Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
И тоа што Манчини местел утакмици за да си зима $ додека фановите на Интер беа у прединфарктно стање се до крајот на сезоната (буквално)
манчини сам неможел да мести утакмици сигурно имал и неколку фудбалери(ако не и сите) со него за да местат.
а знаеме дека состојбата во тимот после ливерпул беше очајна, фудбалерите дури не ни зборуваа со него,а камоли да му направат услуга и да местат за него.
така да не е можно да местел утакмици.
тоа само беше гнасна шпекулација на јувентус за да не симнат на нивно ниво...
 
Тоа беше експресно демантирано проследено со тужби за весникот кој Берлускони со задоволство ќе ги плати. Една од оние хајки кои медиумите ги започнуваа секогаш кога конкурентите малце ќе се доближеа, за да се наруши атмосферата.
 
Тоа е... не му се игра на 27 години, нема никаква желба. Виде дека не одат забави и играње заедно (тоа само Џорџ Бест успешно го комбинираше), па полесно му е да се ориентира на забави.

Ја лично го обожавав Рекоба кога не му се играше. Ќе излезеше крај аут линија да се загрева, ќе се растрчаше, ти се чини сега ќе им влезе и 3 ќе им даде. И кога ќе си влезеше на терен, па тоа дремка, спиење... Ама тој барем 30 и кусур имаше тогаш...
 
И другари што кур му е сега на тој наркоман и најтешка пијаница не знам јас???Значи тотално ме разочара Адриано,а мислев дека ке тргне на подобро кога го даде голот со Милан,од срека почнав да плачам,а ова говедо вака врака после се,ццц како нема грам срам,не знам јас???:uvo::uvo:
 
Многу сакам вакви информации макар и не биле точни :) :

МАКЕДОНЕЦОТ ПОВТОРНО НА "ЏУЗЕПЕ МЕАЦА"

Мурињо го враќа Пандев во Интер

Португалецот дал "зелено светло" за оваа операција и во него гледа идеална замена за контроверзниот напаѓач Адријано

A5A56F057138DA40A42FAC95CDA15CD9.jpg

Често пати сме биле сведоци на познатата фраза, првата љубов никогаш не се заборава. Дали повторно ќе бидеме сведоци на истата ќе дознаеме за време на претстојниот летен преоден рок за кога е закажан и состанокот помеѓу челниците на актуелниот шампион во италијанската Серија А Интер и оние на претставникот на репрезентативецот на Македонија и најголема ѕвезда во дресот на римски Лацио, Горан Пандев.

Според последните информации кои можат да се прочитаат на познатиот интернет портал, Тутомеркато, постојат реални шанси, Пандев, после 9 години, повторно да се врати на фудбалскиот храм "Џузепе Меаца", од каде како младинец ја почна својата блескава интернационална кариера на Апенините.
Зелено светло за операцијата има дадено и предводникот на "нероазурите", Жозе Мурињо, кој е импресиониран од играта на Македонецот, и во него гледа идеална замена за контроверзниот напаѓач Адријано.

Масло на големиот оган додава и претседателот на "светлосините", Клаудио Лотито, со одбивањето на идејата да се продолжи соработката со репрезентативецот на Македонија, до 2014 година.

Како што информира истиот сајт, челниците на Интер сакаат што е можно побрзо да ги осигураат услугите на Пандев, најмногу поради фактот дека истиот ќе стане слободен играч во 2010 година и поради зголемениот интерес што го покажуваат најголемите клубови во Европа.

До сега најави за испраќање официјална понуда дадоа раководните лица на Реал (М), Ливерпул, Валенсија, Тотенхем и Зенит.

тутомеркато линкче
 
Абе немој да ме ебеш со пластичен сега Пандев во Интер.. дај молимте.. не дека е многу слаб.. ама тотално промашување.. ако ова биди јас ќе се обесам..
Па Пандев ако си го гледал во Лацио е играч кој сака да ја задржи топката и упатува некој одличен пасс до Роки. Во Интер го имаме Златан кој ја задржува топката.. и кој знае да подаде..
Обично напаѓачите кога се двајца се бираат со различни карактеристики.. овие некако не ми одат заедно.. нас ни треба некој брз кој ќе стои напред и ќе чека топка.. не ни треба напаѓач кој најдобро игра на 30 м од противничкиот гол.
Така да.. ова мислам дека нема да се оствари..
 
Абе немој да ме ебеш со пластичен сега Пандев во Интер.. дај молимте.. не дека е многу слаб.. ама тотално промашување.. ако ова биди јас ќе се обесам..
Па Пандев ако си го гледал во Лацио е играч кој сака да ја задржи топката и упатува некој одличен пасс до Роки. Во Интер го имаме Златан кој ја задржува топката.. и кој знае да подаде..
Обично напаѓачите кога се двајца се бираат со различни карактеристики.. овие некако не ми одат заедно.. нас ни треба некој брз кој ќе стои напред и ќе чека топка.. не ни треба напаѓач кој најдобро игра на 30 м од противничкиот гол.
Така да.. ова мислам дека нема да се оствари..

Понекогаш не се согласувам со некое мислење многу или малце ама со ова апсолутно не се согласувам. За Пандев можам да кажам само две негативни работи: првата, моментално е во лоша форма. Втората, игра променливо, често постигнува одлична форма па паѓа. Ова второто со тренер како Мурињо ќе се среди.

Пандев може да ја разигра и средината кога не оди (а таму 2/3 натпревари не ни оди), и да асистира и да ја збудали одбраната. Не сакам Златан да ми излегува на 40 метри да држи топка, него местото му е во шпицот. Тој го прави тоа зошто нема кој друг. А за головите кога Гоки е во форма да не правам муабет. Спореди ги неговите со оние од Милито кој ни е исто во комбинација. Пандев има ремек дела од голови.

Мене ич не ми е битно за класични напаѓачи, секој може да дава голови кога е во форма. Ни требаат играчи кои знаат што прават со топката, кои можат да изработат акција од средина па до голот, да бидат опасни од контра и да можат да решаваа натпревари во потег. А не таму да се тешиме со Мунтари и Виера и слично.

То је то. Има уште една причина зошто не би го сакал во Интер, а тоа е ти да не се обесиш :)
 
Абе го бараш Пандев да ти ја разигра средината или бараш напаѓач? Тоа не е исто за мене.. Имавме еден таков.. Рекоба.. кој знаеше и тоа како да ја разигра средината кога играше како полушпиц.. нешто слично на Пандев.. ама не е тоа тоа..
Златан исто така да напоменам дека не е фудбалер кој ќе стои само во 16 метри. Тој сака да ја земи топката, да трча, да дрибла.. тоа е негов стил.. тој сака слобода во играта..
Друга работа е тоа што Пандев игра топло ладно..
Трета работа.. давал убави голови? какви се тоа голови.. не ги знам баш убаво головите на Милито бидејќи го спомнуваш.. ама Пандев 75 % од головите му се шутирани од 10 тина метра од голот.. даде еден убав со Јувентус, даде 2 со Реал.. други убави не ми останале онака во памтење..
Па земи го за пример еден Кваљарела од Удинезе и види ги неговите голови.. види колку повеќе трча.. види дека тој е Италијанец.. и мислам дека е подобро решение од Пандев.. па и еден Касано ако сакаш.. и да не набројувам..
 
Трета работа.. давал убави голови? какви се тоа голови.. не ги знам баш убаво головите на Милито бидејќи го спомнуваш.. ама Пандев 75 % од головите му се шутирани од 10 тина метра од голот.. даде еден убав со Јувентус, даде 2 со Реал.. други убави не ми останале онака во памтење..
Па земи го за пример еден Кваљарела од Удинезе и види ги неговите голови.. види колку повеќе трча.. види дека тој е Италијанец.. и мислам дека е подобро решение од Пандев.. па и еден Касано ако сакаш.. и да не набројувам..

Ај да не тупам многу тоа што најдов. Барав уште неколку ама нејќе.

Пандев, Емполи

Пандев, Лече

Пандев, Каљари

Пандев, Јувентус 1

Пандев, Јувентус 2

Пандев, Реал

Пандев, Компилација

Сега,

Милито, ТОП 10 компилација

Колку за споредба.

Кваљарела е ѕвер. Касано не ми го спомнувај.
 
Сакам да дојде Пандев дека е македонец , и чат пат да влага :smir::toe:
А да сакам други засилувања за напад .. :nenene:
Средината бара зајакнување и малце одбраната , нападот е топ ..
 
Пандев е моментално во слаба форма...меѓутоа е измислен за Фабио Кваљарела
 
Сепак мислам дека напаѓач ќе биде некој робусен како Милито или Дрогба. Ако веќе се носи мал напаѓач кој игра како полу-шпиц тогаш мислам дека ќе биде некој од Кваљарела или Роси, потребно е полека да се спремаме за 6+5 правилото.
 
Абе овие стварно биле заинтересирани за Пандев.Прееска на спорт кажаа дека Мурињо и Морати биле многу заинтересирани за како што кажаа "Mакедонецот"Пандев.Викаа дека биле сигурни дека ке го доведат во Интер да игра:tapp::tapp:Не сакам да дојде Пандев во Интер,едноставно нема да се вклопи во тимот,само ке грее клупа и ке им дава вода на другите.Ако веќе си оди од Лацио,што не ми се верува нека не доага во Интер,нека оди во дру клуб каде што ке има шанса да игра.А потенцијалното засилување ДИЕГО,вечерва одигра-феноменално според мене.Ете зашто треба играч како него.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom