Интер понуди пред договор за Пандев
Горан Пандев уште денеска може да потпише тригодишен договор со Интер и да се врати во својот матичен клуб во Италија каде не му дадоа можност да се докаже во деновите кога нашиот најдобар фудбалер беше тинејџер и беше дел од младинскиот тим на "нероазурите". Но со тоа тој за да игра за шампионот на Италија ќе мора да чека една година. Клубот од Милано има понуда за преддоговор за Пандев, кој би бил активиран по 365 дена и во време кога нашиот најпознат фудбалер би немал никакви проблеми со проблематичниот Клаудио Лотито.
За преговори со Пандев, кој би го засилил нападот на Интер идното лето, дозвола дал и тренерот Жозе Мурињо, кој летово на "Џузепе Меаџа" ги доведе Диего Милито и Самуел Ето, но остана без Ибрахимовиќ и Круз.
Сепак, Интер е во втор план за Пандев и неговиот менаџерски тим. Утре можеби е еден од пресудните денови во драмата наречена "Горан Пандев" и неизвесноста околу тоа каде еден од најдобрите фудбалери на Лацио ќе ја продолжи кариерата. Пандев не е во преден план на новиот тренер кој на тест средбите му дава шанса на нашиот фудбалер со "втората" екипа. Лацио заминува за Пекинг каде се игра Супер купот на Италија против Интер. Неодењето за Кина ќе биде најава за заминувањето на Пандев од Лацио. Како второ се уште трае неизвесноста околу судбината на Трезеге. За Јувентус да влезе во сериозни преговори со Лацио за Пандев ќе мора да собере пари и да ослободи место со заминувањето на Французинот.
Вчерашното издание на римскиот весник "Лего" најавува дека до 1 август Пандев ќе замине во Јувентус за 12.000.000 евра со тоа што Трезеге ќе биде продаден на Милан или Олимпик Лион, а Лацио ќе се засили со холандскиот голгетер Ван Хаселинг од Селтик.
Такви приказни околу судбината на Пандев има барем по десетина во еден ден во различни медиуми низ Европа.
Од кај им е ова не знам
Зш нема никаде стрим за презентацијата на Ето?