Кварезма кој е на позајмица до крајот на сезоната.

D'Agostino колку што знам не е плеј, повеќе е ДМЦ а и јас би бил задоволен со него на место Виеира кој се шетка по теренот а зима 5 милиони евра плата. Башка ќе добиеме и Италијанец во тимот
 
Изгледа Јуве ни го лапна Диего :)

Доколку сакаме да го искористиме Кварезма, мо=еме да ги земиме Деко и Дрогба од Челзи. Деко во последно го немам видено да заигра за Челзи, не знам дали е повреден или не го става Хидинг.
Друга опција е Мота.
Помлад е од деко и добро се снајде во Италија. Но не сум сигурен дали е играч за екипа од калибарот на Интер. Можеби тој се снаоѓа во Џенова, можеби ќе се снајде во Лацио, Фиорентина...

Како и да е мора да се засили средниот ред. Како што пиши низ медиумите Јуве ни го зеде Диего кој беше можеби најдобра алтернатива..
 
А можно е и Лавеци да оди во Јубе,така прочитав сабајле.
Џовинко да оди во Наполи плус доплата за Лавеци.
:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:

А Императорот гледам како да не е депресивен толку како што викаше,се има сликано на презентацијата на Фламенго и има осмех,мислиш освоил Скудето со нас.:tapp:
 
Работиви не одаат на добро за Интер.
Читам денеска завршиле работа околу трансверот на Милито, се издоговориле.
Јас мислам дека Милито е 29-ет годишен фудбалер, кој една полусезона играше добро, а во вториов дел некако се подзаборави да дава голови.
Милито е многу добар за Џенова, а за во Интер кој атакува на Лигата на Шампиони потребни му се најдобрите фудбалери.
На Интер му е потребен Есиен, Рибери, Кака, Џерард, Тери, К.Роналдо, Фабрегас, Чави, Иниеста, Меси.
Можеби ви изгледаат овие играчи недопирливи, а јас со тоа се сложувам.
Но за Манчестер, Челзи, Реал Мадрид воопшто не се недопирливи.
Еве и ние можеме да се пофалиме со еден играч кој се смета во најдобрите 10 играчи на фудбалската игра и него неможеме да го задржиме, незнаеме како да го мотивираме, а тоа го прави глупата трансфер политика на управата на Интер, предводена од Ориали и Бранка, а на чело со Морати.
Неколку сезони се шпекулираше за доаѓањето на мансини, а ние го добивме кога го изгуби првотимскиот статус во Рома, исто беше пред еколку сезони и со Кили Гонзалес, занего бевме заинтересирани неколку сезони, но го добивме кога стана резерва во Валенсија.
Ние ги купуваме згаснатите играчи, кој биле пред тоа во форма ,а кога нивните клубови ќе сватаат дека паднале во формата за убави пари ни ги праќаат нас.

Еве сега сум сигурен дека набргу да запни некој клуб би ни ги зел од раце и на Ибро и на Маикон, нешто што вреди во екипата.
А ќе прибереме некое играчиште за многу скапи пари, што во другите клубови се дотрошило.
Јас знам дека Дрогба е силен играч и еден од најдобрите напаѓачи во светот, но сега тој се движи во надолна линија, исто ќе биде и со Лампард, со Милито.
Нас ни треба играчи од 24 год, до 27 год.
А не над 30 години ( истрошени ).
Имаме доста примери: Фиго, Виеира, Батистута, Креспо, Михајловиќ, Ламуши, Џули, Нелсон Вивас, и уште многу други, кој ако продолжам да ги пишувам незнам кај би бил крајот на постов.
П.С се надевам дека управата на Интер ќе ме демантира оваа лето.
Поздрав
 
Требаше да го земеме Диего зошто таков играч треба во интер
 
Чекајте да се отвори трансфер пазарот па ке правиме муабет

Ова е од минатата сезона
Според германските медиуми трансферот на Ван дер Варт е завршена работа.Според информациите Холанѓанецот ќе направи трансфер во Jувентус за 15 милиони евра.
И Матиони ги правеше медицинските прегледи во Торино па ене го, на клупата од Милан, башка денес излезе информација дека имало контакт Морати - таткото на Диего .

Она што во моментов е релевантно е мечот со Киево кој ке биде пренесуван во Недела на ОБН, па ке имаме можност да ги гледаме нероазурите во живо . Се надевам на победа па заверката на титулата да биде против Сиена на Меаца . :vozbud:
 
Работиви не одаат на добро за Интер.
Читам денеска завршиле работа околу трансверот на Милито, се издоговориле.
Јас мислам дека Милито е 29-ет годишен фудбалер, кој една полусезона играше добро, а во вториов дел некако се подзаборави да дава голови.
Милито е многу добар за Џенова, а за во Интер кој атакува на Лигата на Шампиони потребни му се најдобрите фудбалери.
На Интер му е потребен Есиен, Рибери, Кака, Џерард, Тери, К.Роналдо, Фабрегас, Чави, Иниеста, Меси.
Можеби ви изгледаат овие играчи недопирливи, а јас со тоа се сложувам.
Но за Манчестер, Челзи, Реал Мадрид воопшто не се недопирливи.
Еве и ние можеме да се пофалиме со еден играч кој се смета во најдобрите 10 играчи на фудбалската игра и него неможеме да го задржиме, незнаеме како да го мотивираме, а тоа го прави глупата трансфер политика на управата на Интер, предводена од Ориали и Бранка, а на чело со Морати.
Неколку сезони се шпекулираше за доаѓањето на мансини, а ние го добивме кога го изгуби првотимскиот статус во Рома, исто беше пред еколку сезони и со Кили Гонзалес, занего бевме заинтересирани неколку сезони, но го добивме кога стана резерва во Валенсија.
Ние ги купуваме згаснатите играчи, кој биле пред тоа во форма ,а кога нивните клубови ќе сватаат дека паднале во формата за убави пари ни ги праќаат нас.

Еве сега сум сигурен дека набргу да запни некој клуб би ни ги зел од раце и на Ибро и на Маикон, нешто што вреди во екипата.
А ќе прибереме некое играчиште за многу скапи пари, што во другите клубови се дотрошило.
Јас знам дека Дрогба е силен играч и еден од најдобрите напаѓачи во светот, но сега тој се движи во надолна линија, исто ќе биде и со Лампард, со Милито.
Нас ни треба играчи од 24 год, до 27 год.
А не над 30 години ( истрошени ).
Имаме доста примери: Фиго, Виеира, Батистута, Креспо, Михајловиќ, Ламуши, Џули, Нелсон Вивас, и уште многу други, кој ако продолжам да ги пишувам незнам кај би бил крајот на постов.
П.С се надевам дека управата на Интер ќе ме демантира оваа лето.
Поздрав

Во поголем дел од постот не се сложувам со тебе. Италија не е Шпанија и Англија каде што се игра напаѓачки фудбал и каде што повеќето е добрите играчи сакаат да отидат заради темпото на игра.

Сите играчи што можат да се купат со пари се достижни и за нас исто колку и за Реал, Манчестер или Челзи. Но ако сите три екипи почнат да надаваат на пример за Рибери се знае дека Интер нема шанси поради стилот на игра во Калчото не зошто ние ќе му понудиме послаби фиансиски услови или неможност за освојување на титули.

Од Болдираните играчи ова лето на трансфер пазарот можат да се најдат само двајца фудбалери, Рибери и Роналдо. Другите нема шанси никој да ги купи. А Роналдо се знае кај ќе оди ако замине од Ман Утд, за Рибери може имаме шанса.

Диего Милито далеку дека е потрошен матераил. Уште во дресот на Срагаоса правеше парче во Шпанија. Го бараа и Реал и Валенсиај но Сарагоса не сакаше да им го продаде. Милито играше топ се дур не се повреди пред некој месец и одма по враќањето даде хет трик на градското дерби. Има 19 гола еден зад Ибра. Летоска ќе наполни 30 и може да се каже дека сега е во нјзрелиот дел од кариерата да одигра уште две-три години на вакво ниво и да ни донесе трофеи доволно ќе е.

Проблем ни преставува само плејмекерската позиција. Голема грешка ни е што остануваме неми за Диего. Прво испуштаме одличен плеј и второ тој ќе го засили нашиот конкурент за титулата.

Исто така многу е лошо што Занети игра во среден ред. Тоа е измислена позиција поради која има одредени предности но и одредени слабости. Предност е што тој е капитен, секогаш дава максимум пожртвуванос, и невидена борба. Ја крева мотивацијата кај сите и е пример за младите фудбалери. Башка што му дава простор на Маикон да игра како десно крило. Лоше е тоа што на местото на Занети би требало да игра некој од типот на Есиен, Мело, Макун, Д’Агустино, некој што е поофанизвно ориентиран, што има поголема техника, добро додавање, што постојано ќе се приклучува во нападот. Таа алка многу ни фали.

Освен тоа со доаѓање на плеј треба да се внесе и напаѓачки менталитет. Да има многу раздвижност и трчање по теренот. Премногу сме статични во нападот секој кога ќе ја даде топката стои во место. Не се обидува да влезе во шеснаесетник да се открие да побара топка. Поголемиот дел од натпреварите ги добивме поради разликите во класа. Добар фудбал покажувавме само на дерби натпреварите или откако ќе падневме во негатива.

Ова се 11 кој посакувам да ги видам со оглед на сегашните трансфер околности. Цесар, Маикон, Самуел, Киву, Максвел, Камбијасо, Мело, Диего, Рибери, Златан и Тевез Се на се 80 милиони за реализација на сите трансфери.:pos2:

Чекајте да се отвори трансфер пазарот па ке правиме муабет

Ова е од минатата сезона
И Матиони ги правеше медицинските прегледи во Торино па ене го, на клупата од Милан, башка денес излезе информација дека имало контакт Морати - таткото на Диего .

Она што во моментов е релевантно е мечот со Киево кој ке биде пренесуван во Недела на ОБН, па ке имаме можност да ги гледаме нероазурите во живо . Се надевам на победа па заверката на титулата да биде против Сиена на Меаца . :vozbud:

Таткото на Диего рече дека никој од Баерн не стапил во контакт со него а кога го прашаа за Интер, рече дека Морати не бил заинтересиран. Пошто иднината на Рибери сеуште не се знае Баерн е мирен па така верувам дека Диего ќе го облече дресот на Јуве
 
Ќе видиме. уште ништо не се знае кој би доаѓал, мада сакам Снајдер да го видам, што и најреални шанси иаме за него. А ако иде Гејналдо у Реал онда Рибери иде у Манчестер 100% така да заборавете на тие двајца. Ако иде Фабрегас у Барса тогаш Чави би идел негде, ама не ми се верува дека би се десило такво нешто. Можда би можеле нешто окулу Иниеста да напраиме, поготово што Барса е загреана за Максвел, мада после последното што го направи за каталонците, пак не ми се верува. Како и да свртиш ништо нема да се знае до моментот коа ќе видиме некој нов во црно-плав дрес. Исто важи и за сите останати екипи. Можда Билан би се ојачал со Адебајор, а јуБе со Диего, така да ако не направат некоја добра зделка на лето нашиве (што чисто сумљам) догодина ке си свиркаме :) Имав многу добро чувство за летово дека ке има многу добри транфери во наша корист, и дека ке гледаме најјак Интер во последниве години, ама како иде време се помалце надеж имам дека ке се деси такво нешто, дајбоже да не сум во право.
 
Диего уште од порано имаше шанса да дојде во Интер,уште како клинец кога беше.Го сметаа како голем талент и беше пред договор со Интер,но на крај се изјалови целата работа,мислам дека околу парите беше,многу им беше скап на Интер и отиде во Вердер каде што експлодираше со сиот свој потенцијал и знаење.Да го купевме тогаш,мада и скап да беше мислам дека околу 10 милиона евра беа во прашање,немаше сега да се мачиме да бараме асален плејмејкер и да се плашиме дека тој некој ке ни го земе друг клуб,башка од Италија и конкурент за титулата.
Но,не верувам дека ке оди во Јубе се додека не го видам сликан со нивниот дрес и стаен потпис на договор.До тогаш имаме шанса,како што беше со Ибра случајот,пред потпис со Милан и сабајлето го гледам сликан со дрес на Интер:vozbud::vozbud::vozbud:
Ако случајно не се земе Диего,сите сили мора да се насочат кон Рибери или па според мене и Рикелме би се снашол одлично кај нас.Искусен играч е,одличен техничар и може во секунда да направи триста глупости со топката и на некој да скрши кичма со неговите додавања.

Го мразам Адриано.....:nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
Човекот комотно си изјавил дека се чуствува како нов по преселбата во Фламенго,се чуствувал како препороден........
Па каде бе со тој памет,е***и наркоманот,пијаницата,цел Интер се тепаше за тебе да останеш уште бидејки веруваа во тебе и мислеа дека ке се вратиш во форма како некогаш,а ти им вртиш грб како тие да те упропастиле.:tapp::tapp:
На конференција ни едно ФАЛА не им кажа за тоа што се жртвуваа сите за тебе,НЕБЛАГОДАРЕН ЕДЕН!!!!!:nerv::nerv::nerv::nerv:
 
Ајде, без нервози, Адриано е тој што губи, не ние. Интер секако и без него ќе остане водечки тим во Сериа А, и без него ќе освојува титули. А тој нека игра во Фламенго наместо да е рамо до рамо со Ибра.
По неговите постапки ќе биде запаметен, така да ја губи и онака слабата наша благодарност кон него.
 
A-C-A-B
Остај човек не се замарај со него!
он исто вика секоја година кога се враќа во интер па пак ја посира работата!
Сега еж да ебе џабе му е старата форма никогаш нема да ја врати!
 
Хммм ме пукна носталгија на времето кога централен дефанзивец ни беше Л. Блан =) Леле колку кршев на тој играч .... аууууу
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom