Многу сакам вакви информации макар и не биле точни

:
МАКЕДОНЕЦОТ ПОВТОРНО НА "ЏУЗЕПЕ МЕАЦА"
Мурињо го враќа Пандев во Интер
Португалецот дал "зелено светло" за оваа операција и во него гледа идеална замена за контроверзниот напаѓач Адријано
Често пати сме биле сведоци на познатата фраза, првата љубов никогаш не се заборава. Дали повторно ќе бидеме сведоци на истата ќе дознаеме за време на претстојниот летен преоден рок за кога е закажан и состанокот помеѓу челниците на актуелниот шампион во италијанската Серија А Интер и оние на претставникот на репрезентативецот на Македонија и најголема ѕвезда во дресот на римски Лацио, Горан Пандев.
Според последните информации кои можат да се прочитаат на познатиот интернет портал, Тутомеркато, постојат реални шанси, Пандев, после 9 години, повторно да се врати на фудбалскиот храм "Џузепе Меаца", од каде како младинец ја почна својата блескава интернационална кариера на Апенините.
Зелено светло за операцијата има дадено и предводникот на "нероазурите", Жозе Мурињо, кој е импресиониран од играта на Македонецот, и во него гледа идеална замена за контроверзниот напаѓач Адријано.
Масло на големиот оган додава и претседателот на "светлосините", Клаудио Лотито, со одбивањето на идејата да се продолжи соработката со репрезентативецот на Македонија, до 2014 година.
Како што информира истиот сајт, челниците на Интер сакаат што е можно побрзо да ги осигураат услугите на Пандев, најмногу поради фактот дека истиот ќе стане слободен играч во 2010 година и поради зголемениот интерес што го покажуваат најголемите клубови во Европа.
До сега најави за испраќање официјална понуда дадоа раководните лица на Реал (М), Ливерпул, Валенсија, Тотенхем и Зенит.
тутомеркато линкче