Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Игуаин да не е случајно од школата на Реал Мадрид хехехехехе.
Еве што има од школата на Интер: Сантон, Балотели, Мартинс, Бергоми, Берти, Пандев ( дедека беше во Интер играше во Примаваера со Мартинс).
Прочитај погоре за Игуаин да не пишам пак.Тој е пронајдок на Капело и за тоа секоја чест.Ама со вас не се правело муабет кој ги спомна сега роналдо и Алонсо кога зборевме за Игуаин кој е дојде во Реал на 19-годишна возраст и не знам дали знаеше некој за него во моментот.И пак ќе кажам не е од нашата школа ама ние го направивме играчиште.И не замарајте со вашите ДЕЦА:балотели,Сантон и не знам кој
 
Прочитај погоре за Игуаин да не пишам пак.Тој е пронајдок на Капело и за тоа секоја чест.

Не е пронајдок да купиш некој млад талент од Аргентина и тоа од Ривер Плата и да го купиш за 13 милиони евра, сфаќаш ли ти??? Капело го нашол ц ц ц...

Али ок, те сфаќам... Како ти ко навивач на Реал би знаел што е тоа младинска школа, збор кој не постои во вашите речници...
 
zlatkomacedonia не се бламирај, плис..

Честито победа, титулава уште сега може да ја прославите. Не смеете ваква убедлива предност да прокоцкате. :smir:
 
Не е пронајдок да купиш некој млад талент од Аргентина и тоа од Ривер Плата и да го купиш за 13 милиони евра, сфаќаш ли ти??? Капело го нашол ц ц ц...

Али ок, те сфаќам... Како ти ко навивач на Реал би знаел што е тоа младинска школа, збор кој не постои во вашите речници...
Ако за нас не постои за вас пак ич.Ова е и крај на муабетот што го започнав со Думан во врска со ова.:helou:и со среќа титулата:helou:
 
Ако за нас не постои за вас пак ич.Ова е и крај на муабетот што го започнав со Думан во врска со ова.:helou:и со среќа титулата:helou:

3.....
2.....
1.......

Ааааауууууууууу кој виииииц :pos2::pos2::pos2:
 
Браво за Syn која има разбирање за се.Не како вас одма почнавте со инаети.Па што има врска ако Игуаин играл во Ривер Плата немора да играл во Кастиља па да речиме дека е наш.Важно ние го направивме играч и повеќе од играч.А ти Ибракадабра,Сантон и Балотели ги сметаш на ниво на Игуаин:tapp:Изгледа долго време не го имаш гледано Реал.

А толку што се разбира раководството на Реал Мадрид од фудбал, немаше да го става Игуаин на трансвер листата оваа лето што помина.
Имаа среќа што никој занего не се јави за купец.
Затоа раководството на Реал Мадрид можам да го прогласам за шампиони на продажба на дресови.
 
ај пиши сеа дека и Робињо е ваш пронајдок... не иде тоа така, Раул,Касиљас и донекаде Марсело да али за фудбалери кои сте платиле преку 10-15 мил. тоа не е пронајдок...
 
Да бе и Касиљас им го забораив, нејсе тоа, Злате, дај не го поти неаргументирано на темава жити све, па уште со кажаното Кака и Снајдер биле камења сезонава Се си кажа, не вреди остатокот од постовите да ти се чита.
 
Ајде нека ни ја дадат титулата уште сега, нема смисла ова...:)
 
Го гледав до 60` минута и морам да кажам дека немаше никаква идеја ниту залагање кај играчите да дадат гол, ми ги искинаа живците до последна минута. Сега озбилно, ептен фали креативец во средината. Виера ќе ја фати топката и стои во место, премногу деструктивци во екипата, негативно се одразува во играта. Мора уште еден играч како Шнајди, а без него нема никаква креативност.

Иако треба да знаеш како да победиш и кога не оди добро, а не како други екипи.:wink:Сите критики се добронамерни.
 
Победа типична за Интер. Ретки се натпреварите да седиш и мирен да ги гледаш. А особено ако ја чекаш последна на тикет. 1-0!

А незнам што Мурињо го тупеше цел натпревар со Милито. Ем не изигра којзнае што, ем го чуваше до 85 ако добро видов. Балотели требаше порано да влези.

Средината после даден гол ми се смачи да ја коментирам. Играат како да е 3-0. Да не се знаело да се тргни во напад.. Виеира како уплашен со топката..

И исто ако добро забележав, ова му беше на Мунтари веќе 2 или 3 натпревар како игра лев бек!!!
Незнам што планира Мурињо.. Од Максвел, Сантон, Чиву и Занети преминавме на Мунтари..

Али предноста е огромна со оглед на тоа како играат другите, па очекувам добро славје за Нова Година.
 
Утакмицава со Лацио - рутина :icon_cool:), ја чекав да дадат уште еден гол па да си глеам Prison Break ама тоа е, си изиграа колку шо требаше.
А овие од фан клуб Јубе не се интересни више, секое коло кукаат :icon_lol:
 
Го гледав до 60` минута и морам да кажам дека немаше никаква идеја ниту залагање кај играчите да дадат гол, ми ги искинаа живците до последна минута.

Чекај бе, ова на неколку наврати го начекав тука, сериозни ли сте бе ? Не, ок, јасно дека изиграа една Мур-утакмица, даваш гол и чуваш резултат, без шанса за противникот, али сте ги гледале последните 3-4 натпревари Интер - Лацио на овој терен, башка да ги додадеме тука и сибирските услови за игра .

Интер - Лацио ти е ко Сиена - Јуве, Јуве - Сиена, разберете, така е у последни неколку години т.е. откако Лотито е тука, се делат бодчиња.
На крај краева, ај, Интер не изиграа добро ок, али па што изиграа Лацио по голот на Ето, сериозно, го видовте нивното залагање ? На крај, се бунеа кога Балотели минут време изведуваше слободен ? Бараа втор жолт за Мота по стартот на Коларов ( за слична работа Снајди со Аталанта доби втор жолт ) ?
 
Чекај бе, ова на неколку наврати го начекав тука, сериозни ли сте бе ? Не, ок, јасно дека изиграа една Мур-утакмица, даваш гол и чуваш резултат, без шанса за противникот, али сте ги гледале последните 3-4 натпревари Интер - Лацио на овој терен, башка да ги додадеме тука и сибирските услови за игра .

Интер - Лацио ти е ко Сиена - Јуве, Јуве - Сиена, разберете, така е у последни неколку години т.е. откако Лотито е тука.
На крај краева, ај, Интер не изиграа добро ок, али па што изиграа Лацио по голот на Ето, сериозно, го видовте нивното залагање ? На крај, се бунеа кога Балотели минут време изведуваше слободен ? Бараа втор жолт за Мота по стартот на Коларов ( за слична работа Снајди со Аталанта доби втор жолт ) ?
Ја веруем да имаше појше навивачи и гледачи ќе ги исфиркуваа, Лацио дрва беа и тоа можеше да се искористи за Мурињо да проба некоја напаѓачка тактика или да се реши натпреварот уште од почетокот, ама како да беа задоволни со 1-0 дома против едни од најголемите дрва во лигата. Али како што реков и тоа е способност, чување на резултат, и тоа не го може секој.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom