Да ја разгледаме ситуацијава на табелата .
Барса 4
Динамо Киев 3
Интер 2
Рубин Казан 1
Денес со победа Интер ке излезе пред Динамо Киев и евентуално пред Барса ако киксне/изгуби, што нема да се случи па табелата би била ваква
Барса 7
Интер 5
Динамо Киев 3
Рубин Казан 1
Е сега интересна ситуација, Интер потоа гостува во Киев каде не смее, повторувам, не смее да си дозволи пораз зашто потоа гостува кај Барса и во случај Динамо да победи со Рубин, тогаш Интер ке мора да брка победа на Ноу Камп што е доста тешка мисија и ситуација во која не смеат да се најдат .
Со нерешено реков, дури ни тогаш нема да бидам задоволен но во случај да имаат лоша претстава тогаш бар ке имаме една утешителна страна, нема да бидат условени за победа на Ноу Камп .
Но, дури и тогаш, доколку Интер изгуби на Ноу Камп а Динамо победи со Рубин, пак, во последно коло ке влезат со негатива од 1 бод позади Динамо Киев и ке мора да бркаат победа со Рубин во последното коло, а Динамо да не ја победи Барса, ако Динамо изгуби од Барса, тогаш и со нерешено со Рубин Интер ке оди понатаму поради подобриот меѓусебен дуел со дечките од Киев .
Така да најдобра можна ситуација се две победи против Динамо Киев, и дома и гости . Добро за Интер е што во наредни две кола игра на домашен терен со Катанија и Палермо, па можни се некои калкулации за одмор на одредени играчи, пред Се Маикон, Снајдер па и Мота со оглед дека не можеме да се потпреме на сигурна партија на Мунтари сезонава, поготово не во вакви клучни мечеви .
п.с. Ова се само можни ситуации, важен за Интер е и исходот од мечот во Казан на Динамо Киев, нормално, пак праам комбинации во кои исклучувам изненадување на двомечот Барса - Рубин и пораз на Интер во овој двомеч, минимум за Интер се 4те бода кои повторно ги сметам за неуспех но не и за трагедија, 6 е она што сите во моментов го очекуваме и бараме . Се на се, со минимум 4 бода освоени со Киев и пораз или нерешено на Динамо во Казан и Интер е веќе со една нога во 1/8 финале, истава ситуација а Интер е со максимум од двомечот со Динамо Киев и Интер се во 1/8 финале .