Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Брат ... без навреда ама имам право да очекувам од мојот ТИМ кој има 1000 пати појак состав од фиорентина да игра ДОСТОЈНО а не да се молиме во Цезар као при секое дерби .. Што правиме ако Цезар падне у форма ? Кој ке биде крив ? Мурињо ? Морати ? кој ? Нешто мора да се мења ... што ... се надевам Мурињо знае најдобро
Гледам дека сте го средиле муабетот со Син, но само да прокоментирам нешто за составот на Фиорентина.
Во голема заблуда си ако мислиш дека Фиорентина нема добар состав, јес ние да имаме далеку посилен состав, ама оној на Фиорентина е во најмала рака најконкурентен за четврто место. Имаат фантастичен напад Муту - Џиља и доста талентирани играчи како Варгас, Јоветиќ, Монтоливо, Клодруп, (тој плавиот данец во средина) и така натаму. Тренерот според мене е втор или трет по квалитет во Италија, така да според мене Фиорентина е доста јака оваа година.
Инаку доста убаво напишано за Мурињо од страна на Син, вреди сите да го прочитате, посебно оние кои не се фанови на Интер.
Одам сеа репутација да му дадам...![]()
Не знам дали сте слушнале но господинот Морати изјавил дека на крајот на сезонава или наредната има за цел да ја продаде својата "играчка" наречена Интер.
Клубот се наога во тешка финансиска криза.Да бидеме попрецизни овогодинашните приходи од тв-правата,продажбата на билети од утакмици изнесува 110 милиони евра,а додека овогодинашните расходи од трансферите и поразот од лигата на шампиони е рамен на 180 милиони евра.
Со ова господинот Морати е принуден сметката од 70 милиони да си ја плати од свој џеб.Се проценува дека оваа година Интер со сигурност го напуштаат Манчини(10 милиони),Кварезма(15 милиони),Бурдисо(10),Суазо(10),Ривас(3) за целосна сума од 58 милиони со што повторно Морати би бил во минус,а се претпоставува заминување и на Адриано.Па затоа драги фанови на Интер немојте да се изненадите ако наредната сезона видите некој шеик како поминува низ Милано и оди на шопинг по "играчки":salut:
Мурињо скоро никогаш не ги победувал натпреварите со убава игра. Мурињо победува со цврста и борбена игра во текот на целиот натпревар. Не заџабе ги сака копачите како Дрогба, Есиен, Мунтари и многу слични. Тоа се борци од Африка што се борелел со Лавови а не се Јужно Американци кои се родиле со топка.
Дури и да сака да игра убав фудбал во Интер тоа не е можно. Причината е едноставна ние немаме среден ред.
Ако очекувата од Мунтари, Занети, Камбијасо и Деки да има убав фудбал тогаш гледајде шах со коментарна Зоки Михајовски зошто таму ќе има поголема возбуда.
Мислам дека договорот му завршува дури наредното лето, па ако сака да замини, а милан да го купи можеме да извлечиме и повеќе пари од него. Ги имаме Максвел и Сантон лево, па и Занети може да игра тука...Како што читав по страниве миленичево на многу од вас Максвел можно било да премине во Милан.. ??![]()
Јас не знам што се форсира Сантон толку... Доста му беа овие натпревари, со Максвел во таа позиција многу по опасни сме, и плус за во одбрана супер е. А Сантон дур се намести со десна, па чекај, левата, не не, уште со десна...ехеее.